СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
3ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
СветГроси: Во светот може да има до 20 до 25 нуклеарно вооружени државиШефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, предупреди дека во светот може да има до 25 земји со нуклеарно оружје.„Без да сакам да ширам паника“, изјави Гроси за италијанскиот весник „Ла Република“ во статија објавена денеска, ризикот од нуклеарен конфликт е поголем денес отколку во минатото. Гроси посочи дека во одреден момент 20 до 25 земји би можеле да имаат нуклеарно оружје, иако не прецизираше временска рамка. Во моментов има девет нуклеарни сили, според неколку експерти. „Процесот на разоружување или контролирано намалување на нуклеарните арсенали е запрен“, рече шефот на МААЕ. „Оние кои поседуваат нуклеарно оружје произведуваат сè повеќе и повеќе од него, вклучително и Кина.“ Тој, исто така, забележа дека за тактичките нуклеарни напади се зборува сè почесто, што го опиша како загрижувачко. Гроси рече дека е загрижен што лидерите на неколку земји ја објавија својата намера да се здобијат со нуклеарно оружје. Запрашан да ги именува вклучените земји, Гроси рече: „Како директор на МААЕ, не можам да кажам. Тие се важни земји во Азија, Мала Азија и Персискиот Залив. Свет со 20 до 25 нуклеарно вооружени држави е непредвидлив и опасен.“ Деветте нуклеарно вооружени држави ги вклучуваат петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН - САД, Русија, Обединетото Кралство, Франција и Кина - како и Индија, Пакистан, Северна Кореја и Израел, според извештајот на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI) и информациите од Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (ICAN). Заедно, се проценува дека поседуваат приближно 12.000 нуклеарно оружје, од кои Русија и САД имаат околу 10.700. Тагови: вооружени Гроси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЉупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕПратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман. „Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов. Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометВо сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- АлкалоидВо сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито. Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20