Грција воведува ограничување на социјалните мрежи за деца под 15 години- ќе важи ли и за туристите? - Канал 5

Грција воведува ограничување на социјалните мрежи за деца под 15 години- ќе важи ли и за туристите?

Грција наскоро ќе презентира мерки што ќе го ограничат пристапот до одредени социјални мрежи за деца под 15 години, објави премиерот Киријакос Мицотакис.

Грција воведува ограничување на социјалните мрежи за деца под 15 години- ќе важи ли и за туристите?

Зборувајќи на форум во Атина, Мицотакис нагласи дека владата ги финализира предлозите и дека одлуките ќе бидат презентирани во текот на следниот месец. Како што изјави, сите мерки ќе бидат усогласени со европското законодавство, особено со Законот за дигитални услуги, со цел да бидат применливи и правно одржливи, пишува Блумберг.

Целта е да се ограничи пристапот до одредени социјални мрежи за најмладите корисници и да се намалат потенцијалните негативни влијанија на дигиталното опкружување.

Брзината на ширење на лажните вести како клучен проблем

Премиерот предупреди дека лажните вести не се нов феномен, но дека клучната разлика денес е брзината на нивното ширење. Содржината што буди силни емоции се шири многу побрзо, а дополнителен проблем е употребата на вештачка интелигенција, која може дополнително да го зголеми нејзиниот досег.

Затоа, како што нагласува, важно е да се зајакнат независните медиуми и одговорното известување.

Лично искуство со дезинформации

Мицотакис, исто така, се потсети на своите лични искуства со лажни вести, вклучувајќи го и случајот во 1985 година кога неговиот татко, поранешниот премиер Константинос Мицотакис, беше погрешно прикажан во медиумите како нацистички соработник. Иако фотографијата беше автентична, придружниот текст и насловот беа неточни, што имаше сериозно влијание за време на политичката кампања.

Премиерот на Грција, исто така, истакна дека слични напади неодамна се појавија на интернет, вклучително и насочени кон членови на неговото семејство.

Анонимноста на интернет ја отежнува борбата против лагите

Еден од најголемите предизвици, според него, е анонимноста на интернет. Владите, нагласи тој, мора да најдат начин да го разликуваат легитимното анонимно изразување од организираните мрежи на лажни сметки што манипулираат со јавното мислење.

Кампањите што доаѓаат од странство и можат да имаат пошироки безбедносни импликации се посебен проблем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!

Потресното сведоштво на мајка за насилството што го преживеало нејзиното дете во училиште повторно го отвора прашањето: Кој ги штити децата додека насилството станува нивно секојдневие?

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!

Пред години, Либерално-демократската младина ја започна кампањата „Свирни против булинг“, предупредувајќи дека врсничкото насилство не е детска игра, не е фаза на растење и не смее да се премолчува!

Предупредувавме, баравме превенција, едукација и институционална реакција. Но нашите апели не добија соодветен одговор.

Денес повторно слушаме сведоштва за деца што трпат понижување, физичко и психичко насилство. А каде се институциите? Каде се механизмите за заштита? Кој презема одговорност?

Нема оправдување за насилството! Нема оправдување за премолчувањето! И нема простор за уште една празна институционална изјава дека „се работи на случајот“!

ЛИДЕМ бара итно:

* Надлежните институции да го испитаат пријавениот случај и да обезбедат заштита на детето.

* Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да спроведат контрола на постапувањето по пријавите за врсничко насилство.

* Во секое училиште да функционира јасен, достапен и доверлив механизам за пријавување и заштита.

* Да се обезбеди психолошка поддршка за жртвите и системска превенција, со вклучување на родителите, наставниците и учениците.

* Јавно да се соопштат преземените системски мерки и роковите за нивно спроведување, со целосна заштита на приватноста на децата.

Не бараме одмазда меѓу деца. Бараме одговорност од возрасните и институциите што се должни да ги заштитат!

Доста е со кампањи само на хартија, протоколи во фиоки и реакции дури откако нечие дете ќе преживее траума!

ЛИДЕМ повторно го крева гласот и повикува на конкретна институционална акција. Ниту едно дете не смее да се плаши да оди на училиште!

Пред години свиревме за да го спречиме насилството. Денес прашуваме: ДАЛИ НЕКОЈ ВООПШТО НЀ СЛУШАШЕ?

СВИРНИ ПРОТИВ БУЛИНГ! НЕ МОЛЧИ ПРЕД НАСИЛСТВОТО!

Либерално-демократска младина

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

СДС под водство на Филипче доживеа политички дебакл. СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје.

Бројките и фактите се најдобриот показател за состојбата во која се наоѓа СДС која на чело со Филипче се претвори во партија без политичка визија, без убедлива понуда и без капацитет да се наметне како сериозна алтернатива помеѓу граѓаните.

Филипче под менторство на Заев ја претвори СДС во партија која се радува на порази.

На Филипче и СДС им посакуваме уште многу вакви „успеси“ четврти и петти места, славење на поразите и се помала поддршка од граѓаните, се наведува во пшартиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција мобилизира 70.000 полицајци пред новиот бран протести

Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска.

Франција мобилизира 70.000 полицајци пред новиот бран протести

Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска, а властите се загрижени за можно повторување на нивото на насилство видено минатиот викенд.

Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез објави дека масовното присуство на полицијата треба да спречи насилство и грабежи. Тој рече дека 70.000 полицајци и жандармериски персонал ќе бидат распоредени низ цела Франција.

Нуњез додаде дека имало бројни повици за насилство и грабежи, кои, според него, биле пораки од демонстрантите.

Голем број протести беа забранети, а рутата на маршот беше променета во Париз

Министерот за внатрешни работи рече дека голем број демонстрации веќе се забранети. Собирите ќе бидат дозволени ако организаторите обезбедат обезбедување, „и под услов, се разбира, тие да не се одржуваат на места каде што може да има грабежи, нарушување на јавниот ред и слично“.

Во Париз, маршот што го објавија синдикатите беше дозволен, но рутата беше променета. И покрај ограничувањата на демонстрациите во саботата, полицискиот час во чувствителните области на градовите остана на сила, рече Нуњез.

Младите луѓе протестираат со недели барајќи подобри услови во училиштата. Во текот на изминатиот викенд, други групи им се придружија на нивните протести во бројни градови, вклучувајќи ги и оние против високите трошоци за живот. На маргините на протестот избувнаа сериозни конфликти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер