3Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
МакедонијаГРОМ најостро се спротивставува на заложбата на премиерот и гувернерот на Народната банка за укинување на вториот пензиски фонд ГРОМ најостро се спротивставува на заложбата на премиерот и гувернерот на Народната банка за укинување на вториот пензиски фонд и префрлање на парите од истиот во првиот пензиски фонд.Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ најостро се спротивставува на заложбата на премиерот и гувернерот на Народната банка за укинување на вториот пензиски фонд и префрлање на парите од истиот во првиот пензиски фонд. Откако премиерот Мицкоски се задолжи една милијарда во Унгарија и непродуктивно ја потроши за правење тротоари и плоштади, полека, но сигурно, се исцрпуваат можностите за фрлање лопати и сечење ленти. Лопаташтвото е единствената негова политика, па затоа сега му треба нова милијарда, не водејќи сметка за најстратешкиот и еден од најважните системи во државата, покрај безбедносниот и здравствениот, а тоа е пензискиот систем. Да потсетиме, оваа реформа и формирањето на вториот пензиски фонд се направени како резултат на долгогодишна анализа на ММФ и Светската банка. Истите анализи покажуваа дека ако не се реформираме, за 30 години ќе треба целиот државен буџет да го даваме за пензии или, пак, драстично да се намалат истите. Првиот пензиски столб е генерациски. Тоа значи дека од вашите придонеси се исплаќа пензијата на вашите родители, а со придонесот уплатен од вашиот син или ќерка ќе се исплаќа вашата пензија. Во случај на смрт на осигуреникот во првиот пензиски фонд, парите се губат, а во вториот тие му припаѓаат на семејството и истите средства се зголемени со капитализирана камата. Во првиот пензиски систем нема камата на средствата. Славески и Мицкоски овие пари не смеат да ги пипнат, бидејќи тие се приватна сопственост. Тоа е исто како да посегнете по штедните влогови на граѓаните во комерцијалните банки. За да дојдеме до ова дереџе, вината е исклучиво и само исклучиво кај раководствата на ВМРО-ДПМНЕ. Прашуваме: откако е воведен вториот пензиски фонд, на 01.01.2006 година, колку пати ВМРО-ДПМНЕ направи законски измени со кои сè повеќе и повеќе се зголемуваше дефицитот во истиот, само и само популистички да им се додвори пред избори на одредени целни групи? Па така, првиот удар е нанесен кога ставката на придонес за ПИОМ од 23% е намалена на 18,8%. Тоа значи годишно 4,2% помалку приходи во фондот. Колку пати ВМРО-ДПМНЕ предизборно вметнуваше во фондот пензиски стечајци и технолошки вишоци, а за истите придонеси во фондот не беа уплатени? Кој дозволи полицајците да одат во пензија со најдобрите 10 години, а на сите останати осигуреници да им се зема просек од 40-годишното работење? Кој зголемуваше пензии предизборно надвор од законски пропишаната формула? И што сега? Одговорот е: олеле мајко, немаме пари. ГРОМ најостро се спротивставува на каква било интервенција во вториот пензиски столб, затоа што средствата што ќе ги земат ќе ги потрошат за две години, а потоа идните генерации нема да имаат ни третина од денешните пензии. Тоа значи дека ќе бидат социјални случаи. Ова јасно укажува дека ВМРО-ДПМНЕ цело време зборува за стратешки интерес, а со своето однесување го загрозува истиот. Ние тврдиме дека поголем стратешки интерес од стабилни пензии на долг рок не постои. Неодговорноста, популизмот и расипништвото се фабричка маана на владејачката партија. Секој нов ден поминат на власт со овие луѓе е ненадоместлива штета за иднината на нашите деца. Цениме доколку истото биде споделено со јавноста преку вашиот ценет медиум Центар за комуникации на ГРОМТагови: гром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
СветТатко и син спасени во Венецуела четири дена по земјотресотЧетири дена откако разорните земјотреси ја погодија Венецуела, спасувачите извлекоа татко и син од урнатините во државата Ла Гваира, давајќи нова надеж во потрагата по преживеани и покрај фактот дека поминаа повеќе од 72 часа од катастрофата. Тие беа изнесени на импровизирани носилки, видливо исцрпени и носејќи заштитни маски, објави Ројтерс. Ла Гваира е најтешко погодената област по земјотресите во средата, во кои загинаа најмалку 1.450 луѓе, а илјадници се водат како исчезнати, пренесе Танјуг. Спасувањето на таткото и синот следеше по 12-часовна сложена операција за време на која тимовите користеа специјализирани камери за пребарување. Операцијата за спасување ја водат членови на француската цивилна заштита и американски тим за пребарување и спасување од округот Ферфакс, Вирџинија, кои еден ден претходно извлекоа мајка и нејзиното деветмесечно бебе од урнатините. Член на француската цивилна заштита изјави дека и таткото и синот биле многу слаби, откако поминале четири дена под урнатините. Најмалку 33 лица беа спасени во текот на викендот, но десетици илјади сè уште се водат како исчезнати. Експертите предупредуваат дека 72 часа по земјотресот, шансите да се пронајдат живи луѓе под урнатините нагло се намалуваат.Тагови: Венецуела земјотреси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
СветОдржан прв состанок за контролата врз Ормускиот Теснец Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, денеска изјави дека Иран и Оман во Мускат го одржале првиот состанок на заедничкиот комитет посветен на Ормускиот Теснец.Тој на мрежата X изјави дека двете страни размениле мислења за суверените права на крајбрежните држави од Персискиот Залив, како и за идното управување со Ормутскиот теснец, објави Ројтерс. Според него, разговорите се водат во рамките на привремениот договор потпишан овој месец од Техеран и Вашингтон.Тагови: Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБудрис: Литванија направи отстапки за влез во ЕУМинистерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски на работна средба со министерот за надворешни работи Литванија Кестутис Будрис.Во фокусот на разговорите беше членството Европската унија. Литванскиот министер посочи дека Литванија направила големи отстапки за добивање статус земја членка на Европската унија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook