РакометГРК Охрид попладнево му гостува на Олимпијакос во Атина во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот КупВо спортската сала „Јанис Котакис“ во атинската населба Илиуполи попладнево, во 17 часот по локално, односно 16 часот по македонско време, ќе се одигра првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп меѓу ГРК Охрид и домаќинот Олимпијакос.Во спортската сала „Јанис Котакис“ во атинската населба Илиуполи попладнево, во 17 часот по локално, односно 16 часот по македонско време, ќе се одигра првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп меѓу ГРК Охрид и домаќинот Олимпијакос, натпревар за кој од охридскиот тим велат дека се максимално подготвени и ќе го дадат својот максимум, јави дописничката на МИА од Атина. Спортската сала што машкиот ракометен тим на Олимпијакос од сезоната 2022/23 ја користи за натпреварите на домашен терен е со капацитет да прими 1.500 гледачи, а на денешниот натпревар, исто како и на реваншот в сабота во Охрид, нема да има гостински навивачи по договорот меѓу двете екипи. Причината се настаните од финалниот натпревар во ЕХФ Купот во ланската сезона меѓу Алкалоид и АЕК кога натпреварот во Скопје не се одигра, па затоа по барање на Европската ракометна федерација, ГРК ОХРИД и РК Олимпијакос по меѓусебната комуникација, со цел да биде избегната ситуација слична или иста на онаа од минатата година, заеднички одлучиле дека двете екипи нема да вршат продажба на билети на гостински навивачи. Ракоментарите на Охрид од вчера се во грчката престолнина, а на нешто помалку од 24 пред натпреварот во разговор со дописничката на МИА од Атина тренерот Борис Ројевиќ и капитенот Гоце Ојлески ја пренесоа атмосферата во тимот, како и очекувањата од натпреварот. - Како тренер и како клуб сигурно секогаш имаме најголеми очекувања, иако знаеме дека се работи за одличен противник кој сигурно е во својот максимум можеби во последната деценија, навистина оваа сезона имаат одличен тим, кој ќе се обиде да го освои Купот, така што не очекува особено тежок натпревар, но момците одлично работеа оваа недела и ќе се обидеме на натпреварот да го дадеме својот максимум и да се обидеме да направиме добар резултат за реваншот во Охрид каде што очекувам 3.000 луѓе и пеколна атмосфера, рече Ројевиќ за МИА. -Очекуваме тежок натпревар, Олимпијакос е одлична екипа. Мислам дека ќе биде тешко, но ќе дадеме свој максимум за што подобар резултат. Го имаме и реваншот во Охрид, така што нема да биде утре сè решено. Ќе видиме. Мислам дека имаме и ние свои шанси, се подготвуваме максимално и ќе дадеме максимум за што подобар резултат, истакна капитенот на охридскиот ракометен тим. Во однос на климата во тимот и физичката, но и психичката подготвеност на играчите, тренерот рече дека сите „сигурно одвај чекаат да почне натпреварот, додека пак капитенот Ојлески „нагласи дека „атмосферата е супер“, но и дека во изминатиот период заедно со тренинзите добро ја анализирале и играта на Олимпијакос. Домаќините попладнево ќе имаат поддршка од нивните навивачи, а според податоците од официјалниот сајт за продажба на билети за натпреварот, заклучно со доцна синоќа, билетите по цена од 10 и 15 евра беа речиси распродадени, додека пак од оние од пет евра достапни беа околу 500 билети. На прашањето дали реваншот на домашен терен е предност, тренерот Ројевиќ за МИА рече дека е „многу полесно вториот натпревар да го играш дома“, но дека сепак „тоа носи и притисок“ и посочи дека Олимпијакос го има ланското искуство по пораз на домашен терен, да направи пресврт во гости. - Секако дека е подобро, но носи и голем притисок играњето реванш дома, очекувањата да се помне итн. Играме против извонредна екипа која има поголемо искуство од Охрид со играње во Европа. Охрид досега немаше поминато ниту едно коло во Европа, а сега стигнавме до четвртфинале, голем успех за нас, но јас се надевам дека нема да застанеме тука и дека ќе се обидеме да направиме уште еден историски успех за нашиот клуб, порача Ројевиќ. Капитенот Ојлески коментира дека противникот е голема екипа која сигурно и на гостински натпревар ќе даде свој максимум. - Некогаш и десет разлика да победиш на првиот натпревар нема да биде доволно, така да разликата никогаш не е сигурна, мора да играш и на двата натпревари и ако победи утре, нормално Олимпијакос е голема екипа која сигурно и на гостински натпревар ќе даде свој максимум да анулира тоа што го загубила, така исто и не, така што мислам дека нема некоја голема предност, рече Ојлески. Од РК Олимпијакос во најавата за натпреварот соопштија дека „ќе се соочат со силниот Охрид“, а целта победа и прв чекор кон пласман во полуфиналето. Левиот бек на домаќините Савас Савас за официјалниот сајт на тимот изјави дека нивната цел е јасна, да дадат 100 проценти и да постигнат резултат што ќе им даде предност. - Со поддршката од нашите навивачи, можеме да постигнеме нешто значајно, нагласи Савас. Реванш натпреварот во Охрид ќе се одигра следната сабота на 4 април во 18 часот во СРЦ „Билјанини Извори“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕОТоварен авион на „UPS“ и авион на „Copa Airlines“ се судрија на пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во текот на ноќта, при што беа повредени две лица.Во судирот учествуваа „Boeing 767“ на „UPS“ и „Boeing 737“ на „Copa Airlines“, објави „CBS“. „Околу 21:15 часот, авион што пристигнуваше и се повлекуваше се судрија на раскрсницата на две писти“, вели Грег Чин, директор за комуникации на меѓународниот аеродром во Мајами. 🚨 JUST IN: First video of the damage following a tarmac collision between a UPS 767 and Copa Airlines 737 at Miami International Several injuries reported on the Copa 737 But thank God this wasn’t more severe 🙏🏻 https://t.co/dAootpX9Hm — Nick Sortor (@nicksortor) November 15, 2026 Чин вели дека противпожарната служба на Мајами им пружила помош на двајца пациенти на местото на настанот за полесни повреди и дека не им бил потребен медицински превоз, како и дека летовите биле пренасочени кон други писти, па судирот не влијаел врз работењето на аеродромот. Карго авионот на „UPS“ требало да полета од Мајами до Богота, Колумбија, а авионот на „Copa Airlines“ слетал од Панама Сити, Панама.Тагови: авион Мајами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕксплозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)На двата танкери избувнале експлозии и голем пожар.Два танкери за нафта се запалија откако наидоа на подводни мини во јужниот дел од Ормускиот теснец во текот на ноќта, соопштија поморските сили на Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), велејќи дека бродовите се обиделе тајно да поминат низ неовластена рута. ИРГЦ во соопштението наведува дека танкерите претходно ги исклучиле своите системи за навигација и автоматска идентификација на бродови во обид да го сокријат своето движење низ Ормускиот теснец. Според Иранскиот корпус на револуционерна гарда, откако наидоа на морските мини, на двата танкери избувнаа експлозии и голем пожар. Во соопштението се додава дека уште два танкери за нафта, кои исто така се обиделе да поминат низ неовластена рута, дејствувале по предупредувањата од центарот за контрола на поморскиот сообраќај на ИРГЦ и се вратиле кон Персискиот Залив. 🚨🇮🇷 Another day, another oil tanker IN FLAMES in the Strait of Hormuz, with Iran's Revolutionary Guards releasing footage of the burning vessel. Tehran says the tanker was attempting to pass through the strategic waterway without authorization. Writer: Oliver https://t.co/wqbwoEpDXV — Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 14, 2026 Тагови: Ормускиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп повторно на нишан?Израелската разузнавачка служба Мосад ги доставила информациите до Вашингтон откако ги потврдила на барање на американските разузнавачки служби.Израел им доставил на Соединетите Американски Држави разузнавачки информации за наводните планови на Техеран да го нападне американскиот претседател Доналд Трамп и високи функционери во неговата администрација со беспилотни летала, објави денес израелскиот весник Израел Хајомз. Според весникот, израелската разузнавачка служба Мосад ги доставила информациите до Вашингтон откако ги потврдила на барање на американските разузнавачки служби. Друга западна разузнавачка служба наводно ги потврдила информациите. Службениците изјавија дека можноста за постигнување договор меѓу САД и Иран значително се намалила во последните денови и дека една од главните причини за ова се разузнавачките информации што Мосад ги доставил до американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА). Според овие наводи, еден можен метод на напад би биле беспилотни летала наполнети со експлозиви, против кои, според службениците, тешко е да се дејствува со користење на стандардни безбедносни мерки. Откако Мосад доставил разузнавачки информации, американските функционери кои се сметаат за потенцијални цели на нападот значително ги намалиле своите појавувања на јавни настани на отворено, додека неколкумина биле привремено преместени од своите домови за да обезбедат објекти, според Израел Хајом. Весникот, исто така, објавува дека се воведени посебни безбедносни мерки за време на јавните појавувања на претседателот Трамп. Иако некои настани беа организирани на отворено пред среднорочните избори за Конгресот, ваквите собири сега се значително намалени, според официјални лица. Се додава дека се воведени дополнителни безбедносни мерки за време на настаните на кои присуствуваше американскиот претседател, вклучително и специјални системи дизајнирани да ги неутрализираат заканите од беспилотни летала. Меѓу официјалните лица за кои се вели дека се под посебни мерки за заштита се секретарот за финансии Скот Бесант, кој одигра клучна улога во донесувањето одлуки за економски санкции против Иран, и државниот секретар Марко Рубио, кој, според весникот, се спротивставил на постигнувањето договор со Техеран. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook