Грците гневни: Објавена е снимка од разговорот на шефот на станицата и машиновозачот (ВИДЕО) - Канал 5

Грците гневни: Објавена е снимка од разговорот на шефот на станицата и машиновозачот (ВИДЕО)

Неверување, очај и гнев владеат во Грција откако десетици луѓе загинаа во најтешката железничка несреќа во историјата на земјата.

Грците гневни: Објавена е снимка од разговорот на шефот на станицата и машиновозачот (ВИДЕО)

Најмалку 46 лица загинаа во несреќата, која се случи на 534 километри северно од Атина, кога брз патнички воз кој се движел кон Солун се судрил со товарен воз што доаѓал на истата пруга, а потоа излетал од шините и се запалил.

Иако спасувачите се уште се на терен, надежта дека ќе пронајдат живи на 34 часа по несреќата исчезнува.

„Ќе биде многу тешко да се најдат преживеани, со оглед на температурата што се разви во вагоните. Тоа е најтешкиот дел, наместо да спасуваме животи, треба да ги извадиме мртвите“, изјави 40-годишниот спасувач Константинос Имамидис.

YouTube video

Преживеаните патници од брзиот воз, во кој се превезувале околу 350 луѓе, изјавиле дека се сеќаваат само на возот кој ненадејно запрел, по што вагоните биле зафатени од пламен. Многумина се спасиле од пламените јазици преку прозорците, а други биле исфрлени од возот при судирот и паднале на оддалеченост од 40 метри. Од 72 хоспитализирани патници, 15 се отпуштени, а 57 се уште се хоспитализирани, од кои шест на одделението за интензивна нега.

Огромното мнозинство на жртви се на возраст од 21 до 26 години. Во особено тешка состојба се еден млад човек во Општата болница во Лариса и две девојчиња во Универзитетската болница. Акцијата за извлекување луѓе од остатоците од вагоните продолжува и денеска. Локалните власти стравуваат дека бројот на загинати би можел да биде поголем, бидејќи околу 50 семејства се уште не ги пронашле своите најблиски.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис зборуваше по посетата на местото на судирот на патнички и товарен воз синоќа. Шефот на локалната железничка станица е обвинет за убиство од небрежност, додека грчкиот министер за транспорт си поднесе оставка.

По посетата на местото на несреќата, грчкиот премиер изјави дека сѐ упатува на трагична човечка грешка. „Правдата ќе си ја заврши работата“, рече тој во телевизиско обраќање.

59-годишниот шеф на сигналната станица е уапсен и обвинет за убиство од небрежност. Денеска е изведен пред истражителите и признал дека направил грешка, пренесува ЕРТТ. На сослушувањето тој наводно рекол дека „можеби погрешно постапил“. Напоменал и дека „имал многу работа“ и дека бил „уморен и преоптоварен“.

YouTube video

Според неговите тврдења, имало оштетување на столбот на ППЦ кај Палеофарсалос и затоа патничкиот воз бил пренасочен на линијата за спуштање за да се избегне струен удар. Тој се вратил на линијата за искачување и набргу по Лариса, на точката 118 А, повторно бил воден на линијата за спуштање, каде се наоѓал друг воз, по што дошло до судирот.

Членовите на синдикатот на железничарите сметаат дека безбедносните системи не функционирале како што треба. Тие наведуваат дека со години предупредуваат на проблеми.

Објавена е и аудио снимка од дијалогот меѓу спроводникот на возови и машиновозачот непосредно пред судирот на двата воза.

Возачот: Слушаш, Лариса?

Шефот на станицата: Слушам. На бројот 47 поминувате на црвениот излезен семафор до новиот влезен семафор на Порос.

Возачот: Васили, поминувам?

Шефот на станицата: Помини, помини.

Возач: Поминав.

Шефот на станицата: Среќно.

Вработен во железничката станица: Васили, да се вратам?

Шефот на станицата: Не, не вака затоа што следи 1564.

Вработен во железничката станица: Готово, добро, ќе го оставам дијагонално како што е.

Поради се, синоќа избија насилни протести во главниот град, Атина. Грците се бесни на владата, која ја приватизираше компанијата Хеленик Трејн, која моментално управува со целиот патнички и товарен сообраќај на железниците во земјата. Пријавени се повеќе пожари низ градот, причинета е материјална штета, а полицијата во акциите морала да употреби солзавец.

YouTube video

Дел од демонстрантите се собрале пред седиштето на железничкото претпријатие каде запалија свеќи за сите загинати во страшната несреќа. Протести се одржаа и во Солун и во Лариса, во близина на местото каде што се случи несреќата.

Никос Макрис седел на тротоарот пред болницата со сопругата чекајќи вести за неговата снаа, која била во посета на семејството во Атина. Други чекале на приземјето на зградата на болницата, многумина од нив плачеа. „Ја нема. Овде чекаме од два часот наутро“, рече тој.

Макрис изјавил дека неговата снаа била во предниот дел на возот, каде според пожарникарите, по судирот температурата се искачила на 1300 степени Целзиусови. „Сега го чекаме ДНК тестот. Ќе бидеме среќни ако имаме тело што можеме да го закопаме“, рече тој.

Се уште не е познато како возовите завршиле на истата пруга. „Поради грешката на еден идиот, загинаа толку многу деца и луѓе“, рече тој. Неговата сопруга плачеше. Другите беа многу лути. Роднина на една од жртвите извика: „Некое копиле мора да плати за ова“.

Голем дел од жртвите биле студенти кои се враќале дома во Солун по продолжениот викенд поради почетокот на грчкиот православен пост. „Ќерка ми ми се јави и ми рече: „Гориме“, изјави еден маж за државната телевизија ЕРТ. „Косата и гореше, врескаше“.

„Настана паника, се запалија каблите, огнот веднаш се прошири и додека се свртевме, горевме, огнот беше лево и десно од нас“, вели 28-годишниот патник Стергиос Миненис. Друг патник во еден од задните вагони рече дека почувствувал како возот се тресе и потоа се превртел.

„Успеав да излезам и да тргнам напред, возот беше свиткан под агол од 90 степени, половина од него висеше над карпата и гореше. Имаше пет повредени лица каде што стоев“, рече тој. Долината Темпи каде што се случи несреќата има лоша репутација за несреќи. Во 2003 година во таа област во автобуска несреќа загинаа 23 училишни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Завршниот мастерс за првпат по 2017 без Новак Ѓоковиќ

Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ нема да настапи на Завршниот мастерс во Торино, за првпат по 2017 година, со што завршува неговата деветгодишна низа.

Завршниот мастерс за првпат по 2017 без Новак Ѓоковиќ

Српскиот тенисер не успеа да се квалификува за завршниот турнир во сезоната, откако во второто коло на Мастерсот во Париз загуби од Австралиецот Ринки Хиџиката со резултат 2:6, 6:3, 6:3. Ѓоковиќ го освои првиот сет против 83-тиот тенисер во светот, но потоа неговата игра опадна.

Хиџиката го подигна нивото на својата игра, ги искористи укажаните шанси и оствари една од најголемите победи во својата кариера. За српскиот ас, ова значеше крај на сите надежи за пласман меѓу осумте најдобри тенисери кои ќе се борат за титулата во Торино.

Ова е само вторпат во последните 20 сезони Ѓоковиќ – иако е физички подготвен – да не настапи на Завршниот мастерс.

Претходно тоа се случи во 2017 година, кога го пропушти натпреварувањето поради повреда на лактот.

Седумкратниот победник на овој турнир, по долго време, ќе го следи крајот на сезоната надвор од терените.

Зад него е бурна година, одбележана со проблеми што влијаеја врз континуитетот на неговите настапи.

На почетокот на ноември, Ѓоковиќ изјави дека е блиску до решение за здравствените проблеми што го следеа во текот на изминатите 12 месеци. Тој нагласи дека неговите проблеми не се резултат на недоволен тренинг или подготовка, туку на здравствени околности.

„Оваа година фокусот беше на тоа да се чувствувам добро на теренот, а не толку на добрата игра. Во последно време се чувствувам подобро и верувам дека сме поблиску до решавање на проблемите со кои се соочувам“, изјави Ѓоковиќ.

Иако не успеа да обезбеди учество во Торино, Ѓоковиќ ја освои титулата во Пекинг во 2026 година, што беше 102-ри трофеј во неговата кариера.

Сезоната ја одбележаа и пласманот во финалето на Австралија Опен, како и во полуфиналето на Вимблдон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче до Мицкоски: Спинувате и дефокусирате за да избегате од одговорноста за Алта банка

Премиере, како и секогаш, добар дел од прашањето ви е спин и дефокус. Вие бевте премиер во 2025 година, вие сте премиер сега, не е Димитар Ковачевски премиер. 

Филипче до Мицкоски: Спинувате и дефокусирате за да избегате од одговорноста за Алта банка

Претседателот на СДСМ и пратеник д-р Венко Филипче, на денешната Надзорна расправа за „Причините за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, му порача на премиерот Мицкоски дека единствено што знае е да спинува и дефокусира за да ја избегне одговорноста за Алта банка. Филипче во дополнителното прашање го повика Мицкоси да одговори која е цената којашто ја плаќаат граѓаните коишто сега се редат во редици да си ги извадат своите пари ограничени една одредена сума.

„Премиере, како и секогаш, добар дел од прашањето ви е спин и дефокус. Вие бевте премиер во 2025 година, вие сте премиер сега, не е Димитар Ковачевски премиер. Алта банка влезе кај нас кога сте вие премиер, кога Трајко Славески е гувернер. Што се зборувало на тие седници на Владата тогаш, тогаш сте правеле континуитет од тие одлуки, тогаш на владата или имате забелешки само на еден дел од одлуките на тие влади на СДСМ или само така како што ви одговара?

Не може да се амнестирате од одговорноста. Ја браните банката како ваша да е, како тука да влезе Дојче банка или не знам која светска банка, а не Алта банка чиј сопственик сега е во затвор заради перење пари во Србија.

Тоа е вистината. Имате обврска да знаете за каков, за каков кредибилитет станува збор на газдата на банка којашто влегува тука на пазарот. И тоа што сега се случува е само доказ дека ние на тоа што укажувавме изминатите година дена беше вистина. Клучното прашање е зошто дозволивте, и на тоа не одговоривте влез на таква банка кај нас, за да сега граѓаните имаат таков проблем.

Вие може да дефокусирате и да зборувате и за ковид кризи и за маски и за вакцини и така натаму, ама тоа го правите во последно време ексклузивно кога немате одговор на другите суштински прашања. Давор Мацура е во затвор затоа што е осомничен за перење пари и за излекување близу 400 милиони евра.

Таков газда на таква банка влегла кај нас. Зошто не видовте како била казнета или намерно пропуштивте да видите како таа банка била казнета во Австрија, согласно австриските закони, европските закони. Па во Црна Гора наивни ли се што му забраниле влез на Давор Мацура во земјата? Која е цената која што ние сега сите треба да ја платиме за нестабилноста во банкарскиот сектор, за сомнежот којшто граѓаните го имаат во банкарскиот сектор?

Кој знае каква банка утре ќе влезе? Можеме повторно и за Евростандард да збориме, ама не е тоа суштината. Суштината е да се фокусираме на овие важни прашања и на вашата одговорност. Која е цената којашто ја плаќаат граѓаните коишто сега се редат во редици да си ги извадат своите пари ограничени една одредена сума.Тоа се суштинските прашања, а не ковидот, не вакцините и така натаму“, рече Филипче.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден ја одбележа 25-годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Драго Маневски

Со положување свежо цвеќе пред спомен-плочата на македонскиот бранител Драго Маневски, Општина Илинден ја одбележа 25-годишнината од неговото трагично загинување.

Општина Илинден ја одбележа 25-годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Драго Маневски

Делегација од Општина Илинден, предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, положи свежо цвеќе и му оддаде почит на херојот од 2001 година, кој го положи својот живот во одбрана на татковината.

Драго Маневски е роден во 1966 година во Марино, а трагично го загуби животот на 11 ноември 2001 година во селото Требош, како припадник на македонските безбедносни сили.

Со достоинство и почит, Општина Илинден го чува споменот за храброста, пожртвуваноста и херојското дело на Драго Маневски, во чија чест спортскиот комплекс во населба Илинден го носи неговото име, како траен симбол на благодарност и почит кон неговата жртва за татковината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер