Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
3Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
ЗабаваГреми: Некој покажа глас некој стас!!Церемонијалот на доделувањето на музичките награди „Греми“ покрај презентација на најдобрите гласови отсекогаш е и една своевидна модна писта на светски убавици.Дамите секогаш црвениот тепих го користеле и малку да се покажат. Во галеријата погледнете во какво издание на црвениот тепих пред доделувањето на Греми наградите ппрошетаа: Кристолин Лојд, Марен Морис, Коко Остин, Камила Кабело, Луис Фонси и Агеда Лопез, Лана Дел Реј, Ана Мартинс и Хајди Клум. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонија го одбележува 11 ОктомвриМакедонија денеска го слави 11 Октомври е денот кога во 1941 година со нападите во Прилеп и Куманово започна организиранот антифашистичко востание за слобода и сопствена држава.Овој голем празник останува морален компас кој потврдува дека македонскиот народ секогаш ја избрал вистинската страна на историјата. Борбата од 1941 година ги постави темелите на АСНОМ и на современата независна Македонија. Со низа свечености денека се одбележува празникот. Централниот настан е во Куманово... Таму е Михаило Донев, го имаме во живо.. Михаило како помина настанот? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: 11 Октомври Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија „Безбеден град“ се шири во југозападниот регионКамерите од системот на МВР „Безбеден град“ од утре ќе бидат вклучени и на подрачјето во Охрид, Струга, Кичево и Дебар. МВР информира дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција. Оттаму апелираат до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот. -По извшените технички проверки и финалните тестирања камерите на системот ќе бидат ставени во функција во подрачјето на СВР Охрид. Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. изјави – Гоце Андреевски –портпарол на МВР. Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава а од неодамна ја стави во функција веб апликацијата Безбеден град наменета за странските државјани каде според МВР заклучно со 05.10.2026 регистрирани се вкупно 53.437 прекршоци од странци. -23.202 прекршоци биле евидентирани во периодот од 19 до 31 август, во септември нивниот број се искачил на 27.723, додека во првите пет дена од октомври биле регистрирани уште 2.512 прекршоци. МВР. Во меѓувреме, додека МВР најавува проширување на системот „Безбеден град“, кој веќе регистрира и мотоциклисти што ја надминуваат дозволената брзина, на социјалната мрежа ТикТок се појави видео на кое се гледа како мотоциклист со голема брзина се движи по булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, претекнува возила непосредно пред пешачки премин и вози на едно тркало. Снимката е направена во близина на Универзалната сала, на истата локација каде што во јануари 2025 година животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова. Од МВР побаравме информации дали мотоциклистот од видеото е идентификуван и дали се преземени мерки против него, но до овој момент од Министерството не добивме одговор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаПрилеп и Куманово 1941: Пукна првата пушка против фашистичкиот окупаторСекоја нација има датуми што го надминуваат своето историско значење и стануваат трајни симболи на нејзините вредности и стремежи. За македонскиот народ, 11 Октомври е токму таков ден. Не само спомен на минатото или државен празник што се одбележува со свечености, туку симбол на слободата, правдата и отпорот кон угнетувањето. Настаните од 11 октомври 1941 година го означија почетокот на организираното вооружено востание против фашистичкиот окупатор. Тогаш прилепските партизани ја нападнаа бугарската полициска станица и телефонско-телеграфската мрежа, а следниот ден вооружени акции започнаа и во Куманово. Во време кога најголемиот дел од Македонија беше под окупација на Царска Бугарија, сојузник на нацистичка Германија, отпорот против фашизмот и бугарскиот окупациски режим прерасна во широко народноослободително движење. Но целта на таа борба не била само отпор против окупаторот. Таа била и борба за создавање сопствена држава, за право на слободен национален развој, за признавање на македонскиот јазик, култура и историска посебност. Македонските партизани не се бореле за туѓи национални проекти, туку за својата татковина и за правото Македонците конечно да бидат свои на своето. Без разлика на политичките толкувања, историските ревизии или обидите за намалување на неговото значење, 11 Октомври останува сведоштво дека македонскиот народ во најголемите историски искушенија се определил за антифашистичката борба. Осумдесет и пет години подоцна, 11 Октомври останува не само историски датум туку и морален компас што сведочи дека македонскиот народ знаел и умеел да ја избере правичната страна на историјата Тој е симболичен почеток на процесот што водеше кон Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година, кога беа поставени темелите на современата македонска држава, која во 1991 година ја стекна својата независност. Без Народноослободителната и антифашистичка борба, денешната македонска држава немаше да постои во формата во која ја познаваме. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter