Грипот најраспространет во Кавадарци и Кратово, регистриран уште еден смртен случај - Канал 5

Грипот најраспространет во Кавадарци и Кратово, регистриран уште еден смртен случај

Во текот на шеста недела од 2024 година, од 05 до 11 февруари), во Република Македонија се пријавени 1.875 случаи на групни пријави за заболени од грип- заболувања слични на грип. 

Грипот најраспространет во Кавадарци и Кратово, регистриран уште еден смртен случај

Тоа претставува 13,4 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со шеста недела од минатата сезона, е зголемен за 2,7 пати, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

- Во текот на шеста извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ - РСМ, пристигнаа 56 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектирани се 12 позитивни случаи на Influenza: 11 Influenza А(H1)pdm09 и 1 Influenza А – несубтипизиран. Регистриран е еден пациент со SARS-CoV-2, пишува во извештајот.

Во однос на возрасната дистрибуција, 1.139 лица се на возраст од 15-64 години, 424 се деца на возраст од 5-14 години, 147 - деца на возраст до четири години и 165 лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години. Заболените се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ, во Кавадарци – 332, Скопје – 209, Битола - 180, Струмица – 179, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на 150, покажуваат податоците на ИЈЗ.

Во пет извештајни единици кои пријавиле случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во 11 сезонска, во 10 средна, во Ресен – висока и во две - Кавадарци и Кратово – многу висока активност на вирусот на грип.

- Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Се работи за лице на возраст од 65 години од Скопје кое било хоспитализирано во УК за пулмологија и алергологија и КИБФС. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети -кардиоваскуларни, белодробни и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А – несубтипизиран, се појаснува во извештајот.

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 10.537 , во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 61,7 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има зголемување од 0,4 проценти.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се девет починати лица асоцирани со грип, четири од Скопје и по едно лице од Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип, пет од возрасната група на лица 15-64 години и четири од возрасната група на лица над 65 години, сите хоспитализирани, со коморбидитети и невакцинирани против сезонски грип. Кај осум лица е докажан Influenza А(H1)pdm09, а кај едно - Influenza А - несубтипизиран.

Од сентинел местата кои учествуваат, во шеста недела пријавени се вкупно 55 САРИ (сериозни акутни респираторни инфекции) случаи. Најголем број на САРИ случаи се пријавени од УК за детски болести.

- Во однос на возрасната дистрибуција, најголем број на САРИ случаи (n=18; 43,6%) се пријавени од возрасната група до четири години. Во оваа недела, вкупен број на приеми во сентинел местата е 214, од кои едно лице е на интензивна нега. Од сите приеми, 25,7 отсто се должат на САРИ. Најголемо оптоварување од 60,0 проценти се бележи кај лицата постари од 65 години. Во оваа недела, регистриран е еден смртен случај со коморбидитети од САРИ местото ГОБ „8 Септември“. Починатото лице е на возраст над 65 години, од Скопје. Во шеста недела, за лабораториско тестирање се доставени 35 материјали од пријавените САРИ случаи, паралелно тестирани за грип, КОВИД-19. Од вкупно тестираните материјали, во пет примероци докажано e присуство на Influenza A(H1)pdm09, и во еден Influenza несубтипизиран. Во еден примерок докажан е SARS-CoV-2. Од доставените материјали, тестирани се 28 на респираторен синцицијален вирус, а во четири од нив е потврден (RSV), се наведува во извештајот.

Се забележува раст на бројот на заболувања слични на грип, се истакнува во извештајот, кој е во рамките на ниска активност.

- Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална распространетост на вирусот на грип, а процентот на позитивност е над границата од 10 проценти. Според податоците од САРИ надзорот, бројот на хоспитализации е на повисоко ниво споредено со претходниот период. Согласно податоците од рутинскиот и САРИ надзорот, Република Македонија има регионална географска распространетост и висок интензитет на активноста на вирусот на грип, нагласуваат од ИЈЗ.

Заклучно со шеста недела, во земјава вакцинирани се вкупно 61.694 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со температура до 21 степен, заладување од сабота

Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло, информираат од УХМР.

Утре променливо облачно време со температура до 21 степен, заладување од сабота

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

11 Попова Шапка, 12 Крива Паланка, Тетово, Лазарополе, 14 Виница, Крушево, 15 Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, 16 Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија, Струмица, Гевгелија, 17 Штип, Берово, Претор, Кавадарци, 18 Охрид, Битола, 19 Прилеп.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 16 часот во (l/m2)

2 Лазарополе, 1 Крива Паланка, Охрид, Маврови Анови, Попова Шапка.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови по одделни котлини имаше појава на слаба магла. Во западните и северните делови имаше повремен слаб дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец.

До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно со услови за слаб локален дожд во крајните западни региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, претежно облачно, во делови од котлината ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија.

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби за климатска акција и ја нагласи потребата од праведна транзиција кон чиста енергија.

Таа укажа дека со третиот Национално утврден придонес(NDC 3.0), државата се обврзува да ги намали нето емисиите на стакленички гасови за најмалку 80% до 2035 година, со цел постигнување климатска неутралност до 2050 година.

Амбициите се преточуваат во политики преку претстојниот Закон за климатска акција, ажурираниот Национален план за енергетика и клима и Патоказот за праведна транзиција, усогласени со Реформската агенда на ЕУ и Националната развојна стратегија 2024–2044.

За Сиљановска-Давкова енергетската транзиција мора да биде праведна и прифатлива, без дополнително оптоварување на семејствата погодени од енергетската сиромаштија и загадувањето. Притоа, посебно внимание треба да се посвети на жените, децата и младите.

Претседателката посочи дека за остварување на климатските цели неопходно е предвидливо меѓународно финансирање, достапен капитал, технологија, градење капацитети и силни партнерства.

Според Сиљановска-Давкова, за климатските амбиции да странат остварливи, солидарноста треба да се потврди преку конкретни инвестиции, коишто ќе им овозможат на државите подготвеност за дејствување.

„Да си заминеме од Анталија откако амбицијата ќе ја претворивме во имплементација, а солидарноста во вистинска инвестиција. Нашите деца заслужуваат безбеден, здрав свет и шанса не само да преживеат, туку и да напредуваат“, порача претседателката на лидерскиот самит.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова:

Почитуван претседател, екселенции, дами и господа,

Дозволете ми да им се заблагодарам на Република Турција и на претседателот Ердоган за организирањето на овој самит посветен на климатските промени.

Десет години откако мојата земја го потпиша Парискиот договор, остануваме убедени дека климатската криза не се сведува само на управување со емисиите. Станува збор за светот што ќе им го оставиме на идните генерации. Ние сме првата генерација којашто целосно ги разбира последиците од своите избори, а можеби и последната којашто има време да го промени правецот. Идните генерации ќе живеат со последиците од нашите одлуки.

Оттука, доаѓаме на COP31 со јасно чувство за одговорност. Ние сме мала земја без излез на море, лоцирана во поширокиот медитерански регион – еден од регионите што се најизложени на климатските промени. Сепак, подготвени сме да преземеме товар поголем од нашиот сопствен удел.

Водени од убедувањето дека климата е заедничко добро на човештвото, климатските активности ги поставив не само како личен, туку и како политички приоритет. Ова убедување ме поттикна да иницирам национален дијалог во македонското општество, обединувајќи експерти, креатори на политики и практичари за заедничко обликување на нашата климатска агенда.

Оваа колективна заложба е делумно одразена во нашиот трет Национално утврден придонес (NDC 3.0),каде е поставена амбициозна цел: намалување на нето-емисиите на стакленички гасови за најмалку 80% до 2035 година, со очекување да се искачи и до 82% со меѓународна финансиска поддршка. Ова нè става на кредибилен пат кон климатска неутралност до 2050 година, што ќе претставува и правно обврзувачка цел.

Амбициите ги преточуваме во политики преку претстојниот Закон за климатски акции, ажурираниот Национален план за енергетика и клима и Патоказот за праведна транзиција, коишто се усогласени со Реформската агенда на ЕУ и Националната развојна стратегија 2024–2044. Овие напори се исто така составен дел од нашиот европски пат, приближувајќи ги нашите политики во областите на климата, енергетиката и животната средина до највисоките европски стандарди.

Сепак, не можеме да ја заштитиме иднината на сметка на оние коишто се соочуваат со тешкотии денес. Мораме да преминеме од јаглен на чиста обновлива енергија без да го зголемиме товарот на македонските семејства коишто веќе се соочуваат со енергетска сиромаштија, несоодветно греење и загаден воздух. Вооружените конфликти и тешката енергетска криза ја прават и онака тешката транзиција уште попредизвикувачка. Таа мора да биде фер и достапна, со посебно внимание на жените, децата и младите. Транзицијата којашто ги остава луѓето зад себе, ја поништува својата цел.

Оттука, ја поддржуваме Глобалната заложба за електрификација 35 на 35, Договорот од Анталија за енергетски ефикасни згради, Договорот од Анталија за зелена индустријализација и Рио Синергиите.

Сепак, мојата земја не може сама да ја финансира оваа трансформација. Извештајот на Светската банка за клима и развој на земјата ги идентификува инвестициските потреби од милијарди долари за декарбонизација и адаптација. Нашата амбиција мора да биде усогласена со предвидливо меѓународно финансирање, достапен капитал, технологија, градење капацитети и силни партнерства. Солидарноста мора да се мери не само со зборови, туку и со инвестиции што им овозможуваат на земјите подготвени да дејствуваат. Ова не е повик да ја намалиме нашата амбиција, туку истата да ја направиме остварлива.

Кога ќе се пишува историјата на оваа деценија, да не се каже дека ја согледавме опасноста, ги разбравме последиците, а сепак немавме храброст да дејствуваме. Да си заминеме од Анталија откако амбицијата ќе ја претворивме во имплементација, а солидарноста во вистинска инвестиција. Нашите деца заслужуваат безбеден, здрав свет и шанса не само да преживеат, туку и да напредуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?

Пратеничката Славјанка Петровска во Собранието ја праша директорката на Агенцијата за разузнавање дали Агенцијата имала сознанија за можни безбедносни ризици поврзани со Алта банка.

Петровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?

Пратеничката Славјанка Петровска во Собранието на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност, ја праша директорката на Агенцијата за разузнавање дали Агенцијата имала сознанија за можни безбедносни ризици поврзани со Алта банка пред случајот да стане предмет на јавна дебата и дали за тоа биле известени Владата или други надлежни институции.

Петровска го заснова прашањето на надлежностите утврдени во членовите 2, 3 и 4 од Законот за Агенција за разузнавање. Притоа посочи дека Агенцијата нема регулаторна улога во банкарскиот систем.

„Дали Агенцијата имала сознанија за можни ризици по безбедноста во смисла на нарушување на политичката и економската стабилност, но и за можни трансакции кон земји кон кои имаме воведено санкции, пред случајот со Алта банка да стане предмет на дебата во јавноста? Дали за тоа беа известени Владата или други надлежни институции?“, праша Петровска.

Во дополнителното прашање, Петровска побара одговор дали Агенцијата располага со потврдени или непотврдени сознанија за евентуални контакти со Давор Мацура во врска со Алта банка. Прашањето се однесуваше на можни контакти во текот на 2026 година, директно или преку посредници, со лица од политички партии во земјава или лица поврзани со нив, како и со лица од бизнис или медиумските кругови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер