Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари - Канал 5

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари

„Денес стоиме овде со тешки, но благодарни срца“, рече градоначалникот на општина Кочани, Владко Грозданов

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари

Кочани денеска се заблагодари на лекарите, медицински тимови од земјата и странство, волонтери, хумани луѓе, амбасадите во земјата, државните институции и на министерствата кои учествуваа во спасување и хоспитализација на повредните во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, кој се случи пред една година. Градоначалникот на општина Кочани, Владко Грозданов во емотивниот говор на денешниот централен настан во рамките на одбележување на годишнатата од трагедијата во Кочани, во кој згаснаа 63 животи, а 193 млади луѓе беа повредени -„Кочани ви благодари“, рече дека „денес стоиме овде со тешки, но благодарни срца“.

-Стоиме со спомените на една ноќ што засекогаш ќе остане врежана во колективната меморија на Кочани. Ноќ во која болката го погоди нашиот град со сила што никој неможеше да ја замисли. Пожарот во „Пулс“ не беше само трагедија. Тој беше судир со најтешките човечки страдања. Во тие часови на ужас, нашите деца, нашите млади, се најдоа лице в лице со огнот и чадот. Лице в лице со страдањето се најдоа и оние кои се заколнале дека ќе го чуваат животот: лекарите, медицинските сестри, техничарите, болничарите, хуманите луѓе. Многумина од вас што сте денес тука, ги видовте раните од блиску... едноставно со еден збор – повеќе од хорор - рече Грозданов.

Tокму во тие најтешки моменти, според Грозданов, се случи нешто штo ние, во Кочани никогаш нема да го заборавиме.

-Ние не останавме сами! Од сите страни пристигна помош. Болниците во државата и во многу други држави ги отворија своите врати. Доктори и медицински тимови се ставија на располагање без двоумење. Амбулантни возила, полициски возила, армиски возила, хеликоптери, авиони појдоа кон непознати дестинации, носејќи ги нашите деца кон спас, кон нова надеж- вели Грозданов.

Градоначалникот на Кочани, Грозданов истакна дека болниците, клиниките во земјава, соседството и низ Европа ја презедоа битката за спас на повредените, а за нивните повреди како што рече „знаеме дека тие повреди се новитет и во науката“. Тој додаде дека Кочани никогаш нема ги заборави редицата на луѓе кои даруваа крв за повредните, како и на редицата од луѓе кои носеа храна, вода, намирници и ги нудеа своите домови за семејствата на повредните млади луѓе.

-И затоа, денес, од името на граѓаните на Кочани, од името на родителите и на семејствата, од името на младите кои денес повторно учат да живеат – ви велиме едно големо, длабоко и искрено: Ви благодариме! Благодариме за вашата храброст. Благодариме за вашата пожртвуваност. Благодариме за секој час поминат покрај болничките кревети. Благодариме за секој спасен здив. Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната. Кочани ви благодари- подвлече во својот говор градоначалникот на Кочани Грозданов.

Благодарници од Општина Кочани добија 36 болници од странство, амбасади, државни институции и министерства. Претставникот од болницата „Пиригов“ од Република Бугарија го врачи и клучот од болницата на градоначалникот на Кочани, во знак на пријателство и солидарност. На централниот настан „Кочани ви благодари“ присуствуваа министерите за внатрешни работи, правда, здравство, Панче Тошковски, Игор Филков и Азир Алиу како и претставници на останите министерства кои на 16 и 17 март беа вклучени во транспортот на повредните и згрижување на семејствата на повредните.

Во рамките на манифестацијата „Кочани ви благодари“ имаше музичко-сценски настап на познатиите светски реномирани музичари, Симон Трпечевски и Игор Дурловски, Зарина Парсевда.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“.

Успех во сенка на неуспехот

Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот.

Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“.

„SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот.

НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер