3ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами
КултураГркот Зорба почива во Македонија, но не живее на нејзината сценаПриказната за Зорба како книжевен лик, може да биде еден од позитивните „адути“ за проникнувањата меѓу културите на балканските народи, вели писателот Владимир Мартиновски. Неговото име го нема на репертоарот на македонската културна сцена - балетска, театарска, филмска... Колку за илустрација, минатиот месец во Софија се бараше билет повеќе за балетската претстава што ја оживотворува приказната од романот на славниот грчки писател, Никос Казанѕакис. Билет повеќе „за него“ се бара и на летните сцени во Сплит, Дубровник и престолнините во регионот. Очигледно, Гркот Зорба живее насекаде, но не и во Македонија. Тука само почива - на парцела број 17, алеја 3, гроб број 23, на гробиштата Бутел во Скопје. Ако се имаат предвид затегнатите политички односи на релација Атина-Скопје поради спорот за името, прашањето е зошто Македонија не ја користи приказната за Гркот Алексис Зорба, како заедничка нишка за отворање на културните коридори меѓу двете земји? Денес, ретко кој соговорник има одговор на ова прашање. Или креваат раменици или сметаат дека „во овој случај и културата е во сенка на меѓудржавната политика“. Сепак, се согласуваат дека тој може да биде нишка за продлабочување на контактите меѓу двете земји, бидејќи неговиот книжевен лик не генерира ниту национализам ниту политикантство. Космополитска слика генерира и вистинскиот Зорба, младиот вдовец Јоргос (Георгиос) кој пролетта во 1922 година со возот од Солун пристигнал на железничка станица во Скопје, заедно со неговата 10-годишна ќерка Екатерина. Од тој ден, во следните две децении, негов „дом“ бил градскиот хотел „Ловец“, но не помалку и локалните кафеани, особено гостилницата „Маргер“, каде играл, пеел и пиел со пријателите. Последните денови од животот поминат во раководење со ископ на руда и шкрилец, ги поминал во бескрајно долги разговори и преписки со Казанѕакис, раскажувајќи му ја атмосферата во градот и сопствениот живот. Починал од срцев удар во 1941 година, неколку месеци откако неговата ќерка се омажила за богатиот трговец Јован Јада и само неколку дена откако Казанѕакис на хартија го запишал насловот на својот нов роман - Гркот Зорба. Ни на туристичка мапа Во време кога во Скопје далечната и блиска историја масовно се излева во бронза и мермер, приказната за Зорба ја нема ни на хартија - не е на ниту една културна или туристичка мапа. Поради промена на урбанистичките планови, коските на Зорба во 1954 година се префрлени од старите гробишта под Водно на гробиштата во Бутел. Старател на семејната гробница, чија надгробна плоча е скромно обновена кон крајот на осумдесеттите, е блиска роднина на семејството на Зорба. Освен неа, другите тешко успеваат да ја најдат оваа парцела без помош од вработените во Бутел. Но дали ќе се најде и другиот пат - не само оној кој води до гробот, туку и оној кој води до сцената? Од Министерството за култура велат дека ги поддржуваат и ќе ги поддржуваат сите иницијативи кои се во функција на културно зближување на Република Македонија со соседите. [Приказната за Зорба ја нема ниту на скопските мапи, ниту на сцената] Приказната за Зорба ја нема ниту на скопските мапи, ниту на сцената „Несомнено, постојат многу личности кои дале свој придонес во градењето на културниот идентитет на регионот, личности врз чии дела можат да се градат мостови за продлабочување на културните врски со земјите од нашето опкружување. Во овој контекст, да потсетиме дека композиторот Микис Теодоракис пред неколку години во МОБ, заедно со македонските уметници, го претстави своето музичко дело ’Гркот Зорба’. Министерството за култура и во иднина е подготвено за соработка и за реализација на различни проекти од културата кои се од заемен интерес и кои ќе овозможат претставување на македонски уметници и на грчки уметници во двете земји“, најавуваат од ресорот култура. Но, дека гостувањето на Теодоракис не е „пред неколку години“, неодамна потсети и грчкиот весник „Етнос“, навраќајќи се на приказната дека гробот на Гркот Зорба е откриен преку новинарско истражување пред 17 години. „Го откривме гробот на Гркот Зорба во Скопје“, напишаа тогаш (1996 година) грчките новинари откако со успех го завршија истражувањето во Солун, Скопје и Белград“, објави „Етнос“, додавајќи дека неколку седмици по откритието, композиторот Микис Теодоракис го посетил Скопје за да го претстави своето музичко дело „Зорба Гркот“ во Македонскиот народен театар во Скопје, на концерт, на кој присуствувал и тогашниот македонски претседател Киро Глирогов. Од тогаш до денес, на темата „Зорба“ не се случува ништо. Книга за моќта на пријателството Владимир Мартиновски, писател и вонреден професор на Филолошкиот факултет на УКИМ, вели дека приказната за Зорба би можела да биде еден од позитивните адути за проникнувањата меѓу културите на балканските народи. „Уште во гимназија, кога ги читав романите на Казанѕакис, бев многу возбуден кога случајно дознав дека човекот кој бил прототип за ликот на Алексис Зорба живеел во Скопје. Можеби ќе звучи парадоксално, но сè уште не сум го посетил неговиот гроб и покрај симпатиите кон книжевниот лик. Но, пред десетина години бев на гробот на Казанѕакис на Крит, чиј епитаф гласи: 'Не се надевам на ништо, не се плашам од ништо. Јас сум слободен'. Неодамна ги возобновив читателските контакти со Казанѕакис преку филозофско-мистичната поема Salvatores Dei / Спасители на Бога, благодарение на одличниот превод на македонски јазик од страна на Томислав Османли. Далекусежноста на филозофско-поетските идеи, пласирани во оваа рана поема, во која се наоѓаат никулците на подоцнежните дела на овој автор (вклучувајќи го и романот Алексис Зорба), засегаат голем број предизвици пред кој е исправен современиот човек, а особено темите на слободата, довербата во сопствените потенцијали и 'задачите' на човекот како духовно битие“. Приказната за Зорба како историска личност и како книжевен лик, би можела да биде еден од позитивните примери и 'адути' за проникнувањата меѓу културите на балканските народи, но не како нов 'мит' туку како потстрек за барање на конструктивни решенија. Романот на Казанѕакис би можел да се чита, меѓу другото, и како книга за моќта на пријателството и за отвореноста кон различните светогледи меѓу ликовите од романот“, вели Мартиновски. Аманетот напишан Казанѕакис почина во 1957 година далеку од родната земја, во Фрајбург, Германија, но неговите останки се погребани во родниот Крит. Тој не успеа да го види своето книжевно дело на големото филмско патно. Режисерот Михалис Какојанис, кој во својата кариера создаде многу фимови, никогаш не го повтори светскиот успех со филмот „Гркот Зорба“ од 1964 година. Филмот (на насловната фотографија е прикажана сцена од филмот) кој се закити со три „Оскари“, имаше славна актерска екипа - Ентони Квин, Алан Вејтс, Ирена Папас, Лила Кедрова...Музиката за филмот, дело на најпознатиот грчки композитор, Микис Теодоракис, стана втора грчка „химна“, а популарното сиртаки продолжи да живее и преку адаптација за балетската претстава „Гркот Зорба", која премиерно е изведена во 1988 година, во Арената во Верона. Оттогаш е претставена пред повеќе од 3 милиони гледачи во 30 земји од светот, а во една прилика одеднаш собрала дури и 120.000 публика на отворениот стадион во Рио де Женеиро. „Гркот Зорба“ и натаму има публика. Но, никогаш не бил истовремено пред македонската и грчката, иако неговата реплика во славното дело јасно зборува за неговиот став по тоа некогаш, но и сега актуелно прашање: „Едно време ги делев луѓето на Бугари, Турци, Македонци и Грци, сега ги делам на добри и лоши. А еден ден и тоа нема да го правам, затоа што сите заминуваме во една иста почва...“ Се чини дека и тој и неговиот книжевен татко, во аманет на Скопје и Атина, и не само ним, им оставиле и повеќе од „увертира“ за следните чекори. Дали ќе ја искористат? /Преземено: DW/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран објави снимка од нуклеарна експлозија и упатства за граѓаните како да се заштитатИранските државни медиуми објавија осумминутно видео кое содржи упатства за граѓаните како да преживеат нуклеарен напад.Снимката објаснува како да се заштитите од експлозија, како да најдете засолниште и како да избегнете изложеност на радиоактивни материи. Видеото е објавено во време на зголемени тензии меѓу Иран, САД и Израел. Иранската државна новинска агенција ИРНА го објави видеото на 29 октомври, како дел од Националната недела на цивилна заштита. Упатствата се подготвени од службите за итни случаи во провинцијата Исфахан, каде што се наоѓа иранскиот нуклеарен објект Натанц. Објаснување за граѓаните како да преживеат нуклеарна експлозија Во видеото се предупредуваат граѓаните да не гледаат директно во блесокот од нуклеарна експлозија. Доколку се затекнат на отворен простор, треба да побараат заштита зад цврста пречка, да легнат на земја и да си ги заштитат главата и лицето. Откако ќе помине ударниот бран, се советува што побрзо да влезат во најблискиот цврст објект – најдобро во подрум или во просторија во центарот на градбата – притоа држејќи се што подалеку од прозорците и надворешните ѕидови. Исто така, се советува граѓаните да ги затворат сите врати и прозорци, како и да ги исклучат клима-уредите и системите за вентилација што вовлекуваат воздух однадвор. Се препорачува престој во засолништето најмалку 24 часа Во случај на можна изложеност на радиоактивни честички, граѓаните треба внимателно да ја соблечат горната облека, да ја стават во затворена кеса и да се измијат со млака вода и сапун. Иранските служби, исто така, советуваат користење на флаширана вода и спакувана храна. Граѓаните треба да останат во засолништето најмалку 24 часа и да ги следат официјалните известувања пред да излезат. Упатствата се објавени во рамките на иранската Недела на цивилна заштита, која се одбележува со години. Сепак, ваквата детална јавна подготовка за можна нуклеарна експлозија привлече внимание поради моменталните односи меѓу Техеран и Вашингтон. Такер Карлсон тврди дека Трамп размислува за нуклеарен напад Објавувањето на видеото предизвика дополнително внимание откако американскиот конзервативен коментатор Такер Карлсон изјави дека претседателот Доналд Трамп би можел да нареди нуклеарен напад врз Иран во текот на следните неколку дена. Карлсон на социјалната мрежа „X“ напиша дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху силно врши притисок врз Трамп да го нападне подземниот комплекс познат како „Планина Пикекс“, кој се наоѓа недалеку од нуклеарниот објект во Натанц. Според Карлсон, израелските разузнавачки служби сметаат дека Иран таму повторно го започнал процесот на збогатување ураниум. Тој исто така тврди дека конвенционалното американско оружје не е во состојба да ги уништи длабоко вкопаните тунели. Карлсон не понуди никакви независно проверливи докази за своите тврдења дека се подготвува нуклеарен напад. Ниту американските, ниту израелските власти не потврдија дека се размислува за таков напад. Трамп претходно ја исклучи можноста за употреба на нуклеарно оружје. Американскиот претседател претходно зборуваше за можноста за нови напади врз иранските нуклеарни постројки, вклучително и „Планина Пикекс“, но јавно ја отфрли употребата на нуклеарно оружје. Во интервју за „Newsmax“ кон средината на октомври, тој изјави дека на САД не им е потребно да користат нуклеарно оружје против Иран. Тврдењата на Карлсон предизвикаа бројни реакции во американската јавност, но засега нема потврда дека Вашингтон подготвува нуклеарен напад. Иранските власти официјално не го поврзаа објавувањето на безбедносните упатства со конкретна закана од страна на САД. Видеото е дел од програмата за цивилна заштита, а самото негово објавување не значи дека иранските служби имаат сознанија за претстоен нуклеарен напад. Извор: Индекс.хрТагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаМрежа од ботови се прошири на 1,3 милиони телевизориИзлезе на виделина дека еден производител, чии „Android TV“ уреди се поврзани со милиони телевизори, го искористил своето присуство на пазарот за незаконски активности.Компанијата „MECOOL“ ги продава своите достапни „TV“ уреди на платформи како „Amazon“ и „AliExpress“. Сепак, уште еднаш се потврди дека ако нешто е евтино, веројатно постои некаква „замка“. Во овој случај, „замката“ всушност претставува намерно вградена ранливост – т.н. „задна врата“ (backdoor) – која овозможува создавање мрежа ботови преку уредите на „MECOOL“. Оваа мрежа зафаќа над 1,3 милиони уреди, ситуација која предизвика официјална реакција од страна на „Google“. „Уверени сме дека ’задната врата‘ и мрежата ботови се развиени, имплементирани и управувани од компанијата „Videostrong Technology“, со цел остварување финансиска добивка“, појаснија од „Google“ во објава на својот блог. Како што се наведува, напаѓачите ги користеле „заразените“ телевизори за извршување дејства како што се правење снимки од екранот, извлекување чувствителни податоци, како и извршување скрипти и команди. Истиот злонамерен софтвер е откриван на различни локации низ годините. Според мапата објавена од „Google“, погодените пазари се протегаат од Мексико до Русија. Доколку користите „Android TV“ уред од брендот „MECOOL“, ви препорачуваме да направите фабричко ресетирање и да преминете на уред од друг производител. Дополнително, од „Google“ изјавија дека му забраниле на овој производител да произведува идни уреди кои би доаѓале со претходно инсталирани апликации од „Google“. Извор: Б92Тагови: телевизори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканМило Ѓукановиќ по распитот: Аферата „Телеком“ е примитивно политикантство Поранешниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ по сослушувањето пред истражниот судија на Вишиот суд во Подгорица, во врска со аферата „Телеком“, изјави дека станува збор за „карикатуриран обид за оживување на тема“.Поранешниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ по сослушувањето пред истражниот судија на Вишиот суд во Подгорица, во врска со аферата „Телеком“, изјави дека станува збор за „карикатуриран обид за оживување на тема“ која, како што тврди, веќе добила одговор од Специјалното државно обвинителство. Тој оцени дека ова предизвикува штета на државата и ја нарушува уставната поделба на власта, објавува „Вијести“. „Она што се прави сега е карикатуриран обид за оживување на тема која добила одговор и став од Државното обвинителство, имено Специјалното државно обвинителство, на начин што предизвикува намерна штета, го поткопува Уставот и ја нарушува уставната поделба на власта во Црна Гора“, рече Ѓукановиќ. "To je ogoljela, ništavna i primitivna politička stvar", poručio je Đukanović nakon saslušanja pred sudijom za istragu Višeg suda u Podgorici, povodom afere "Telekom"... Opširnije na linku 👇 https://t.co/ZvFZ3HYa2H https://t.co/maVLZQWXmt — Berane online (@beraneonline) November 3, 2026 Ѓукановиќ рече дека одговорил на повикот на судот како одговорен граѓанин, нагласувајќи дека на овој начин го покажува својот став кон државните институции. „И овој пат одговорив, иако имам силен впечаток дека ова е обид за злоупотреба на државна институција, во овој случај судот. Верувам дека ова е политичко продолжение на пресметката со мене и политиката што конституираше и долго време водеше поинаква, граѓанска Црна Гора, заснована на европски вредности“, рече Ѓукановиќ. Тој ги оцени дејствијата во овој случај како несериозно и неодговорно политичко однесување, тврдејќи дека извршната власт се обидува да ја преземе надлежноста на обвинителството и судот. Тој рече дека во текот на три децении политика се обидел да придонесе за обновување и развој на Црна Гора како граѓанска држава, заснована на владеењето на правото и европските стандарди, додека сегашните дејствија, според него, се спротивни на овие принципи. „Ова е обид да се ревидира сè што Црна Гора досега направила во оваа област“, рече Ѓукановиќ. Тој потсети дека во август 2025 година, еден или два дена откако Специјалното државно обвинителство ја информираше јавноста дека ја отфрли кривичната пријава од 2019 година, објави авторски текст во кој, како што тврди, ги објасни сите околности на случајот. Тој рече дека не го смета отфрлањето на тужбата поради застареност за услуга што му е направена, наведувајќи дека обвинителството не ја искористило можноста од 2019 до 2025 година да испита секој детаљ од тужбата и да заземе став за тоа дали имало прекршување на законот. „Доколку тоа беше сторено, ние немаше да бидеме тука денес и немаше да ја имате оваа дилема што ја поставуваме“, рече Ѓукановиќ. Тој потврди дека приватизацијата на Црногорски Телеком е спроведена во согласност со уставниот и правниот систем на Црна Гора и меѓународните демократски и правни стандарди. „Одговорно тврдам дека овој процес е спроведен во целосна согласност со уставниот и правниот систем на Црна Гора и во целосна согласност со многу бараните меѓународни демократски и правни стандарди“, рече тој. Ѓукановиќ изјави дека постои обемна документација за спроведената постапка и ги покани новинарите да ја проверат, нагласувајќи дека таа може да биде во архивите на Владата на Црна Гора или на Државниот архив во Цетиње. Тој рече дека е подготвен да преземе одговорност доколку се утврди дека имало прекршувања на законот или поткуп за време на приватизацијата. „Доколку се открие нешто што личи на прекршување на законот, а камоли поткуп, веднаш сум подготвен да преземам одговорност без судење, во интерес на докажување дека оваа земја има сила и дека има владеење на правото, така што секој што е одговорен ќе биде вистински и законски одговорен“, рече Ѓукановиќ. Тој додаде дека, според него, во документацијата нема ништо што би ги потврдило наводите за корупција. „Постои само едно голо, ништовно, примитивно политикантство“, оцени поранешниот претседател. Коментирајќи ги наводите од судскиот случај во САД од 2011 година, според кој договорот за консултантски услуги бил склучен со цел да се прима поткуп од црногорски функционери и членови на семејството на висок функционер, Ѓукановиќ повторно ги повика новинарите да се запознаат со достапната документација. Тој рече дека за време на интервју за домашен медиум, по повод одбележувањето на 20-годишнината од независноста, покажал документација од Окружниот суд во Њујорк од 2013 година, која, според него, се однесува на судењето на тројца високи функционери на компанијата „Максис“. Ѓукановиќ тврдеше дека судот во тоа време објавил дека Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC), како надлежна институција, претходно се занимавала со извештај за корупција поврзана со приватизацијата на Телеком во Северна Македонија, а не во Црна Гора. Според него, за време на продолжувањето на постапката пред тој суд, приказната за корупција во врска со случајот со Црна Гора е целосно исклучена. „Видете, не ме верувајте на збор. Ова го нема во таканаречените американски весници, без оглед на тоа што некој рекол, и тука и во Америка“, рече Ѓукановиќ. Тој оцени дека, по многу години кампањи и обиди да се влијае на промената на власта, на крајот сите се соочуваат со фактите. „Доколку откриете дека фактите се поинакви, ве молам контактирајте ме за да можам да ги слушнам вашите критики за измама“, рече Ѓукановиќ. Ѓукановиќ денес беше сослушан во Вишиот суд во Подгорица, пред истражниот судија Горан Шќепановиќ, во врска со случајот познат како случај „Телеком“. Тој беше придружуван од неговата адвокатка Светлана Вујановиќ, поранешна судијка на Врховниот суд и поранешна прва дама на Црна Гора. Рошиштето се однесуваше на сомневањата за корупција за време на приватизацијата на Црногорски Телеком во 2005 година, имено на наводите дека исплатите на мито биле прикриени преку консултантски договори. Рошиштето го предложи заштитникот на имотот и правните интереси на државата, Бојана Ќировиќ, која го презеде кривичното гонење во име на државата откако Специјалното државно обвинителство ја отфрли кривичната пријава на Мрежата за афирмација на невладиниот сектор (МАНС) во август минатата година, со образложение дека е истечен апсолутниот рок за застарување на кривичното гонење. Сепак, Кривичниот совет на Вишиот суд застареноста не е истечен во овој случај, по што беа овозможени предложените доказни дејствија. МАНС поднесе кривична пријава во 2019 година против Мило и Ана Ѓукановиќ и неколку други лица под сомнение за злоупотреба на службена положба, примање мито и создавање криминална организација за време на приватизацијата на Телеком.Тагови: Мило Ѓукановиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00