Гробари во Србија изедоа „мртовечки ковчег“, па се забавуваа до зори (ВИДЕО) - Канал 5

Гробари во Србија изедоа „мртовечки ковчег“, па се забавуваа до зори (ВИДЕО)

Синоќа во Петровац на Млава се одржа 12. „Гробаријада“ на која што годинава се собраа 280 работници вработени во погребални претпријатија во Србија и регионот.

Гробари во Србија изедоа „мртовечки ковчег“, па се забавуваа до зори (ВИДЕО)

Со два оркестри, храна и пијалоци, погребниците уживаа до доцна во ноќта. Специјално за оваа прилика, слаткарите направиле торта во форма на ковчег во природна големина, која гостите го изеле на свое задоволство.

- За многумина ова наше здружение не е баш најјасно, но мора да знаете дека работиме многу стресна работа. Се соочуваме со смрт и солзи секој ден, 365 дена во годината. Нема радост во нашата работа. Затоа решивме еднаш годишно да се собираме, да пееме и да уживаме во животот како сите други луѓе - вели Марко Ѓоковиќ, сопственик на погребално претпријатие во Прељина кај Чачак.

Тој на оваа забава дошол во придружба на сопругата Лидија, која ја води компанијата. Боите на Чачак на овој необичен собир ги „бранеше“ уште едно погребално друштво од Мрчајевац.

Собирот на овие необични гости започна со малку морбиден пречек на хостесите пред ресторанот, кои беа облечени во црно, како пародија на ужалените. Пред зградата гостите ги пречека плакат на кој пишуваше „Добре дојдовте Топаловиќи“.

Околу 280 вработени во компании од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Романија и Македонија цела ноќ свиреа и пееја со оркестарот „Свет грал“. За прославата да биде уште полуда, сечењето на тортата во облик на ковчег прободен со колец од глог беше придружено и со музика и секако постхумниот марш, во изведба на членовите на белградскиот дувачки погребен оркестар „Петруш“. Речиси сите гости за оваа пригода беа облечени во црно, боја која симболизира жалост.

- Гробаријадата се одржува 12 години, во корона годината беше прескокната, тогаш не се собравме. Сите сме врзани со работата, па дури и да сме од различни страни, сите тесно соработуваме, затоа сите со нетрпение го очекуваме следниот собир. Во нашата работа има смешни ситуации, па ова е прилика заедно да ги прераскажеме тие анегдоти. Смеата често е единствениот лек за сцените што ги гледате секој ден. Освен нас, малкумина го разбираат ова - вели Ѓоковиќ.

Водител на овогодинешната „Гробаријада“ на чие сценарио би позавидел и писателот на „Маратонците“ беше погребното претпријатие „Шола“ во сопственост на семејството Шошкиќ од Петровац на Млава. Следно е договорен 13-от собир на гробари да се одржи следната година во Крушевац, пишува српски Курир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче покажува дека не знае да ги чита економските параметри

Го информираме Македонија има највисока стапка на раст на БДП во регионот и најниска инфлација.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче покажува дека не знае да ги чита економските параметри

Венко Филипче како предводник на талогот од СДС покажува дека не знае ништо друго освен да излезе во јавност и да ги лаже граѓаните и да шири паника и хистерија.

Овој пат тоа го прави со економските показатели.

Филипче сега покажува непознавање на основните економски работи, односно покажува дека не се разбира од економија и не знае дека треба да се гледаат сите економски параметри, а не поединечно како што прави тој.

Но, тоа е. Ни дава шанса да му објасниме.

Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ води пробизнис и проекономска политика, а за тоа доказ се податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Што велат овие меѓународни институции?

Македонија има највисока стапка на раст на бруто-домашниот производ во регионот и најниска инфлација. Инфлацијата во Македонија е за 25 проценти пониска од европскиот просек, додека економскиот раст во вториот квартал годинава достигнал 4,3 проценти.

Дополнително, оваа Влада и по две години уште се справува со обврските наследени од владата предводена од СДС. Оттука, во 2027 година ќе треба да се рефинансираат или да се вратат заеми во вредност од 2,3 милијарди евра, додека за 2028 година се предвидени обврски од 2,7 милијарди евра. Бројките јасно зборуваат дека ова е значителен финансиски товар кој е наследен.

И покрај се Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со предизвиците и продолжува да ги исполнува обврските и реформите. Се работи на одржување и подобрување на економските показатели и покрај меѓународните кризи и покрај наследените проблеми. Затоа кога Филипче нешто не знае подобро нека молчи.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. 

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит

Од нив, шест лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.С.(46), М.Р.(26) и З.С.(26) сите од Скопје, А.М.(27) од с.Никиштани, скопско, Г.Т.(56) од с.Подлес, општина Градско и А.К.(28) од с.Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол.

Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол: Г.Ј.(49) од Кочани и М.С.(35) од Куманово. Додека, пак, Д.С.(21) од Крива Паланка управувал возило и покрај тоа имал активна мерка забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Белата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер