Ферати: Околу триесет проценти од вработените во министерството за политички систем немаат основна опрема
1Ферати: Околу триесет проценти од вработените во министерството за политички систем немаат основна опрема
Шоу бизГрета Гервиг во мигов не планира продолжение на „Барби“Режисерката Грета Гервиг во интервју за „Њујорк тајмс“ открива дека во мигов не планира продолжение на филмот „Барби“.- Така се чувствувам на крајот од секој филм - како никогаш да не би имала друга идеја и сè што некогаш сум сакала да правам, сум направила. Не би сакала да уништам ничиј сон, но за мене ова значи дека можноста за втор дел е - нула!, изјави Гервиг. „Барби“ заработи 155 милиони долари во САД во првиот викенд од прикажувањето, што е и најдобро викенд-остварување на жена-режисерка. Натаму во интервјуто, Гервиг, која го напиша и сценариото заедно со нејзиниот партнер Ноа Баумбах, рече дека „нема зборови“ за треската околу филмот за куклата „Барбика“. - Бев во Њујорк и го минав четвртокот и петокот само проверувајќи разни киносали, уверувајќи се дека сликата изгледа убаво и се обидував да не се обземам со контролата, што е тешко. Но, искрено, беше неверојатно при прошетките да гледам луѓе во розово. Ни во моите најлуди соништа не замислував вакво нешто, изјави Гервиг. Гервиг сега работи на уште еден долгоочекуван филм - „Снежана“. Режисерката-сценаристка ја напиша и оваа адаптација на приказната на „Дизни“, со Рејчел Зеглер во насловната улога, Гал Гадот како Злобната кралица итн. Филмот треба да го режира Марк Веб. „Снежана“ треба да се појави во кината вгодина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканБугарскиот парламент гласаше претседателските избори да се одржат на 25 октомвриБугарскиот парламент денеска гласаше претседателските и изборите за потпретседател на Бугарија да се одржат на 25 октомври, додека евентуалниот втор круг да се одржи на 1 ноември.За одлуката гласаа вкупно 138 пратеници од партиите прогресивна Бугарија, движење за права и слободи и преродба, никој не беше против, додека седум пратеници од движењето „промените продолжуваат“ се воздржаа од гласање. Во согласност со Уставот на Бугарија, доколку ниту еден кандидат не го освои потребниот број гласови во првиот круг, вториот круг ќе се одржи седум дена подоцна, а силите ќе ги одмерат двајцата кандидати со најголема поддршка.Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФерати: Околу триесет проценти од вработените во министерството за политички систем немаат основна опрема„Околу 30 проценти од вработените немаат ниту основна опрема за работа“, порача министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати на брифинг со новинарите, на кој ги презентираше првичните наоди од анализата на работењето на министерството.Ферати рече дека во институцијата има 139 вработени, но дека човечките и материјалните ресурси не биле целосно искористени. Ферати посочи дека при увидот не биле утврдени индиции за незаконско финансиско работење, но како сериозен недостаток го издвои недостигот од долгорочно стратешко планирање. Министерот најави нова систематизација на министерството и формирање оддел за стратешко партнерство, меѓународна соработка и односи со Европската унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
БалканСилниот ветер ги разгорува пожарите низ Грција, најтешка состојбата на КритПожарникарите продолжуваат со борбата против големите шумски пожари низ грција, каде силниот ветер предизвикува нови жаришта и го отежнува локализирањето на огнената стихија.Најкритична останува состојбата во областа Агиа Параскеви во Ретимно, на островот Крит, каде екипите цела ноќ се бореа со пожарот, а со првите утрински часови повторно беа вклучени и противпожарни авиони. Грчката служба за цивилна заштита предупреди дека регионот Атика, поширокото подрачје околу Атина и уште неколку делови од земјата денес се под многу висок ризик од пожари и ги повика граѓаните строго да ги почитуваат предупредувањата и упатствата на надлежните служби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08