Грипот коси – ноќните дежурни служби со полни раце работа

Иако пикот се очекува за околу две недели, грипот продолжува да коси.. 

За 24 часа во ноќната служба во поликлиниката Ченто биле прегледани 300 пацинети во најголем дел со грип. Висока температура со денови, болки по целото тело, отежаното диешење и кашлица а кај дел од болните и дијареа се симптомите се грип а лекувањето трае и до две недели. Инфуленцата на грип се очекува пикот да го достигне за една недела. Од утре утре и учениците се враќаат во училниците.

И во брзата помош зголемен е бројот на повици на граѓани кои имаат хорнични заболувања а грипот уште повеќе им ја отежнува состојбата.

Од Клиниката за инфективни болести за Канал 5 соопштија дека има 46 пациенти во болницата кои се лекуваат поради компликации од грипот. За 24 часа имало 67 прегледани. Од комисијата за заразни болести прва препорака е граѓаните во затворени простории каде има многу луѓе да носат маски, да се вакцинираат против грип. А пред се да имаат разбирање да не бараат посети кај блиските во болниците, препораката е во болницте да влегуваат со маски.

Разрешен медицинскиот директор на скопска Токсикологија, Данил Петровски

Министерот за здравство во заминување, Илир Демири ги оствари најавите.. 

Министерот за здравство во техничката влада, Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија Данил Петровски. Економската директорка Бесије Иљази, која подолго време беше во отворен судир со Петровски, пак останува на клиниката.

Причина за разрешувањето од директорската позиција според министерството за здравство е неправилности во работата, но ќе остане да работи на клиниката.

Петровски во телефонски разговор за Канал 5 вели дека се сомнева дека е разрешен поради тоа што за време на годишен одмор дошол на вонредно дежурство, поради дефицит на кадар, нешто што со закон според него е дозволено.

„Имам право да дежурам според закон за работни односи, каде што сам се откажувам од правото на одмор и сам се пријавувам кога има потреба од дежурство. “

На разрешувањето реагираа и вработените од токсикологија.

Случувањата на токсикологија со недеи беа во фокусот на јавноста поради низата скандали поврзани со функционирањето на клиниката. Министерот за здравство уште пред изборите најави разрешување на Петровски затоа што не ги продолжил договорите на 18 те хонорарци.

13- годишно момче од Битола починало на роденденска забава

Момче (13) од Битола починало во неделата на роденденска забава.

Трагедијата се случила во атарот на селото Крстоар, додека момчето славело со другарите.

На момчето околу 15 часот и 30 минути му се слошило додека си играло со момчињата, а присутните веднаш повикале брза помош, која го пренела во болницата во Битола.

По пристигнувањето во болница, момчето не давало знаци на живот, а лекарите по 40 минути реанимација можеле само да констатираат смрт.

Од полицијата изјавија дека не се познати причините за смртта и дека телото ќе биде испратено на обдукција. Исто така, како што наведоа, на телото не биле забележани траги на насилство.

Црната боја - признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената за ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување коешто открива дека човек е вообичаено „најпривлечен“ за другите, но им изгледа и „најпаметно“ и „најсамоуверено“ во црна облека.

Обемното истражување на британската интернет-продавница „Бајшртсонлајн“ (Вuytshirtsonline) во коешто учествувале повеќе од 1.000 испитаници, во таа смисла, посочува оти црната боја е на место бр. 1... Поточно, луѓето кои носат црна облека - и жени и мажи, другите ги гледаат како најпривлечни, најинтелигентни и со најголема самоувереност.

Во категоријата за самодоверба, црвената боја е на второ место, а на прво место во разредот ароганција. Црвената е место бр. 2 и во категоријата за привлечност, па и тука е веднаш зад црното, а трета е сината боја. Само 12 отсто од испитаниците го поврзуваат црвената облека со интелектот.

Луѓето кои носат жолта, портокалова и розова облека, испитаниците ги сметаат за најмалку интелигентни. Луѓето кои носат кафена облека се сметаат за најмалку привлечни. /МИА

притисни ентер