Грин со трет по ред „трипл-дабл“ - Канал 5

Грин со трет по ред „трипл-дабл“

Кошаркарот на Голден Стејт Дрејмонд Грин на трет натпревар во низа остварува „трипл-дабл“. Ноќеска во победата на неговиот тим над Шарлот, Грин имаше учинок 13 поени, 15 скокови и 10 асистенции.

Грин со трет по ред „трипл-дабл“
За шампионот Голден Стејт ова беше 32.победа, а втора екипа која оваа сезона во НБА лигата стигнува до 30.победа е Сан Антонио, откако на гостувањето кај Милвоки беше убедлив совладувајќи го ривалот со 25 поени разлика.

Резултати на ноќеска одиграните дуели во НБА лигата:
Кливленд - Торонто 122:100,
Филаделфија - Минесота 109:99,
Бруклин - Бостон 94:103,
Детроит - Орландо 115:89,
Мајами - Индијана 103:100 (по продолжение),
Милвоки - Сан Антонио 98:123,
Оклахома Сити - Сакраменто 104:116,
Јута - Хјустон 91:93,
Портланд - Мемфис 78:91,
Голден Стејт - Шарлот 111:101.

Вечер се играат четири натпревари.

Пласман Источна конференција: Кливленд 23-9 (победи-порази), Чикаго 20-12, Мајами 21-13, Атланта 21-14, Торонто 21-15, Индијана 19-15, Бостон 19-15, Детроит 19-16,...

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 32-2, Сан Антонио 30-6, Оклахома Сити 24-11, ЛА Клиперс 22-13, Далас 19-15, Мемфис 19-17, Хјустон 17-19, Јута 15-18,.../МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познат Англичанец остана без работа поради скандал, сега објави бизарна снимка со палачинки (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер Џермејн Џенас (43) испрати порака до критичарите преку бизарно видео објавено на Инстаграм. 

Познат Англичанец остана без работа поради скандал, сега објави бизарна снимка со палачинки (ВИДЕО)

Во видеото, поранешниот играч од средниот ред на Англија танцува без маица пред чинија со палачинки. Џенас го носеше дресот на репрезентацијата 21 пат во својата кариера и имаше 202 настапи за Тотенхем. За време на неговиот престој на Вајт Харт Лејн, тој ја делеше соблекувалната со Лука Модриќ, а играше и за Њукасл, Нотингем Форест, Астон Вила и КПР.

По завршувањето на неговата играчка кариера, која беше скратена и завршена со повреди во 2014 година, Џенас најде ангажман во медиумите. Работел како водител на церемониите на УЕФА, а на Би-Би-Си имаше постојан ангажман како дел од емисијата „Меч на денот“. Беше отпуштен во август 2024 година.

Причината беа несоодветните пораки што им ги испраќаше на две жени. Џенас беше редовен соработник на Би-Би-Си и Радио 5 Лајв, а неколку месеци откако обвинувањата станаа јавни, неговата сопруга Ели Пенфолд објави дека се разделуваат по 16 години брак.

„Изгубив сè“

Во интервју за емисијата „Добро утро Британијо“ на ITV, Џенас рече дека „изгубил сè“ по „тежок двегодишен период“. Тој изрази жалење за своето однесување, но додаде дека верува оти бил „строго казнет“ за своите грешки.

Порано овој месец, тој беше виден на море со новата девојка Ан Лепладер, а двојката ја потврди врската минатата година.

„Веќе не ми е гајле што се зборува“

Во објава на Инстаграм во сабота, Џенас одлучи да им возврати на критичарите. Заедно со видео од него како танцува и врти чинија со палачинки со бело чоколадо, тој напиша порака: „Веќе не ми е гајле што се зборува... Ти и тие е*ете се... Со почит“.

По објавата, тој додаде: „Моите палачинки од бело чоколадо по тренинг во сабота наутро се легендарни, имајте прекрасен викенд на сите“.

Легендарниот англиски фудбалер Рио Фердинанд шегувајќи се реагираше на објавата, пишувајќи: „Окккккк... овие песни воопшто не одговараат на описот“. Поранешниот соиграч од репрезентацијата, Шон Рајт-Филипс, исто така се вклучи со смешен емотикон. Џенас му одговори на Фердинанд: „Немаш поим за оваа музика, опушти се“.

Џенас се најде во центарот на гореспоменатиот скандал кога колега го обвини дека ѝ испраќал несоодветни пораки, а по неа, се јавија и други жени со слични обвинувања. Би-Би-Си го отпушти, а англиските медиуми пишуваат дека Џенас заработувал околу 200.000 фунти (234.000 евра) годишно на таа работа. Во август 2024 година, во подкаст на Talksport, тој презеде дел од одговорноста: „Не направив ништо нелегално, ова беа несоодветни пораки помеѓу двајца возрасни кои се согласија. Срам ми е и длабоко ми е жал. Се разочарав себеси, моето семејство, пријателите и колегите и им должам извинување на сите. Многу ми е жал.

Мислам дека би било фер да кажам дека имам проблем. Знам дека се саботирам себеси и имам самодеструктивен нагон кога станува збор за мојата врска и знам дека ми треба помош. И добивам помош. Направив многу грешки и во моментов си поставувам многу прашања. Знам дека има многу работа што треба да се направи и ќе биде тешко.

Пред да стане јавно ова, го посетив мојот лекар и по многу дискусии, се запишав на терапија. Сакам да се обидам да ги решам овие проблеми, да откријам од каде доаѓаат и зошто го правам ова и ги повредувам луѓето што ги сакам. Не сум горд на она што го направив и она што го кажав. И го сметам за измама, да, иако никогаш не се случило ништо физичко.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АА: Состојбата во градот Гостивар се движи кон целосна нормализација, да не се користи за политички поени

Состојбата во градот Гостивар се движи кон целосна нормализација, благодарение на ангажманот на локалните и централните институции, организациите, пријателите и сите вклучени страни.

АА: Состојбата во градот Гостивар се движи кон целосна нормализација, да не се користи за политички поени

Состојбата во градот Гостивар се движи кон целосна нормализација, благодарение на ангажманот на локалните и централните институции, организациите, пријателите и сите вклучени страни, на кои им изразуваме искрена благодарност за нивната висока подготвеност и покажаната поддршка.

Кризните штабови, на централно и локално ниво, функционираат исклучително добро. Општина Гостивар целосно соработува со сите надлежни институции и ги стави на располагање сите свои капацитети за што побрзо надминување на состојбата.

Интензивно се работи на враќање на состојбата во нормала. Очекуваме наскоро да се обезбеди вода за техничка употреба, а потоа и безбедна вода за пиење.

Воедно, искрено ги повикуваме сите оваа ситуација да не ја користат за собирање политички поени, на штета на граѓаните, особено оние кои не донесоа ниту едно шише вода во Гостивар, туку се задоволија само со критикување на постапките на институциите.

Политички рејтинг не се гради врз туѓа несреќа. Во овој момент, приоритет треба да биде надминувањето на состојбата и поддршката на граѓаните.

Сите околности и одговорности треба да се утврдат преку правична, објективна и транспарентна постапка.

Алијанса за Албанците

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потрага по телата на планинарите од БиХ – 16 спасувачи ја пребаруваат руската планина Елбрус (ВИДЕО)

Спасувачкиот тим на планината Елбрус работи со проширени капацитети за да стигне до телата на граѓаните на Босна и Херцеговина кои загинаа поради влошување на временските услови, објавија тие.

Потрага по телата на планинарите од БиХ – 16 спасувачи ја пребаруваат руската планина Елбрус (ВИДЕО)

Според информациите објавени во 10 часот наутро, спасувачкиот тим е засилен и ги бара исчезнатите алпинисти во планинскиот масив Елбрус.

Во операцијата учествуваат 16 спасувачи.

Спасувачи од Одделот за вонредни ситуации Елбрус на руското Министерство за вонредни ситуации, водичи и придружници, спасувачи од центарот „Лидер“ на руското Министерство за вонредни ситуации и спасувачи на „КАВКАЗ.РФ“.

Да потсетиме дека за време на искачувањето на Елбрус загинаа д-р Мелиха Чаушевиќ, Алма и Денис Окановиќ, Алмир Кривдиќ и Нермин Талам. Сите беа од Зеница, а Харис Адиловиќ и Кемал Видимлиќ преживеаја.

Драмата на највисокиот врв во Европа започна вчера, кога група од седум члена тргна на искачување. Иако временските услови првично беа поволни, ситуацијата набрзо се промени. Ветерот достигна брзина од 45 километри на час, а до утрото се зголеми на околу 70 километри на час, што го отежнуваше останувањето на планината.

Еден од преживеаните успеа сам да се симне од планината и да повика помош, додека другиот беше пронајден од спасувачите. Двајцата беа однесени во болница, каде што им беше укажана медицинска помош.

Руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на Главната дирекција на Министерството за вонредни ситуации за регионот Кабардино-Балкарија, објави дека спасувачките служби водат натчовечка битка со суровите временски услови на планината.

„Телата на алпинистите се наоѓаат на таканареченото „седло“ на планината Елбрус, на надморска височина од 5.350 метри. Нивната евакуација ќе се изврши само кога временските услови ќе дозволат“, соопшти руското министерство. Заедно со ова соопштение, министерството објави и видео-снимка што сведочи за екстремните и недостапни услови на теренот.

Министерството за вонредни ситуации потврди дека двајцата спасени алпинисти веќе се евакуирани и предадени на медицински работници за понатамошна нега.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер