Груби: Денот на Ромите, ден на нашата граѓанска свест - Канал 5

Груби: Денот на Ромите, ден на нашата граѓанска свест

Чест ми е што денес, по повод 8 април, Денот на ромската заедница, им се обраќам на граѓаните воопшто и на ромската заедница особено.

Груби: Денот на Ромите, ден на нашата граѓанска свест

Денес, првиот Вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби заедно со премиерот Зоран Заев учествуваше на средбата со претставници на ромската заедница по повод 8 април, Меѓународниот ден на ромската заедница.

„Чест ми е што денес, по повод 8 април, Денот на ромската заедница, им се обраќам на граѓаните воопшто и на ромската заедница особено, посакувајќи им среќен празник и информирајќи ги дека процесот на нивна интеграција во општеството продолжува со висок интензитет и нема да запре со тоа. Ова е знак дека без оглед на составот, програмите, различните идеологии, фокусот и интересот остануваат непроменети, па дури и волјата и ентузијазмот остануваат во целосен и постојан капацитет и се посветени на исполнување на препораките, критериумите и обврските што произлегуваат од ратификуваната универзална Декларација и Договор за нашата стратешка определба за полноправно членство во Европската Унија“, рече Груби.

Според него, целите за еднакви права и достоинствен живот се пред се желба да се изгради инклузивно општество и сo искрено верување дека ова е заедничкиот пат кон Европската Унија.

„Се разбира, министерството е институционален дом за целата заедница и ние се обидуваме да се посветиме за општо добро, и во овој случај, за доброто на граѓаните на ромската заедница. Но, во исто време, законите, правилата, принципите на недискриминација, вклученост и пристап зависи од човечкиот фактор, од изградената свест и чувството на одговорност. Неопходно е да се разберат ефектите на законските одредби, особено на теренот, каде целата грубост на недоволното вклучување го оневозможува граѓаните да уживаат во своите права, но и да ги исполнуваат своите обврски. Овие аспирации за еднакви права и достоинствен живот се пред се желба да се изгради инклузивно општество во Република Македонија и сo искрено верување дека ова е заеднички пат кон Европската Унија, како определба за култивирање на општество, без социјални, етнички, национални, верски и културни разлики“, рече Груби.

Меѓу другото, Груби исто така информираше за Владината програма и Стратегијата за ромската заедница што се подготвува и спроведува секоја година.

„Секоја година, Владата подготвува Програма за распределување на средства од Буџетот за поддршка на спроведувањето на Деценија и Стратегијата за Ромите за општински и инфраструктурни проекти. Нивното политичко учество во донесувањето одлуки во врска со унапредувањето на нивната позиција е од особено значење бидејќи со овие обврски се постигнува изедначување на степенот на вклученост. Подготвени сме да ја исполниме нашата улога како министерство одговорни за заедниците во повеќе области во кои можеме да помогнеме, и тоа го истакнав за време на последната средба со претставници на граѓанското општество од ромската заедница, каде што истакнав дека ќе бидеме отворена врата за идната соработка со сите заедници во земјата, вклучително и ромите “, рече првиот Вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)

На двата танкери избувнале експлозии и голем пожар.

Експлозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)

Два танкери за нафта се запалија откако наидоа на подводни мини во јужниот дел од Ормускиот теснец во текот на ноќта, соопштија поморските сили на Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), велејќи дека бродовите се обиделе тајно да поминат низ неовластена рута.

ИРГЦ во соопштението наведува дека танкерите претходно ги исклучиле своите системи за навигација и автоматска идентификација на бродови во обид да го сокријат своето движење низ Ормускиот теснец.

Според Иранскиот корпус на револуционерна гарда, откако наидоа на морските мини, на двата танкери избувнаа експлозии и голем пожар.

Во соопштението се додава дека уште два танкери за нафта, кои исто така се обиделе да поминат низ неовластена рута, дејствувале по предупредувањата од центарот за контрола на поморскиот сообраќај на ИРГЦ и се вратиле кон Персискиот Залив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп повторно на нишан?

Израелската разузнавачка служба Мосад ги доставила информациите до Вашингтон откако ги потврдила на барање на американските разузнавачки служби.

Трамп повторно на нишан?

Израел им доставил на Соединетите Американски Држави разузнавачки информации за наводните планови на Техеран да го нападне американскиот претседател Доналд Трамп и високи функционери во неговата администрација со беспилотни летала, објави денес израелскиот весник Израел Хајомз.

Според весникот, израелската разузнавачка служба Мосад ги доставила информациите до Вашингтон откако ги потврдила на барање на американските разузнавачки служби.

Друга западна разузнавачка служба наводно ги потврдила информациите.

Службениците изјавија дека можноста за постигнување договор меѓу САД и Иран значително се намалила во последните денови и дека една од главните причини за ова се разузнавачките информации што Мосад ги доставил до американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

Според овие наводи, еден можен метод на напад би биле беспилотни летала наполнети со експлозиви, против кои, според службениците, тешко е да се дејствува со користење на стандардни безбедносни мерки. Откако Мосад доставил разузнавачки информации, американските функционери кои се сметаат за потенцијални цели на нападот значително ги намалиле своите појавувања на јавни настани на отворено, додека неколкумина биле привремено преместени од своите домови за да обезбедат објекти, според Израел Хајом.

Весникот, исто така, објавува дека се воведени посебни безбедносни мерки за време на јавните појавувања на претседателот Трамп.

Иако некои настани беа организирани на отворено пред среднорочните избори за Конгресот, ваквите собири сега се значително намалени, според официјални лица.

Се додава дека се воведени дополнителни безбедносни мерки за време на настаните на кои присуствуваше американскиот претседател, вклучително и специјални системи дизајнирани да ги неутрализираат заканите од беспилотни летала.

Меѓу официјалните лица за кои се вели дека се под посебни мерки за заштита се секретарот за финансии Скот Бесант, кој одигра клучна улога во донесувањето одлуки за економски санкции против Иран, и државниот секретар Марко Рубио, кој, според весникот, се спротивставил на постигнувањето договор со Техеран.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор Мацура

Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ, Бесими ја отворил темата на Влада а фирма на сватот на Ахмети зела 5 милиони евра кредит.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор Мацура

Случајот Алта Банка е доказ за начинот на владеење на СДС И ДУИ предводени од Ахмети и кланот Заеви.

Случајот Алта Банка е доказ и Дека државата и граѓаните на СДС и ДУИ не им биле важни а единствен интерес им биле бизнис шемите, нетранспарентните зделки, енормнто богатење на поединци преку ноќ како и провизиите и полнењето на сопствените џебови врз грбот на народот.

Нема голем скандал во Македонија а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај ДУИ и Али Ахмети. Фирмата на сватот на Ахмети добива 5 милиони евра кредит од Алта Банка Србија.

Сега на секој граѓанин му е јасно зошто поранешните функционери на ДУИ Фатмир Бесими, Бујар Османи и Артан Груби толку агресивно го туркаа влезот на „Алта банка“ во македонскиот финансиски сектор.

Контроверзниот српски тајкун Давор Мацура, кој сега е во притвор во Србија, ја презел контролата врз Стопанска банка Битола подоцна преименувана во Алта банка Македонија купувајќи ги акциите директно од семејната компанија на сватот на Али Ахмети.

Во октомври 2024 година, кичевската компанија „АС Сењак“ на Селаудин Арифи, сватот на Али Ахмети, нагло влегува во банкарскиот бизнис и купува значаен пакет акции во Стопанска банка Битола. Во јуни 2025 година, нивната поврзана фирма ги зема петте милиони евра кредит од „Алта банка“ во Белград.

И само три месеци подоцна, на 17 септември 2025 година, во финалниот чин, компанијата „АС Сењак“ на сватот на Ахмети официјално му ги продава своите акции во битолската банка токму на Давор Мацура и неговата „Алта банка“, со што му овозможува директно преземање на банката во Македонија.

Во јуни, семејната бизнис-мрежа на Ахмети зема 5 милиони евра кредит од Мацура од Белград. За во септември, сватот на Ахмети преку „АС Сењак“ му ги продава акциите на истиот тој Мацура за да влезе во „Алта банка Македонија“ и инкасира милиони.

Дали кредитот од 5 милиони евра и купувањето на акциите биле меѓусебно поврзани?

Дали преку кредитирањето на фирма од бизнис-кругот на Ахмети, Мацура индиректно го финансирал сопственото влегување на македонскиот пазар?

Колку чинеле акциите и колкава финансиска добивка остварил продавачот?

Филипче и СДС да престанат да сеат магла во јавноста и да кажат дали на 24 октомври 2023 година, кога Бесими ја отворил темата за Алта банка на владина седница, знаеле за деловните релации со компанијата на сватот на Ахмети?

Дали тогаш СДС и ДУИ имале сознанија за потеклото на капиталот на банката и евентуални сомнежи?

Зошто молчеле за деловната соработка меѓу круговите на ДУИ, Давор Мацура и Алта банка?

Нема недопирливи! Секој сомнеж мора да биде проверен, а секоја утврдена незаконитост да биде санкционирана.

ВМРО-ДПМНЕ бара транспарентност, институционална одговорност и целосно расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер