Грипот и вирусите ја преполнија Клиниката за пулмологија - Канал 5

Грипот и вирусите ја преполнија Клиниката за пулмологија

Битка за место повеќе на клиниката за пулмологија во Скопје, грипот и останатите респираторни болести ја преполнија со пациенти од целата држава до последен кревет, вели проф.д-р. Дејан Докиќ, директор на оваа установа, за Канал 5 Телевизија. 

Грипот и вирусите ја преполнија Клиниката за пулмологија

Според него, и покрај тоа што е сезона на грипот, дополнителен проблем во неговото ширење предизвикува и невообичаено топлото време за Јануари.

-Имаме пациенти што лежат и во ковид делот, значи полн е, имаме пациенти кои што заради нивното хронично заболување доаѓаат да се хоспитализираат на клиниката, но притоа се заразени и со инфлуенца, па мораме и тие да ги згрижиме а има и пациенти со цистична фиброза што лежат на пулмологија и навистина е многу, многу оптеретена клиниката, а од 12 јануари воведовме и втор дежурач, односно двајца доктори, затоа што тие не можат да постигнат.

Грипот и вирусите и натаму косат кај најмладите. Детската клиника во Козле работи со 90 процентна исполнетост, што, според д-р Ѓиновска-Тасевска е малку подобро од почетокот на Јануари, кога за новогодишните и Божиќни празници се барало кревет повеќе и имало далеку поинтензивни амбулантски прегледи.

-Сезоната на грипот ни е во самиот тек, топлото време го потенцира тоа, односно развојот на вирусите. Најчест во моментов е грипот-инфлуенцата, симптомите поради кои се јавуваат родителите со дечињата во нашите амбуланти за преглед се кашлицата и покачената температура, стандардната наша респираторна патологија.

Покрај топлото време, енормно загадениот воздух со кој се соочуваме изминатиов период дополнително го олеснува патот на вирусите до организмот, вели , д-р Докиќ. Пм 2,5 честичките и поситните од нив кои навлегуваат длабоко организмот ја оштетуваат и физичката бариера која дава заштита од вирусните инфекции.

-Доведуваат до зголемување на бројот на рецептори, како што е риновирусот и за респираторен сенсецијален вирус, тие ги зголемуваат рецепторите на површината од епителните клетки и овозможуваат да овој тип на вируси навлезат во организмот и да предизвикаат настинка, секако се разбира тука станува збор и за поголем број на пациенти со грип.

Како заштита од загадениот воздух, д-р Докиќ ги препорачува н-95 маските, бидејќи хируршките немаат ефект. Во однос на дечињата, д-р Ѓиновска Тасевска вели, да се конзумираат витамини, минерали и здрава исхрана, бидејќи природниот имунитет е најдобар, воедно препорачува да се избегне групирање додека трае пикот на вирусите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

.Судењето почна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по трагедијата за време на настапот на групата ДНК.

Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска пред Основниот кривичен суд Скопје, а обвинението го застапува тимот од 15 главни обвинители. Опфатени се десетици физички и правни лица за тешки дела против општата безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Либија бара украинскиот претседател Зеленски да биде ставен на листата на терористи?

Зеленски на листата на терористи?

Либија бара украинскиот претседател Зеленски да биде ставен на листата на терористи?

Членот на Претседателскиот совет на Либија, Муса ал-Кони, оцени дека нападот врз пристаништето во Бенгази претставува „објава на војна против либиската држава“.

Тој побара итна седница на Советот за безбедност на ОН, како и ставање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на листата на терористи.

Ал-Кони во изјава, пренесена од либискиот портал „Ал-Васат“, наведе дека Бенгази бил изложен на „отворена воена агресија“. Според него, цел на нападот биле морското пристаниште и неговите клучни објекти, при што е причинета материјална штета, а има и повредени цивили.

Тој смета дека станува збор за директен напад врз суверенитетот, безбедноста и стабилноста на Либија.

„Ја сметаме украинската страна за целосно одговорна за овие терористички акти, за кои украинскиот претседател Володимир Зеленски презеде одговорност, ги најави и се фалеше со нив“, изјави Ал-Кони.

Зеленски претходно објави дека украински поморски дронови ја потопиле руската корвета „Меркур“ кај брегот на Либија и го погодиле рускиот товарен брод „МВ Ангара“, кој, според него, се користел за транспорт на оружје. Ал-Кони ги предупреди украинските власти да не ја претвораат Либија во арена за меѓусебни пресметки. Тој, исто така, најави покренување правни и дипломатски иницијативи на регионално и меѓународно ниво, вклучително и обраќање до Меѓународниот суд на правдата, Советот за безбедност на ОН и други организации. Тој побара од Советот за безбедност на ОН итно да свика седница, да го стави Зеленски на листата на терористи и да преземе итни мерки за запирање на, како што наведе, нападите. Тој ги повика Обединетите нации и меѓународните организации да спроведат сериозна и транспарентна меѓународна истрага, да ги идентификуваат одговорните и да ги заштитат цивилите и клучните објекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Сообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова Шапка

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Известување:

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 60 метри има на патниот правец село Лисец-Попова Шапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер