3Беким Сали – Кристоф Исранг: Партнерството со Германија и конкретните реформи го забрзуваат европскиот пат
БалканГрција се согласува со ставот да нема раздвојување на европерспективата на Македонија и АлбанијаСе согласуваме со ставот што преовладува во Европа дека не треба да има раздвојување, рекол грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис .Во однос на европската перспектива на Македонија и Албанија, во разговор со грчките новинари по средбата со американскиот архиепископ и приемот во конзулатот на Грција во Њујорк. Како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, Мицотакис пред новинарите говорел за повеќе теми, меѓу кои и за правото на глас на Грците кои живеат во странство, за земјата како инвестициска дестинација, за кипарското прашање, како и за средбите со Реџеп Таип Ердоган и со Зоран Заев и европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, jави дописничката на МИА од Атина. -Земјите од Европската унија ќе го оценат текот на двете држави од западен Балкан и соодветно ќе се одлучат следните чекори. Се согласуваме со ставот што преовладува во Европа дека не треба да има раздвојување (decoupling), им рекол Мицотакис на грчките новинари според АНА-МПА. Грчката новинска агенција додава дека „Заев бара да постои различен третман бидејќи смета дека неговата земја ги исполнува сите предуслови, независно од тоа што ќе се случи со Албанија". Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЗдравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, откриена е цената за метар квадратенНајголемата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, но се уште не може да се всели во него. Сега е отркиена и сумата која популарниот Чола ја „искеширал“.Пред три години, Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, иако сè уште не се вселил во него. Изградбата на комплексот, кој гледа кон морето и марината, е во тек; се очекува првите две згради да бидат завршени во пролетта 2027 година. Популарниот Чола, го купил имотот во 2023 година, кога становите во комплексот се продавале по цена од приближно 5.500 евра за квадратен метар. Проектот, лоциран на возвишено место над брегот, опфаќа пет планирани згради со вкупно 150 станови. Агенцијата за недвижности задолжена за продажбата соопшти дека становите во првите две згради се речиси целосно распродадени. Сè уште се достапни станови во приземјето со површина од 50 квадратни метри, по цена од 5.800 евра за квадратен метар. За преостанатите три згради, постапката за добивање градежни дозволи е сè уште во тек. Дополнително, во соработка со „Хрватске шуме“ (Hrvatske šume), се подготвува решение за уредување на зелената падина под комплексот. Според проценките на агенцијата, сите пет згради би требало да бидат завршени до 2028 година.Тагови: здравко чолиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
БалканМајка во грција продала дете за 3.500 евра Две жени во Грција се под истрага и се соочуваат со обвиненија за незаконско посвојување, откако полициските проверки откриле сомнение дека новороденче било продадено од неговата мајка на друга жена во замена за пари.Според информациите објавени од грчката државна телевизија ЕРТ, 40-годишната мајка се сомничи дека на почетокот на оваа година го предала своето новородено бебе на 32-годишна жена од Аспропиргос, населено место западно од Атина. За продавањето на детето, наводно, добила 3.500 евра, а сомнежите се дека парите ги искористила за да купи автомобил.Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмериканскиот носач на авиони го напушти Блискиот Исток по три месециАмериканскиот носач на авиони по три месеци го напушти Блискиот Исток-Трамп го повлекува моќниот воен брод – еве каде се враќа Неговото заминување се случи само неколку дена откако носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“ пристигна на Блискиот Исток. Американскиот носач на авиони „УСС Џорџ Вашингтон“ го напушти Блискиот Исток по тримесечен престој во регионот, кој се одвиваше во контекст на војната со Иран. Оваа информација ја пренесе „USNI News“, повикувајќи се на претставник на американската морнарица. Сепак, морнарицата не даде дополнителни детали во врска со заминувањето на воениот брод. Според американски претставници, „УСС Џорџ Вашингтон“ најверојатно се враќа во својата матична база во Јапонија. Неговото заминување доаѓа само неколку дена откако носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“ пристигна на Блискиот Исток, придружувајќи му се на „УСС Џорџ Х.В. Буш“. „УСС Џорџ Вашингтон“ е единствениот американски носач на авиони што е трајно стациониран надвор од територијата на Соединетите Држави. Негова матична база е Јокосука, Јапонија, а во Блискиот Исток пристигна во август. Според претходна изјава на Централната команда на САД (CENTCOM), со неговото пристигнување беше заменет носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“, кој претходните девет месеци ги помина во регионот, поддржувајќи воени операции против Иран – вклучително и блокада на иранските пристаништа. Заминувањето на „УСС Џорџ Вашингтон“ од Пацификот во август, исто така, имаше пошироки импликации за военото присуство на САД во тој регион, бидејќи Соединетите Држави останаа без носач на авиони во западниот дел на Пацификот.Тагови: американски бродови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter