СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
3ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
СветГроси: Преговорите меѓу САД и Иран се можни уште овој викенд во ИсламабадГенералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денес изјави дека преговорите меѓу САД и Иран би можеле да се одржат уште овој викенд во Исламабад.Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денес изјави дека преговорите меѓу САД и Иран би можеле да се одржат уште овој викенд во Исламабад, со проширена агенда која, покрај нуклеарната програма, вклучува и ракети, регионални сојузници на Техеран и безбедносни гаранции. Според „Кориере дела Сера“, Гроси оценил дека постои нова динамика во дипломатските напори меѓу Вашингтон и Техеран, по недели судири кои, како што изјавил, имале сериозни последици за иранската инфраструктура. Според него, овој пат на маса ќе бидат и иранската ракетна програма, улогата на сојузничките движења на Исламската Република, како и безбедносните гаранции за Иран. Коментирајќи ја изјавата на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп дека иранските власти се согласиле да не развиваат нуклеарно оружје, Гроси изјавил дека не учествувал во овие разговори, но дека „се чини дека постои меѓусебно разбирање за клучните теми“. Зборувајќи за претходните контакти во Женева, Гроси истакна дека делегациите во тој момент не биле блиску до постигнување договор, и покрај она што го оцени како „одлично посредништво“ од страна на министерот за надворешни работи на Оман. Тој нагласи дека три недели војна ги промениле околностите и дека новите преговори би можеле да бидат „пофокусирани и поконкретни“, со можност за барање целосно прекинување на збогатувањето на ураниумот. „Можеме да замислиме сценарио во кое Американците би барале нула збогатување“, рече Гроси, истакнувајќи дека Иран, од друга страна, инсистира на своето право да развива цивилна нуклеарна програма. Сепак, тој оцени дека е можен компромис, како што е привремено прекинување, со можност за повторно разгледување на прашањето за пет или десет години. Тој нагласи дека дипломатското решение е единствениот одржлив пат. „Мирот е првата цел. Привремен договор што би обезбедил стабилност и предвидливост е можен, но за тоа е неопходен дијалог“, рече Гроси. Зборувајќи за улогата на МААЕ, тој рече дека сите инспектори во моментов го напуштиле Иран поради војната, но дека агенцијата е подготвена да се врати и да продолжи со мониторингот. „Агенцијата е непристрасен и мирољубив актер“, нагласи Гроси, додавајќи дека одлуката за евентуално учество на состанокот во Исламабад ќе биде донесена подоцна. Зборувајќи за последиците од бомбардирањето, Гроси рече дека е нанесена одредена штета на иранските нуклеарни постројки, но „ништо критично“, нагласувајќи дека нуклеарните капацитети на Иран остануваат недопрени. Тој предупреди дека Иран сè уште има значителни количини збогатен ураниум, вклучувајќи околу 400 килограми материјал збогатен до 60 проценти, ниво блиску до воено ниво. „Ова е загрижувачки развој на настаните, бидејќи ниедна земја без нуклеарно оружје не збогатува ураниум до тоа ниво“, рече Гроси, додавајќи дека овој материјал може да се премести или разреди. Запрашан за разликите со договорот од администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама, кој подоцна беше отфрлен од Трамп, Гроси рече дека ситуацијата „целосно се променила“, со значителен напредок постигнат во нуклеарната програма на Иран. Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран наутро на 28 февруари во она што се сметаше за „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди разговори за нуклеарната програма на Иран. Потоа Иран започна масовни одмазднички напади врз Израел и цели поврзани со САД низ Блискиот Исток.Тагови: Гроси САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЉупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕПратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман. „Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов. Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометВо сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- АлкалоидВо сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито. Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20