Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура
1Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
2Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура
3Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаГрковска: Политичарите треба да водат со личниот пример во справувањето со корупцијатаВо коментар за последната најава за проширување на „црната листа“ на Стејт департментот на САД нови 19 лица од Западен Балкан меѓу кои и од Македонија, Грковска вели секоја помош е добредојдена, но главната работа е наша, домашна. Кога толку е голема перцепцијата за корупцијата тоа не е на адреса само на политичарите туку генерално, меѓутоа политичарите треба да бидат први и да бидат пример како со професионалност и интергритет треба сите ние да си ги вршиме нашите обврски без разлика на која позиција сме. Тука не мислам само на политичари како членови на Владата, туку политичарите и во сите сегменти - и во законодавната и во локалната власт затоа што креирањето и имплементацијата на политиките се на различни нивои и треба свесноста и одговорноста на сите нивоа да биде подеднакво висока. Ова го истакна вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска на новинарско прашање колку политичарите тргнуваат од себе во борбата против корупцијата, по учеството на сесијата на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија на тема „Справување и борба со корупцијата и заштита на финансиските интереси на државата“. -Во рамките на активностите на кабинетот во изминатата година и пол можам да бидам задоволна за краток временски период колку прашања сме отвориле и колку за дел од прашањата сме постигнале одреден успех. Ние имаме обврска и соработка со Државниот завод за ревизија и ги следиме наодите во извештаите што доаѓаат од ДЗР, ја следиме понатака имплементацијата дали има корекции или не. Врз основа на реакциите кои што се дојдени до Кабинетот и врз основа на извештаите од ДЗР вчера на седница не беше избран еден директор со што сметам дека Владата покажува дека има слух и реагира на наодите, од овие институции кои придонесуваат во намалување на незаконските постапувања од страна на институции и претставници на институции, вели Грковска. Во коментар за последната најава за проширување на „црната листа“ на Стејт департментот на САД нови 19 лица од Западен Балкан меѓу кои и од Македонија, Грковска вели секоја помош е добредојдена, но главната работа е наша, домашна. -Секоја помош во борбата против корупцијата е добредојдена, и помошта која ја добиваме од САД и другите партнери е од големо значење и има голема улога во успешноста на справувањето со борбата против корупцијата. Со нетрпение ја очекувам проширената листа. Имињата што досега беа објавени ги сметам само како вовед во понатамошниот процес, меѓутоа пак ќе кажам, главната домашна задача е наша, на нашите институции, на нашите лидери, на сите нас, на сите можни начини да покажеме дека можеме и имаме капацитет да изградиме едно општество и институции кои успешно можат да се справат со каков било проблем, вели вицепремиерката. На прашањето колку е задоволна како институциите го истражуваат случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој минатиот месец се најде на објавената црна листа на американскиот Стејт департментот поради вмешаност во значајна корупција, Грковска вели дека без да се меша во работата на правосудството, смета дека динамиката на работа секогаш може да биде побрза затоа што граѓаните тоа го очекуваат. -Кога станува збор за прашања кои тангираат политички фигури, поранешни или актуелни, бизнисмени и луѓе од тој естаблишмент ризикот за споро постапување или за непостапување, секогаш е голем имајќи предвид дека таквото однесување ја руши довербата кај граѓаните што резултира со малиот процент на доверба. Од друга страна е шанса на правосудните органи да покажат дека се непристрасни, дека брзо решаваат вакви случаи. Се разбира брзината на решавањето на случаите не смее да се одрази на релевантноста на одлуката која ќе ја донесат, вели Грковска. Таа се согласува дека казните се еден од најдобрите механизми за справување со корупцијата, но вели, не е доволно само законски да се утврдат туку и да се испорачуваат. -Ако продолжи оваа перцепција на неказнивост, тогаш пропишаните казни, ако не се ефектуираат ќе останат само можност. Станува збор за систем на врзани садови - систем на одлуки од различни институции, за да дојдеме до казните треба да имаме претходно некој кој ќе одлучи дека некој згрешил и дека треба да ја плати таа казна. Ние сме, за жал, многу далеку имајќи предвид колкав е процентот на доверба во правосудните органи за да дојдеме до тој случај, децидна е вицепремиерката Славица Грковска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПрвостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилство врз 13-годишно девојче во скопско Ѓорче Петров им е изречена мерка упатување во воспитно-поправен дом. Како што потврдија од Основниот кривичен суд за Канал 5, судија за деца, на две од девојките им изрекол мерка во траење од една година, додека за останатите две, во траење од по осум месеци. Од кривичен посочуваат дека се работи за одлука што не е правосилна. Станува збор за случај од март годинава што ја шокираше јавноста поврзано со група деца која се изживува врз девојче, додека дел од присутните го снимаат насилството. По откривањето на случајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири малолетнички, една на возраст од 17 години која во меѓувреме стана и полнолетна, како и против три девојчиња на возраст од 14 години, поради основано сомнение за кривичното дело „насилство“.. обвинителството тогаш информираше дека малолетничките учествувале во дејствија на насилство во два одвоени настани.. Во рамките на истиот случај, до обвинителството беа доставени и шест кривични пријави против родители за „запуштање и малтретирање дете“.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор МацураПремиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година.Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година предводена од тогашниот премиер Димитар Ковачевски, со која како што тврди, по предлог тогашниот министер Фатмир Бесими се барало од владата да го овласти Државното правобранителство да ѝ ги отуѓи на Алта банка - Белград акциите што државата ги има во банката во Србија како резултат на сукцесијата на поранешна Југославија. Лидерот на СДСМ, Филипче, пак, како целосни невистини и манипулации ги отфрли ваквите наводи на прес-конференција која ја одржа на пауза од надзорната расправа. Тој објасни дека, откако Мацура во 2023 година се стекнал со над 90 проценти од акциите во белградската Алта банка, која претходно се викала ЈУБМЕС – односно Југословенска банка за меѓународна економска соработка, преостанатите акции биле преземени без согласност на македонската страна, според механизмот предвиден во српското законодавство. На прес-конференцијата од Филипче реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. И тој покажа документи од записникот од владината седница во 2023 година кои според власта ги демантираат обидите на опозицијата да ги изврти фактите и аргументите, а опозициските пратеници како што рече наместо на пресови надвор од сала сите прашања можеле да ги постават директно до учесниците на надзорната расправа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска ТрајчевскиМинистерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски.На средбата, министерот Ристовски ѝ го честиташе изборот на претседателската функција и ѝ посака успешна работа, со уверување дека со посветеност, визија и добра соработка можат да се постигнат значајни резултати во унапредувањето на скијачките спортови во Македонија. Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка на активностите и иницијативите на Федерацијата насочени кон развој на скијањето, создавање подобри услови за работа и тренинг на спортистите, како и поттикнување на младите да се вклучат во скијачките спортови. На средбата беше потврдена важноста од континуирана соработка меѓу институциите и спортските федерации, со заедничка цел за создавање посилни основи за развој и афирмација на скијачките спортови во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter