Грковска ги опоменала Груби, Османи и Нуредини за службените возила

Морам да признам дека тоа не беше добро прифатено од јавноста. Не сметам дека тоа е начин на кој што функционерите би требало да се однесуваат. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Нетанјаху ќе се сретне со Бајден

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху во текот на неделата ќе се сретне со претседателот на САД, Џо Бајден во Белата куќа, изјави неименуван американски извор.

Средбата ќе се одржи како што е планирано и покрај повлекувањето на Бајден од претседателската трка, изјави анонимен американски функционер. Сè уште не е утврден точниот датум бидејќи Бајден заздравува од Ковид-19.

Нетанјаху на 24 јули треба да се обрати во Конгресот. Се очекува тој да се сретне и со потпретседателката Камала Харис.

Јанчев: Спроведено второ авионско прскање против комарци

Утринава беше спроведено второто авионско прскање против комарци, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Со третирањето беше опфатено течението на реката Луда Мара од с. Марена, целото градско подрачје, с. Ваташа па се до брана Моклиште.

Изведувач на работата е фирмата Бониер од Куманово, напиша Јанчев на социјалните мрежи.

Радев ќе го врачи вториот мандат за формирање влада

Претседателот на Бугарија, Румен Радев ќе го врачи денеска вториот мандат за формирање влада.

Се очекува мандатот да биде доставен претпладнето и веднаш да го врати втората по големина пратеничка група во Народното собрание - „Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ).

Според одредбите од бугарскиот Устав, по враќањето на тој мандат за формирање влада, претседателот на државата во рок од седум денови и наложува на следната по бројност пратеничка група да предложи кандидат за премиер.

Во случај и тие да не успеат да формираат редовен кабинет, претседателот закажува нови избори и именува нов привремен кабинет.

притисни ентер