3Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
ФормулаГрожан објави вознемирувачки фотографии од рацете по месец и пол од страшната несреќа Поранешниот возач на Формула 1, Ромен Грожан објави нови фотографии од неговите раце по страшната несреќа на ГП на Бахреин на 29-ти ноември.Да потсетиме, на трката во Бахреин тој се заби во оградата. Автомобилот на Хас веднаш се запали и прелета низ оградата, Грожан брзо, навидум без поголеми повреди, успеа да излезе од запалениот автомобил без една патика. По несреќата бил задржан во болница три дена поради изгореници, а заздравувањето продолжило во неговиот дом во Швајцарија. Од таа причина, тој не ја возеше последната трка во сезоната во Абу Даби. Првите фотографии од рацете ги објави по несреќата пред три недели, а сега ги извадил завоите. Dressing fully off and Petrus happy!!! 🥰🥰🥰 pic.twitter.com/0Ab3r2fcW1 — Romain Grosjean (@RGrosjean) January 12, 2021 Неговиот тим Хас Ферари веќе одлучи дека нема да ги продолжи договорите со него и клупскиот колега Кевин Магнусен. На нивните места се донесени новодојденците Мик Шумахер и Никита Мазепин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
СветТатко и син спасени во Венецуела четири дена по земјотресотЧетири дена откако разорните земјотреси ја погодија Венецуела, спасувачите извлекоа татко и син од урнатините во државата Ла Гваира, давајќи нова надеж во потрагата по преживеани и покрај фактот дека поминаа повеќе од 72 часа од катастрофата. Тие беа изнесени на импровизирани носилки, видливо исцрпени и носејќи заштитни маски, објави Ројтерс. Ла Гваира е најтешко погодената област по земјотресите во средата, во кои загинаа најмалку 1.450 луѓе, а илјадници се водат како исчезнати, пренесе Танјуг. Спасувањето на таткото и синот следеше по 12-часовна сложена операција за време на која тимовите користеа специјализирани камери за пребарување. Операцијата за спасување ја водат членови на француската цивилна заштита и американски тим за пребарување и спасување од округот Ферфакс, Вирџинија, кои еден ден претходно извлекоа мајка и нејзиното деветмесечно бебе од урнатините. Член на француската цивилна заштита изјави дека и таткото и синот биле многу слаби, откако поминале четири дена под урнатините. Најмалку 33 лица беа спасени во текот на викендот, но десетици илјади сè уште се водат како исчезнати. Експертите предупредуваат дека 72 часа по земјотресот, шансите да се пронајдат живи луѓе под урнатините нагло се намалуваат.Тагови: Венецуела земјотреси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветОдржан прв состанок за контролата врз Ормускиот Теснец Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, денеска изјави дека Иран и Оман во Мускат го одржале првиот состанок на заедничкиот комитет посветен на Ормускиот Теснец.Тој на мрежата X изјави дека двете страни размениле мислења за суверените права на крајбрежните држави од Персискиот Залив, како и за идното управување со Ормутскиот теснец, објави Ројтерс. Според него, разговорите се водат во рамките на привремениот договор потпишан овој месец од Техеран и Вашингтон.Тагови: Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБудрис: Литванија направи отстапки за влез во ЕУМинистерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски на работна средба со министерот за надворешни работи Литванија Кестутис Будрис.Во фокусот на разговорите беше членството Европската унија. Литванскиот министер посочи дека Литванија направила големи отстапки за добивање статус земја членка на Европската унија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09