Груби: ДУИ ја поздравува оставката на заменик министерот за здравство Муса

Апсолутен и бескомпромисен приоритет на ДУИ  е неслективната правда, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и владеењето на правото.

Затоа во името на партијата ја поздравувам денешната одлука на заменик министерот за здравство Асим Муса да се повлече од својата позиција, изјави денеска пред Парламентот секретарот на ДУИ, Артан Груби.

Партнерството со медиумите, како што рече, е најдобриот начин да го искорениме ова зло од нашето општество.

Одговарајќи на новинарско прашање дали му верува на заменик министерот за здравство дека е наместен и не е виновен, Груби рече дека тоа прашање веќе е апсолвирано. – Со самото негово повлекување, и за нас и за институциите веќе е решен тој случај и се надевам дека тој самиот ќе успее да ја тргне таа дамка од својата кариера, со понатамошниот тек на неговите активности, рече Груби.

– Нашата држава заслужи датум за отпочнување преговори со ЕУ. Направивме се што можевме и се што побара Брисел од нас. Комесарот Јоханес Хан во неговите твитови рече дека Македонија има направено уште повеќе отколку што бараше Брисел и затоа ги има исполнето апсолутно сите услови за отпочнување на преговори. Јас се надевам дека лидерите на земјите членки на ЕУ ќе се надминат себеси и ќе донеат државничка, визионерска одлука за целиот регион на Западен Балкан, затоа што во прашање не е само нашата држава, туку е целиот регион и нашата евроатлантска перспектива. Се надевам дека заради нивните внатрешни политички, партиски калкулации нема да донесат погрешна одлука и да го остават Западен Балкан повторно во чекалната на ЕУ, изјави Груби.

Прашан дали тоа може да влијае на датумот за избори и оти веќе премиерот како датум го најави октомври 2020, Груби рече дека во политиката ништо не е предвидливо и додаде оти „ништо неможе да се каже со сигурност дека ќе се случи утре".

– Да почекаме. Се надевам дека сите ќе се радуваме на датум. Сите се радуваме на членството во НАТО, се надевам дека ќе заврши до крајот на оваа година, најдоцна до март следната година поради околностите во Шпанија и во другите земји, но, сметам дека апсолутен приоритет засега треба да ни остане членството во НАТО и започнувањето преговори со ЕУ. Се друго е од второстепено значење, нагласи Груби. /МИА

Најпознатиот светски Јутјубер подарува 26 Тесли, една е посебна

Најпознатниот Јутубер на светот, MrBeast, објави дека по повод неговиот 26-ти роденден на своите следбеници им подарува 26 автомобили Tesla.

"Го славам мојот 26-ти роденден, па на моите следбеници им подарувам 26 Тесли! Лајкнете ја оваа објава и означете двајца пријатели во коментар за да учествувате. Следете ме за да ви испратам порака ако освоите Тесла. Победниците ќе да бидат објавени за седум дена. Споделете го ова на вашата приказна и помогнете им на вашите пријатели да освојат Тесла“, напишал тој.

На овој линк е објавен и документ со сите детални правила на надградувачот на MrBeast.

Потсетуваме дека Џејмс Стивен Доналдсон, попознат како MrBeast, е најследен Јутјубер денес со над 240 милиони следбеници на таа платформа. Во 2023 година, тој беше најуспешниот дигитален креатор, според Форбс. Неговата проценета бруто заработка е дури 82 милиони долари.

Аргентина парализирана: Генерален штрајк против реформите на Милеи (ВИДЕО)

Аргентинските работници денеска започнаа голем генерален штрајк против радикалните мерки за штедење и планираните реформи на новиот претседател Хавиер Милеи.

Откако повеќето големи синдикати се приклучија на протестите против владата на јужноамериканската земја, јавниот транспорт, секторот за преработка на жито, супермаркетите, аеродромите и банките се стопирани на 24 часа, објави Ројтерс.

Економистот и поранешен медиумски експерт Хавиер Милеи победи на изборите минатата година кога вети дека ќе ја реши економската криза, која растеше во текот на претходните влади, што доведе до троцифрена инфлација.

Мерките на претседателот за намалување на трошоците ги стабилизираа локалните пазари, но строгите политики на штедење им наштетија на реалните приходи на луѓето и ги подигнаа веќе високите нивоа на сиромаштија, што доведе до пад на економската активност на почетокот на годината, забележува Ројтерс.

Генералниот секретар на главниот синдикат ЦТА, Хуго Јаски, на социјалната мрежа „Х“ објави дека штрајкот е насочен против „влада од која имаат корист само богатите на сметка на народот, обезбедува природни ресурси и бара да ги елиминира работничките права“.

Владата го критикуваше штрајкот како неоправдан и наведе дека ќе влијае на луѓето кои сакаат да работат, а за време на протестите летовите ќе бидат суспендирани, пристаништата ќе бидат парализирани, банките ќе бидат затворени, а училиштата и универзитетите ќе работат на минимално ниво.

Почна судењето на негувателката, која уби бебе врзувајќи го за вреќа грав- негира вина

Воспитувачката во градинка, Кејт Роули (37) е обвинета дека предизвикала смрт на бебе кое го држела врзано за вреќа со грав повеќе од еден час во градинката каде што работела.

Кејт го пронашла деветмесечното бебе помодрено и онесвестено по попладневната дремка во градинка на 9 мај 2022 година, објави Би-Би-Си.

Го врзала бебето за вреќа со грав и цело време го игнорирала плачот и врескањето на бебето.

Судењето за убиството на бебето продолжи денеска, а негувателката Кејт изјавила дека не се чувствува виновна.

„Ја заспав на страна, немаше причина за грижа додека не сфатив дека не дише“, изјавила Кејт.

Потоа одговарајќи на прашањата на адвокатот објаснила за што не чувствува одговорност.

„Јас сум одговорна затоа што тоа се случи додека бев на смена, но мислам дека моите постапки не доведоа до смрт на бебето“, рече таа.

Негувателката потоа објаснила дека не мислела дека направила нешто незаконско.

„Го правев истото како и секој ден. Се однесував кон починатото бебе исто како што се однесував кон другите деца“, рекла таа.

Таа открила и дека не поминува ден, а да не размисли што се случило.

Кејт цело време негирала дека е виновна за убиство од небрежност, а судењето ќе продолжи во наредните денови.

притисни ентер