Турци киднапирале маж во Призрен за да запре со градба- му ставиле вреќа на главата, откриени се од надзорни камери
1Турци киднапирале маж во Призрен за да запре со градба- му ставиле вреќа на главата, откриени се од надзорни камери
БалканГрција во шок: Полицаец со години ги силувал децата и го принудувал синот на инцест- приведен еПолицаец од Грција, кој е осомничен дека најмалку осум години физички и сексуално ја малтретирал сопругата полицајка и четирите нивни малолетни деца, во јавноста и на социјалните мрежи се претставувал како прекрасен татко и сопруг.Полицаец од Грција, кој е осомничен дека најмалку осум години физички и сексуално ја малтретирал сопругата полицајка и четирите нивни малолетни деца, во јавноста и на социјалните мрежи се претставувал како прекрасен татко и сопруг, кој дома се претворал во монструм. Сопругата, која исто така е полицајка, кон крајот на ноември го пријавила за насилство, а потоа открила дека осомничениот почнал да ги силува неговите три ќерки кога имале само пет години, а го принудил и синот на инцест. Во шокантното сведочење полицајката изјавила дека сопругот ја терал да се изживува над децата и со ќотек да им ги прави најгрозоморните работи, објави Катимерини. Семејството живеело низ терор со години, а никој не се сомневал во тоа. Медиумите јавуваат дека осомничениот речиси редовно објавувал фотографии од децата на социјалните мрежи, со трогателни зборови како „семејство“, „среќа“, „уживање“... Објавувал фотографии од возења со мотоцикл, заедно со сопругата. .. Се чинело дека сè функционираше идилично... И тогаш на крајот на ноември се дознало какво чудовиште е. Дотичниот полицаец бил распореден како обезбедување во собраниската зграда од 2019 година. Колегите верувале дека е семеен човек, добар сопруг и татко, иако слушнале дека има одредени психички проблеми, кои извесно време го спречувале да носи оружје... Тоа никој не го знаел од 2016 година, па сѐ до неговото апсење минатата недела , го изложил семејството на секојдневна тортура, психичко, физичко и сексуално насилство, поради што, се претпоставува, неговиот тогашен десетгодишен син, пред четири години, се обидел да се самоубие скокајќи од 3 кат од зградата. Медиумите, повикувајќи се на извори, пишуваат дека полицајката се обидела да го пријави сопругот за насилство уште во 2016 година. Ова се случувало во момент кога тој бил во болница и животот му бил во опасност. Наводно на пријател му се доверила дека сопругот ја тепал неа и децата. Но, кога нејзиниот сопруг се опоравил, таа му се јавила на истиот пријател и го рекла следново: „Ако дознае дека сум го пријавила, ќе биде уште полошо. Ќе го осудат, а кога ќе излезе ќе ме убие“. Насилството се влошуваше со текот на годините. Осомничениот почнал да ги силува своите ќерки кога имале само пет години, а потоа го принудил синот да ги напаѓа неговите сестри. Потоа со брутално насилство би ја принудил сопругата да се изживува врз децата. Секогаш кога ќе помислела да го пријави, тој ѝ се заканувал: „Само пробај, ќе одиш и ти во затвор, ти си мој соучесник“. На 18 ноември, несреќната жена конечно собрала храброст и им кажала на колегите дека нејзиниот сопруг ја претепал. Истиот ден полицаецот бил уапсен додека бил на должност во Парламентот. Веќе следниот ден тој бил суспендиран, а на 20 ноември му е одреден притвор. Но, тогаш полицаецот ѝ рекол на мајка си дека ќе се самоубие, поради што итно бил пренесен од притвор во психијатриското одделение на воената болница. Кога повторно се нашол „под клуч“, неговата сопруга повторно отишла во полиција и го раскажала целиот ужас што се случил зад затворени врати - дури и најстрашните детали за силување на децата. Според портпаролот на полицијата, децата на распитот ги потврдиле сите изјави на мајката. Засега не се знае дали против неа ќе биде покрената постапка, со оглед на тоа што и таа учествувала во најбруталното малтретирање деца, а поради тоа што осум години ја криела тортурата низ која поминувале децата. Според медиумите, осомничениот за време на рочиштето негирал сѐ. Додека трае истрагата, му е одредена мерка притвор. Засега не се знае дали тој ќе биде задржан во болница или префрлен во притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТурци киднапирале маж во Призрен за да запре со градба- му ставиле вреќа на главата, откриени се од надзорни камери Основниот суд во Призрен им одреди едномесечен притвор на петмина турски државјани осомничени за физички напад, киднапирање и незаконско лишување од слобода на човек.Основниот суд во Призрен им одреди едномесечен притвор на петмина турски државјани осомничени за физички напад, киднапирање и незаконско лишување од слобода на човек, а потоа и за принудување да се откаже од градежните работи што ги извршувал во овој град, објави Коха. Според судот, осомничените М. Д, М. Д. Г, С. К, Р. О. и М. П. се товарат за кривични дела лесна телесна повреда, принуда и незаконско лишување од слобода. Се сомнева дека на 1 ноември, околу 7:20 часот наутро, тие го пресретнале мажот по име С. Б. во Призрен, блокирајќи му го патот со комбе. После тоа, наводно физички го нападнале, го удирале со тупаници и клоцале, а за време на нападот користеле и ножеви, нанесувајќи му девет убодни рани и исеченици на несреќниот човек. По нападот, осомничените, според сомневањата на истражните органи, насилно го ставиле во комбе, му ставиле вреќа на главата и го однеле во приватна куќа во Приштина. Таму го држеле против негова волја околу десет часа, заканувајќи се и притискајќи го. Според обвинителството, целта на осомничените била да го принудат мажот да ги запре градежните работи на објектите на компанијата во Призрен, да ги отстрани работниците од градилиштето и да ја напушти земјата. Истиот ден, помеѓу 17 и 17:30 часот, осомничените наводно го вратиле во Призрен, исто така со вреќа преку главата, и го оставиле на улица, по што му била укажана помош во Регионалната болница во Призрен. Случајот бил пријавен во полиција откако на 3 ноември преку оперативни канали било примена снимка од нападот од надзорни камери, на која се гледа како пет лица физички напаѓаат маж, а потоа го насилно внесуваат во возило. Полицијата следниот ден ја идентификувала жртвата и преку интензивна истрага ги лоцирала и уапсила петмината осомничени. Судот им одредил едномесечен притвор по барање на обвинителството, оценувајќи дека постои ризик од бегство, бидејќи осомничените се странски државјани кои привремено работат во Призрен. Исто така, било оценето дека тие би можеле да влијаат врз оштетената страна и потенцијалните сведоци, како и да го попречат понатамошниот тек на истрагата.Тагови: камери Призрен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваЌерката на Кетрин Зета- Џонс во проѕирен фустан, ја имитира мајка си (ФОТО)Керис Даглас за состанок во Њујорк избра топ кој е постар од неа. На настанот на „Гучи“ и „Мода Операнди“, 23-годишната девојка носеше проѕирен црн топ од чипка со длабоко деколте, заедно со мини здолниште и хулахопки. Парчето е од времето кога Том Форд дизајнираше за „Гучи“, а Керис не го бараше во продавниците за винтиџ. Како што објавува „Пејџ Сикс“, таа го позајмила од плакарот на нејзината мајка, Кетрин Зета-Џонс. Кетрин Зета-Џонс, го носеше истиот топ во 1996 година на премиерата на филмот „Долгото збогување“, но го комбинираше поинаку. Под проѕирната чипка носеше црн топ без прерамки, со панталони направени од истата чипка. Топот на „Гучи“ е од деведесеттите години, но проѕирната црна чипка е во тренд оваа есен. Сен Лоран ја покажа во раскошни вечерни фустани, додека Кајт искомбинираше црн топ од чипка со кадифени панталони. Чипка видовме и надвор од пистата. Зои Кравиц пристигна на ревијата на Сен Лоран во проѕирен црн кардиган со врзување и здолниште од чипка во иста боја, а Хејли Бибер носеше топ од чипка со хулахопки со ист цветен дезен.Тагови: Кетрин Зета-Џонс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветВо МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан МААЕ не ја знае точната локација или статус на иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан, ниту дали содржи нуклеарен материјал. Иран го прогласи објектот минатата година, но сè уште не им дозволил пристап на инспекторите, според извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија што го виде Ројтерс. Недостатокот на информации и неможноста за проверка на нуклеарниот материјал се сериозна загриженост во врска со нуклеарната пролиферација, се вели во извештајот. Иран не им дозволил на инспекторите да се вратат во нуклеарните објекти што Израел и САД ги бомбардираа во јуни минатата година, објави Ројтерс. Меѓу целите беше мрежа од тунели во Исфахан, за која дипломатите веруваат дека го содржи Иранскиот објект за збогатување гориво (IFEP). Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно изјави дека значителна количина од високо збогатениот ураниум на Иран веројатно се наоѓа во комплексот на тунели во Исфахан. Агенцијата повторно го повика Иран да обезбеди податоци за своите нуклеарни објекти и залихи на високо збогатен ураниум, како и да им дозволи на инспекторите да се вратат на бомбардираните локации.Тагови: МААЕ ураниум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter