Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
2Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
МакедонијаГрозданов: Ќе се бориме до крај до излекување на секоја лузна и до враќање во функција на секое дете и негово интегрирање во општествотоГрадоначалникот, кој како лекар, но и родител на поврдено дете, бил сведок на случувањата во кочанската, во штипската, и во скопските болници, сведочи за големата координираност на институциите и посветеноста на лекарите и целиот медицински персонал.Во животот ќе правиме се што треба. Повторно ќе ги отвориме сите врати на светските и нашите центри и ќе сме во координација со сите институции. Ги охрабрувам младите деца, повредените, дека нема да застанеме тука, оттука почнуваме и ќе се бориме до крај, до излекување на секоја лузна и до враќање во функција на секое дете и негово интегрирање во општеството. Тоа го имам дадено не како гаранција, туку како заклетва, рече денеска градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов на панелот „Од искуство до решенија улогата на заедницата институциите и научените лекции“ што се одржа денеска во Скопје во рамките на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“. Градоначалникот, кој како лекар, но и родител на поврдено дете, бил сведок на случувањата во кочанската, во штипската, но и во скопските болници, сведочи за големата координираност на институциите и посветеноста на лекарите и целиот медицински персонал. Моментот кога државата го активирала црвениот аларм на Европската Унија, според него, бил спасоносен. - И кога гледав како постојано доаѓаа возилата и се чудев, викам дали нашава држава веќе го има капацитетот и дали воопшто имаме толку апарати за механичка вентилација, како што постојано доаѓаа повредени деца, кои со сопствени возила, кои со болнички возилa. Тие неколку часа, од 6 часот до 8-9 часот, додека не се донесе одлуката дека ќе се распоредуваат по странски држави, дека странски држави ги отвориле своите болници за нашите деца, тие три часа не знаев што повеќе да помислам. Немаше каква повеќе мисла не ми прелета преку глава дека едноставно со оваа бројка што доаѓа кон Скопје, како ќе се справи државата. Кога ја објавија веста дека е активиран црвениот аларм на Европската Унија, кога ја објавија веста дека се отворени светските центри за прифаќање на децата, како да ми се раздени, рече Грозданов. Гледајќи ја неговата ќерка изврзана со завои бил свесен за нејзината состојба и за нивото на изгореници. Според него, благословена била одлуката да нема суета, да нема борба, дека ние ќе се справиме со децата и да се побара помош, бидејќи, како што рече, нема држава која може сама да се справи со таква трагедија. - Оваа катастрофа за едно место како што е Кочани е од непроценливи размери. Откога се упативме по светските центри, ние бевме меѓу првите, најверојатно дека стануваше збор за една од поповредните. И кога отидовме во болница каде што се лекувавме, немам зборови како да им се заблагодарувам на лекарите кои со денови и ноќи работа без вода, без храна, без да помислат на било каков момент да се откажат од борбата до последен здив, само за да ги спасат децата, рече Грозданов упатувајќи благодарност од името на Кочани до сите кои беа вклучени во процесот. Смета дека доколку не бил тој механизам бројот на жртви ќе бил двојно поголем. - Ние како институција ќе правиме се што може да ги запазиме протоколите, да даваме максимална поддршка, да сме еден ланец или една карика помеѓу централната и локалната власт и да направиме се што можеме за да м излеземе во пресрет на родителите на починатите во сите можни сегменти, да ги испочитуваме нивните барања. Во делот на повредените да ги искористиме сите механизми, да најдеме конечно решение за овие деца да бидат психички јаки, кога ќе се погледнат во огледало и кога ќе кажат дека нивните лузни се заздравени или се истретирани како што треба, нагласи Грозданов. Доктор Маја Аргирова од болницата „Пирогов“ во Бугарија, каде се лекуваа девет пациенти со изгореници од пожарот во Кочани, вели дека интервенциите требало да се реализираат во специјализирани центри како нивниот со мултидисциплинарен тим и третман со строго одреден протокол. Според неа, многу е важно прецизно утврдување на состојбата на самото место на почетокот на лекувањето, вештачко дишење и следењето во текот на првите 24 и 48 часа. - Многу е важна контролата на инфекцијата, како и критичните хируршки зафати. Тоа се тие фактори кои што ги дефинираат прогнозата и долгорочните резултати. Сите барања во врска со потребите на пациентите беа исполнети на лице место, колегите работеа напорно и дојде до една многу прецизна проценка и во поглед на потребата од критична хируршка интервенција, рече Аргирова. Откако била стабилизирана состојбата на пациентите, рече дека веднаш почнале со рани хируршки интервенции и оти имале многу тешка работа. - Требаше да се извршат интервенции во неколку фази, што ја усложнуваа операцијата. Сите беа во критична состојба, со искучок на еден и беа интубирани. Тоа бараше многу внимателна проценка за потребата од хируршки прецизни зафати. Невозможно е да се лекуваат вакви пациенти без современи средства за локално лекување, подвлече Аргирова. Болницата, додаде, располага со сите потребни системи и заменски елементи на кожа. Успешно завршиле со операциите, а паралелно одела и нивната психолошка рехабилитација, која е многу важна за пациентите, но и за нивните семејства. - Дополнителната поддршка одеше истовремено со лекувањето, што е многу важно не само за пациентите од аспект на психолошка поддршка, туку им помагавме и на семејствата кои што се во близина на болниците, по цел ден и цела ноќ, страдаа за своите деца. И мислам дека успеавме ова да го спроведеме на добар начин, рече Аргирова. Пред еден месец почнале и со деконструкцијата и смета дека главната улога во целиот процес ја имал медицинскиот тим на местото на несреќата, кој завршил најголем дел од работата. Брзата реакција на здравствениот систем и добрата координација меѓу итната медицинска помош и болниците во источниот регион биле клучни за згрижувањето на повредените по пожарот во дискотеката „Пулс“ смета и директорката на Општата болница Кочани, Катерина Мирчовска. На панелот „Мултидисциплинарен пристап, рехабилитација и опоравување“, Мирчовска рече дека трагедијата претставувала најтежок удар за кочанската болница, затоа што таму прво биле донесени најголемиот број од повредените. – Не очекувате во една пријатна саботна вечер дека ќе се случи најголемиот трагичен настан во поновата историја на Македонија, никој не го очекуваше тоа. Добивме повик од тогашната директорка на ОБ Кочани дека има пожар во дискотеката „Пулс“ и дека сите треба да се јавиме на работа, знаевме дека нешто лошо се има случено, но не во овие размери. Ги проверувавме сите кои што беа донесени и ги одвојувавме живите каде што можевме да помагаме. Најголем удар имаше кочанската болница, бидејќи ги видовме сите кои што дојдоа. Се прашувате како да им пружите помош на сите, да спасите што повеќе животи. Но, брзата реакција на системот, со брзо алармирање на сите капацитети на здравствениот систем, особено во источниот регион, ги имавме сите возила на итната медицинска помош од сите околни градови на Истокот. Да ја немавме таа соработка веројатно бројката на жртви ќе беше многу поголема. Тоа беше олеснување, кога ќе ги видите медицинските екипи спремни на влезот и ја чекаат вашата тријажа и ги чекаат првите пациенти кои што треба да се транспортираат. Сите пациенти кои што беа првично испратени, беа веќе со преврски и беа првично тријажирани, рече Мирчовска. Таа посочи дека по првичниот транспорт на најтешко повредените кон повисоките здравствени установи, кочанската болница и во следните денови останала под силен притисок поради нов бран пациенти со повреди на дишните патишта и инхалаторни проблеми. Според неа, по лекувањето во странство, најголем дел од пациентите се вратиле во Кочани, по што болницата го приспособила работењето на нивните конкретни потреби. – Голем дел од нив завршија во соседните или европските земји на третман. После лекувањето надвор од земјата, најголем дел од нив се вратија во местото на живеење, односно повторно во кочанската болница. Вие мора да се прилагодите на нивните потреби, едни беа нашите капацитети, а други беа нивните потреби. Го избравме второто, да се прилагодиме на нивните потреби, рече Мирчовска.Тагови: Грозданов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаИсториски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“. They did it! SpaceX has just caught their Starship rocket for the first time ever, marking the first recovery of a conventional orbital rocket upper stage in history! This is one of the greatest engineering achievements in history. Congrats to the entire @SpaceX team! 🚀 https://t.co/9KAzAcd3e8 — Sawyer Merritt (@SawyerMerritt) November 14, 2026 Успех во сенка на неуспехот Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот. Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“. „SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот. НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс. Извор: Индекс.хрТагови: SpaceX Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаПолета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата. Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час. Тагови: електричен авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook