Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа
Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит
1Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа
2Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит
3Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
МакедонијаГрција протера тројца руски дипломати кои „ работеле“ против договорот со Македонија Разгори ли Договорот за името дипломатска криза меѓу Грција и Русија? Атина протера двајца руски дипломати и забрани влез за уште двајца, Москва возврати со иста мерка, како вовед во најстудената фаза во односите меѓу двете земји. Грчките медиуми објавија дека ваквиот епилог е резултат на обидите на Русија за незаконски дејствија против нациоанланата безедност во земјата, вклучително и да се поткопа Преспанскиот договор. Русија презеде напори да интервенира во чувствителното национално прашање, како што е договорот со ПЈРМ и со тоа, негативно влијае на улогата на Грција на Балканот, се вели во текстот на грчки Катимерини. Грчкиот портпарол Ѕанакопулос не открива детали, но признава дека имало мешање во внатрешните работи на Грција. -Грција сака добри односи со сите земји, но не може да прифати однесување кое се коси со меѓународното право и не покажува почит кон грчката држава. Нашите проценки се дека имало такво однесување и ние ќе ги преземеме сите неопходни мерки во таа насока, изјави Димитрис Ѕанакопулос, портпарол на грчката влада Во истата насока и со реципрочни мерки експресно одговори и Москва. Интерфакс, повикувајќи се на изјавата на рускиот пратеник од горниот дом Андреј Климов, објави дека и Русија протерува двајца грчки диупломати. Повикувајќи се на дипломатски извори, Катимерини објави дека покрај за спорот за името, Русија ги презела и следните активности. *мешање во внатрешните работи на Грција *обид да се се стекнат и објават информации и да се поткупат грчки оперативци *нудење финансиска награди за општините и митрополитите со цел да се обезбеди влијание на Света Гора Москва, според руските медиуми, се сомнева во вистинските причини за протерувањето на дипломатите и смета дека се работи за истата глобална координирана акција, која почна во март како одговор на труењето на рускиот шпуон Сергеј Скрипал во Британија. Грција тогаш не се солидаризира со 20-те земји членки на Унијата, кои протераа руски дипломати. Македонија беше дел од кампањата и протера еруски дипломат од Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканИзборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа Мртва трка со само неколку проценти предност за партијата на Вучиќ, односно за Студентската листа, предвидуваат изборните анкети на ден пред изборите во Србија. Според „Нова српска политичка мисла“ , Студентската листа е во предност за 2 процента пред Вучиќ или 44,5 наспрема 42,7 проценти. ИПСОС , пак предвидува победа на Вучиќ со предност од 7,4 проценти пред Студентската листа или 47,4 наспрема 40 проценти. Вонредните парламентарни избори во Србија, кои ќе се одржат на 25 октомври, ќе бидат 15-ти парламентарни избори во таа земја од 1990 година, а воедно и јубилејни, десетти вонредни избори. Право на глас имаат околу шест и пол милиони гласачи, кои ќе изберат 250 претставници во српскиот Парламент. Според политичките проценки, ова се најважните парламентарни избори во Србија од падот на Слободан Милошевиќ во октомври 2000 година. Главната битка се води помеѓу две листи - онаа на Александар Вучиќ и студентската листа, која во моментов е негов најголем противник. Вучиќ се обидува со овие избори да ја врати премиерската функција и на тој начин да остане на власт, која ја држи од 2012 година. Ова се и првите избори на кои Вучиќ не е фаворит и на кои студентската листа има големи шанси за победа. Секако, конечната пресуда ќе ја дадат гласачите, а многу ќе биде познато веќе во недела навечер, по 20 часот, кога ќе бидат објавени првите резултати. Доколку по овие избори во Србија се формира нова влада, тоа ќе биде 21-ва влада по ред од 1990 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Црна хроникаЛишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ .Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Г.(20) и К.Д.(23), И.Ш.(28), С.Т.(20) сите од Скопје, Р.Ш.(22) од с.Морани, скопско, А.В.(20) од с.Радишани, скопско, Љ.М.(59) од с.Ресава, кавадаречко, Н.Ј.(35) од с.Слупчане, Општина Липково, и А.А.(18) од Прилеп и Д.К.(18) од с.Тополчани, прилепско. Со активна мерка - забрана возило управувале Д.Ќ.(47) од Велес и М.Б.(30) од Крушево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаГолема рација во Италија- полицијата врши претреси во повеќе градови поради насилните протести Италијанската полиција изврши повеќе од 150 претреси во Милано, Монца и уште 20 градови, главно во Ломбардија, како дел од истрагата започната по немирите од минатиот викенд со кои се бори Италија, објави Анса.Италија се соочува со голем тест - за денес се планирани десетици протести. Италијанската влада во среда усвои декрет за итни мерки за зачувување на јавната безбедност и борба против малолетничкиот криминал, по неодамнешните демонстрации и насилни судири во Милано. Мерките предвидуваат превентивно притворање на малолетници, построги казни за организирано насилство и распоредување на дополнителни 500 војници на улиците на градот. Според новите правила, се воведува претпоставка за здрав разум за малолетници кои наполниле 14 години, што значи дека ќе се сметаат за способни да го разберат значењето на своите постапки и да ги управуваат, освен ако не се докаже спротивното.Тагови: италија протести Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook