БМВ со поминати 435.000 километри вози одлично, но сопственичката мора да го продаде поради законот (ВИДЕО)
2БМВ со поминати 435.000 километри вози одлично, но сопственичката мора да го продаде поради законот (ВИДЕО)
БалканГрција се вооружува: Со Израел потпишаа договор од 758 милиони долариГрчкото и израелското министерство за одбрана денеска во Атина потпишаа договор за купување израелски ракетни артилериски системи PULS за грчката армија, во вредност од околу 758 милиони американски долари.Грчкото и израелското министерство за одбрана денеска во Атина потпишаа договор за купување израелски ракетни артилериски системи PULS за грчката армија, во вредност од околу 758 милиони американски долари, објави израелското Министерство за одбрана. Вредноста на договорот е околу 2,3 милијарди израелски шекели, или приближно 757,8 милиони долари, според „Тајмс оф Израел“. Израелското Министерство за одбрана изјави дека овој договор е дел од стратегијата за проширување на извозот на одбранбената индустрија, со цел зајакнување на капацитетите на израелската војска, унапредување на политичките цели и поддршка на економијата. Системот PULS, кој го произведува израелската компанија Елбит, има дострел до 300 километри и, според официјалните лица, ќе придонесе за заштита на североисточната граница на Грција со Турција, како и на грчките острови во Егејското Море. Спогодбата предвидува и производство на одредени компоненти во Грција, а како што е најавено, спроведувањето на договорот ќе трае четири години, по што ќе следи десетгодишен период на поддршка и одржување. Грција и Израел развија економски и дипломатски односи, во последните години одржаа неколку заеднички воени вежби, а во јужна Грција работи центар за обука на пилоти, објаснува израелскиот портал. Грција, исто така, преговара со Израел за развој на противвоздушен и противракетен систем вреден околу три милијарди евра.Тагови: грција Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаЛепенец прекириен со чудна пена, што се влева во Вардар- се бара виновникот Необична пена го покри вливот на реката Лепенец во реката Вардар во Скопје.Пената попладнево беше забележлива и по течението на Вардар. Каква е моменталанта состојба ја прашуваме Маја Стојановска, која ја имаме повторно во живо. Маја каква е сликата на вливот на Лепенец во Вардар? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСнег падна на Пелистер среде лето (ФОТО)Снег на Пелистер и во лето. Затоа Пелистер е кралот на планините во Македонија. Истовремено е убав и моќен, но и не секогаш предвидлив во своите намери со кои сака да ни покажи дека мора да го почитуваме. Благодарност до сите вработени во пунктот на Национална радиодифузија на Врв Пелистер кои секогаш први не известуваат за сите изненадувања кои ги има Баба Планина, објавија на ФБ од Националниот парк Пелистер.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски направи еколошка катастрофа – Отровот стигна и до СкопјеПрво загадена вода за пиење во Гостивар, Валандово, Лешок, Крушево и Пласница.Дури и во болница немаше безбедна вода. Сега бела пена тече низ реката Лепенец во Скопје. Пената изгледа како да е синтетичка. Видливиот доказ за загадување што се излива директно во реката, токму таму каде што Лепенец се влева во Вардар. Ова веќе не е инцидент. Ова е системски колапс на институциите под команда на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО. Додека тие отвораат базени, менуваат министри и обвинуваат за „дезинформации“, реките се полнат со пена, а граѓаните не смеат да ја пијат водата од чешма. Мицкоски ја труе Македонија. Буквално, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook