Студентарија реагира: Повторно стотици студенти неосновано го изгубија правото на субвенциониран студентски оброк
2Студентарија реагира: Повторно стотици студенти неосновано го изгубија правото на субвенциониран студентски оброк
Данската фудбалска федерација се огласи за Ериксен: Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот
1Данската фудбалска федерација се огласи за Ериксен: Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот
СветГроси: Воената ескалација го попречува дијалогот со Иран за нуклеарната програмаГенералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги повика Израел и Иран на максимална воздржаност и изрази жалење што продолжените судири меѓу двете земји го попречуваат дипломатскиот напредок со Техеран.Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги повика Израел и Иран на максимална воздржаност и изрази жалење што продолжените судири меѓу двете земји го попречуваат дипломатскиот напредок со Техеран, јави ДПА. На вонредна седница на Управниот одбор на агенцијата со седиште во Виена, Гроси изјави дека „воената ескалација ги загрозува животите на многу луѓе, ја зголемува опасноста од радијациско истекување со сериозни последици за луѓето и животната средина и ја забавува неопходната работа на дипломатско решение за долгорочни гаранции дека Иран нема да развие нуклеарно оружје“. Гроси соопшти дека иранскиот објект за збогатување ураниум во Натанц бил значително оштетен при израелски воздушни напади во петокот. Иако подземниот дел на постројката не бил директно цел на нападот, прекините на електричната енергија можеби предизвикале оштетувања на опремата. Тој истакна дека потенцијалното радијациско загадување на локацијата е опасно, но контролирано со соодветна респираторна заштита. - Нивото на радиоактивност надвор од објектот во Натанц останува непроменето и е во рамки на нормалата, што значи дека нема радијациско влијание врз населението или животната средина, рече Гроси. Освен Натанц, според него, биле погодени и четири други нуклеарни објекти во Исфахан. Нема информации за оштетувања во постројката за збогатување ураниум во Фордо, ниту во нуклеарната централа во Бушер или во електраната што е во изградба. Генералниот директор потврди дека инспекторите на МААЕ остануваат во Иран и се подготвени веднаш да ја продолжат својата работа штом тоа го дозволат условите. Според најновиот извештај на МААЕ, иранските залихи на ураниум што може да се искористат за нуклеарно оружје значително се зголемени. Техеран и понатаму негира какви било намери за развој на нуклеарно оружје. Тагови: Израел Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизВидео: Мадона речиси падна на забава во ЊујоркСветската музичка ѕвезда Мадона одржа неочекуван концерт на Тајмс Сквер во Њујорк по повод промоцијата на нејзиниот нов албум „Confessions II“ .Настапот на 67 годишната пејачка на Тајмс Сквер во Њујорк беше организиран по повод промоцијата на нејзиниот нов албум „Confessions II“, како и почетокот на Месецот на гордоста. View this post on Instagram A post shared by John pascarella (@jpasc24) Поп-кралицата помина околу 15 минути на сцената, а публиката можеше да ги чуе хитовите „Hung Up“ и „I Love New York“. Иако настапот беше краток, тој вклучуваше танчери, диџеј и ротирачка сцена, што привлече големо внимание од минувачите и обожавателите. Сепак, освен самиот концерт, големо внимание на социјалните мрежи привлекоа и снимките што почнаа да кружат на интернет. На нив се гледа како Мадона стои покрај оградата на сцената за време на настапот, се држи за неа и неконтролирано ја тресе, по што ја фрла ногата преку неа. Многу корисници на социјалните мрежи коментираа дека во еден момент се загрижеле дека Мадона може да ја изгуби рамнотежата и да падне пред публиката. Некои изјавија дека ситуацијата изгледала непријатна, додека други верувале дека тоа е дел од настапот и сценската кореографија. View this post on Instagram A post shared by John pascarella (@jpasc24) „Боже, не ѝ доликува повеќе да ги шири нозете вака“, „Мислев дека ќе падне“, „Сè уште се ниша, можеби не танцува како порано, но сепак е Мадона!“, гласеа некои од коментарите на видеото.Тагови: Мадона Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
ЗабаваВидео: Северина на баскет во елегентен фустан и екстравагатни потпетици?Балканската музичка ѕвезда Северина играше баскет во гламурозна облека, нејзините необични сандали го привлекоа вниманието.Во пресрет на концертот во Макарска, популарната Севе го привлече внимание со необично модно издание и уште понеобична локација за фотосесија. Пејачката позираше на кошаркарскиот терен во Сплит во гламурозен фустан и високи потпетици, додека игра баскет. Во видеото погледнете како изгледаше оваа необична комбинација од спорт и мода во видеото подолу. View this post on Instagram A post shared by Severina (@severina) Тагови: Северина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаГерасимовски: Награди и признанија за првенците на генерацијаНагради и признанија за првенците на генерација, по 20.000 денари за најуспешните ученици од Општина Центар.Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им додели пофалници и парични награди во износ од 20.000 денари на првенците на генерацијата од сите осум општински училишта. Вкупно се издвоени 160.000 денари за најуспешните ученици. Наградените ученици во текот на своето деветгодишно образование покажале континуиран одличен успех, освоиле бројни признанија на државни и меѓународни натпревари и активно учествувале во вонучилишни активности, достојно претставувајќи ги своите училишта и Општина Центар. „Ова е личен успех за вас, но и за вашите наставници, родители и за сите нас како локална самоуправа. Ви посакувам многу успеси во натамошното школување и да се изградите во професионални личности. На општината и државата ѝ се потребни квалитетни млади луѓе кои ќе останат тука, ќе вложуваат и ќе придонесуваат за подобра иднина“, истакна Герасимовски. Тој посочи дека Општина Центар континуирано ги наградува и мотивира талентираните ученици за вложениот труд, знаење и посветеност, со цел да им даде силна поддршка за нивното образовно и лично усовршување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook