Грипот не попушта, минатата ноќ во полклиника „Бит Пазар“ прегледани 40 деца - Канал 5

Грипот не попушта, минатата ноќ во полклиника „Бит Пазар“ прегледани 40 деца

40 деца за една ноќ биле прегледани во педијатрискиот пункт во поликлиниката „Бит Пазар“. 

Грипот не попушта, минатата ноќ во полклиника „Бит Пазар“ прегледани 40 деца

Причина за прегледот е зголемена температура и кашлица кај децата. Педијатрите објаснуваат дека најчесто станува за вирусна инфекција, но кај голем дел од децата има и плус бактериска инфекција.

„Најчесто децата се на возраст од 18 месеци до три години, но секако доаѓаат и поголеми деца. Овде правиме лабораторски испитувања каде се покажува вирусна, но и бактериска инфекција. Ние даваме мускулна терапија или инјекција како што е урбазон, препишуваме антибиотик. Потешките деца ги препраќаме на клиника“, објасни докторка Елбина Бектеши Керими од дежурниот пунт на поликлиниката „Бит Пазар.

Педијатирите со совет децата кога ќе имаат зголемена телесна температура над 38.5 најпрво да се даде лек за намалување на температурата и веднаш да не се носи на доктор, бидејќи во првите часови нема да покаже на крвната анализа.

„Во првите часови од температруата да се даде лек за температура, многу течности, туширање. По поминување на 48 часа може да се направат крвни анализи со цел да се види вистинската слика дали детето има бактериска инфекција и дали треба антибиотк или пак анитивирусни лекови?“, вели д-р Керими.

Според епидемилозите ова е последна недела од пикот на грипот кога се очекуваат бројките да се намалуваат. Оваа година потврдени официјално од грип се 14.340 граѓани. Во однос со минатата година бројот на болни оваа година е зголемен за 20.3 проценти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Георгина на Роналдо во бикини без филтери

Вереницата на најплатениот свтески фудбалер Кристијано Роналдо, атрактивната Георгина Родригез е „уловена“ од папараците на плажа во Мајами. 

Фото: Георгина на Роналдо во бикини без филтери

Бујната Георгина Родригез е фатена во одлично беше расположение како ужива на сонцето со група пријатели на плажите во Мајами за време на Светското првенство на кое настапува нејзиниот сакан.

Георгина која со Кристијано има големо семејство од пет деца изгледаше шармантно во црн бикини горен дел што го врза околу вратот, додека околу колковите врзала розова марама.

Сите забележаа дека бујната Георгина на фотките изгледа природно, бидејќи тие не се обработени за објавување на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најпознатата српска екс снајка во секси бикини

Младата српска пејачка Милица Јокиќ работи напорно и настапува речиси секој ден, а сега реши малку да забави и да си даде одмор.

Фото: Најпознатата српска екс снајка во секси бикини

Атрактивната пејачка која во јавноста е позната и како екс снајка на српскиот министер Ивица Дачиќ, отпатува на море за да ги наполни батериите пред напнатата летна сезона, а нејзините фотографии од плажа предизвикаа општа возбуда на мрежите.

Убавата Милица ги воодушеви фановите со фотки на кои блеска во секси бикини.

Долго време, Милица беше во емотивна врска со синот на министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ. Милица започна врска со Лука во 2020 година, и иако на почетокот ги криеја своите емоции од јавноста, подоцна се појавуваа заедно на настани и се поддржуваа еден со друг.

Милица постојано нагласуваше дека Лука е голема поддршка за неа, додека редовно присуствуваше на нејзините настапи и важни настани во нејзината кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Економијата под Мицкоски е во слободен пад

Економијата под Мицкоски е во слободен пад: Странските инвестиции паднаа за 61%, потрошувачката кошничка поскапе за 10.000 денари, а индустријата тоне.

СДСМ: Економијата под Мицкоски е во слободен пад

Под власта на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, македонската економија доживува тотален колапс, додека премиерот продолжува да лаже дека сме “трета економа во Европа“.

Фактите се непобитни:
* Странските директни инвестиции во 2025 година паднаа за 61% - од 1,2 милијарди евра во 2024 на само 468 милиони евра во 2025 година. Ова е еден од најлошите резултати во регионот.
* Индустриското производство во првите пет месеци од 2026 година е намалено за 0,3%, а во мај падот изнесува 2%. Преработувачката индустрија, производството на електрична опрема, машини и моторни возила се во слободен пад.
* Потрошувачката кошничка континуирано поскапува. За две години кошничката поскапе за 10.000 денари, додека нема пари за зголемување на минималната плата. Цените отидоа до плафон бидејќи Владата не сакаше да воведе мерки по почетокот на кризата и со тоа да го запре забрзаниот раст на цените на горивата.
* Инфлацијата останува висока, особено на храната и енергијата, додека реалниот стандард на граѓаните се топи.
Наместо инвестиции, нови фабрики и подобар животен стандард, добиваме само нови долгови, празен буџет и криминални тендери кои се единственото што функционира под оваа Влада.
Мицкоски може да продолжи да се фали со измислена „трета економија во Европа“. Реалноста е дека Македонија под негово раководство бележи историски пад на странски инвестиции, индустриско производство во минус и граѓани кои секој месец се сиромашни за илјадници денари.
Ова не е економски раст туку економско уништување од организирана криминална група која ја претвори државата во приватен бизнис.
Мицкоски дојде на власт со лаги, сега владее со лаги.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер