ВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи?
1ВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи?
БалканГрција отворена за туристи, но согласно листата од ЕУ, за Македонија границите остануваат затворениЗа македонските државјани, границите кон Грција и понатаму ќе бидат затворени до 15 јули 2020 година, со оглед на тоа дека јужниот сосед се води според одлуките на европско ниво.Грција денеска ги отвора регионалните аеродроми, дел од копнените гранични премини и дел од пристаништата за туристи од Европската унија, од Шенген зоната, како и за државјаните на третите земји, кои се најдоа на листата што вчера ја соопшти ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина. За македонските државјани, границите кон Грција и понатаму ќе бидат затворени до 15 јули 2020 година, со оглед на тоа дека јужниот сосед се води според одлуките на европско ниво. -Грција, следејќи ја европската препорака, ја проширува можноста за влез во земјата и за постојаните жители на следните трети земји (листата ќе се ажурира на 15 дена): Алжир, Австралија, Грузија, Јапонија, Канада, Мароко, Црна Гора, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Руанда, Србија, Уругвај, Тајланд, Тунис, Кина (ќе се разгледа врз основа на взаемност), соопшти вчера портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас. Во однос на копнените граници, на граничните премини со Северна Македонија, Албанија и Турција дозволени се преминувања само за есенцијални причини, односно за членови на семејства на европски државјани, вработени во здравствениот сектор, лица кои се грижат за стари лица, сезонските работници во земјоделскиот сектор, вработените во транспортот, дипломати, меѓународен воен персонал, хуманитарни работници кои се на должност, транзит патници, патници кои патуваат од неопходни семејни причини, студенти. На границата со Бугарија, туристите ќе можат да влегуваат во Грција само преку граничниот премин Промахонас, како што беше и досега. Од денеска отворени се седум копнени гранични премини, еден со Северна Македонија (Евзони) и по два со Албанија, Бугарија и Турција. Листата со трети земји важи и за меѓународните летови на аеродромите во цела Грција, односно и за авионскиот транспорт, продолжува да важи забраната за македонските државјани. Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција издаде нови упатства, според кои забраната за влез на државјани од земји кои не се во ЕУ, продолжува да важи до 15 јули 2020 година. Исклучок се државите од европската листа. Освен атинскиот аеродром кој воопшто не беше затворен за време на карантинот и солунскиот што беше отворен на 15 јуни, од денеска дозволени се меѓународни летови кон сите аеродроми во Грција, а до 15 јули се забранети директните летови од Велика Британија и Шведска. Во однос на морскиот меѓународен сообраќај, отворени се пристаништата во грчките градови Патра и Игуменица. Туристите во Грција ќе доаѓаат без тест и без карантин, но ќе имаат обврска, најмалку 48 часа пред патувањето да имаат пополнето специјален образец „Passenger Locator Form (PLF)", достапен на интернет страница https://travel.gov.gr/#/ . Откако во неколку чекори ќе ги пополнат сите потребни податоци, што ќе добијат единствен баркод (QR code), според кој ќе се врши и селекција на патниците и кои ќе бидат тестирани за Ковид-19. Образецот во електронска или отпечатена верзија ќе треба посетителите да го покажат при пристигнувањето на граничниот премин, на аеродромот или на пристаништето. Во зависност од кодот на секое лице, патниците или ќе бидат однесени во делот за тестирање или ќе им биде дозволено да го продолжат патувањето кон нивната крајна дестинација, но ќе добијат информации и упатства од граничните службеници што ќе треба да направат во случај да им се појават симптоми, односно дека ќе треба да ја контактираат грчката Национална организација за јавно здравје. Согласно баркодовите ќе се вршат и наменски тестови за Ковид-19 на сите влезни точки во Грција, а секој оној кој ќе биде тестиран, потребно ќе биде да останат еден ден во самоизолација во хотелот или туристичкиот објект каде што ќе бидат сместени, сѐ додека да ги добијат резултатите од тестот. Доколку е негативен ќе го продолжат одморот. Во случај да е позитивен, 14 дена ќе бидат во државен карантин во специјално одредените хотели-карантини. На копнените граници, предвидено е тестовите да ги вршат претставници на Националната организација за јавно здравје, додека пак на регионалните аеродроми на островите и на пристаништата на кои ќе пристигнуваат крузери, одговорноста ќе ја имаат здравствени лица од грчката војска. По наредба на министерот за одбрана на Грција Никос Панајотопулос во следните три месеци, 126 претставници на армијата ќе бидат распределени на 22 аеродроми и на четири точки во земјата за туристи од бродовите за крстарење. Како што соопштија од Министерството за одбрана, претставниците на војската ќе бидат надлежни за земање примероци за тест од патниците, а бројот на тестови, анализите и резултатите се во одговорност на Националната организација за јавно здравје и Министерството за здравство на Грција. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на вчерашната владина седница рече дека направиле најдобра можна подготовка за почетокот на туристичката сезона, додавајќи дека нема отстапки во прашањата поврзани со безбедноста и јавното здравје. Официјална Атина, акцентот го става на безбедноста и заштитата на јавното и на туристите и на локалното население, но и на туристичките работници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи?По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи или на јахтата на менторот Заев по нови инструкцииПо изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче го снема од медиумскиот простор. Додека претходно речиси секојдневно Филипче држеше прес-конференции, сега го нема никаде. СДС на предвремените локални избори во Брвеница, е со пад од 8% во однос на минатите избори во 2025 година, а СДС на чело со Филипче слави пораз од 4 спрема 1 на избори. Очигледно, резултатите и не се за славење, па Филипче отиде на „одмор“ или по инструкции од менторот Заев. Каде е Филипче дали замина на јахтата на Заев во Егејското Море или на одмор во Дубаи? Наместо да излезе пред јавноста и да понесе одговорност за резултатите на СДС, Филипче молчи. По ваков изборен пораз, Филипче бега од соочување со реалноста. Во Брвеница, СДС доживеа убедлив пораз од ВМРО-ДПМНЕ, со резултат од 4 спрема 1. Тоа е вистинската слика за политиката што ја води Филипче и за состојбата во која се наоѓа СДС под негово раководство. Под водство на Филипче, партијата се соочува со сериозно политичко маргинализирање. Кога резултатите се лоши, лидерот треба да излезе пред јавноста, а не да исчезне од медиумите. Му посакуваме на Филипче уште многу вакви „успеси“ како оној во Брвеница. Ако ова е неговата визија за победа, тогаш СДС има сериозна причина да се загрижи за својата политичка иднина. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВидео: Тирана повторо„гореше“,молотовлеви коктели, оган, водени топови За време на деветтиот ден од протестите во Тирана, демонстрантите фрлија неколку Молотовлеви коктели кон кабинетот на премиерот на земјата, Еди Рама, како и кон полицискиот кордон што ја обезбедуваше зградата, објави албанскиот медиум „Еуроњуз“ (EurМолотовите коктели предизвикаа мал пожар, кој беше брзо изгаснат од дежурната противпожарна служба. Водените топови беа во подготвеност, но не беа употребени, а полицијата исто така не упати никакви повици до демонстрантите. Clashes in the Albanian capital, Tirana, escalated into full-scale street battles by mid-day today. Furthermore, protesters are actively dismantling surveillance cameras throughout the city. https://t.co/zFx3z1iOmo — 𝕊𝕡𝕣𝕚𝕟𝕥𝕖𝕣 𝕻𝕣𝕖𝕤𝕤 (@SprinterPress) October 21, 2026 Демонстрациите завршија по неколку часа со марш до плоштадот „Скендербег“. Демонстрантите најавија продолжување на протестот утре, за кога е закажана пленарна седница на владата. Во Албанија, веќе девет дена се одржуваат протести предводени од студенти. Тие започнаа поради незадоволство од состојбата во образованието, високите трошоци за студирање и слабите можности за вработување на младите, но прераснаа во пошироки демонстрации против владата на албанскиот премиер Еди Рама, со барања за негова оставка. Премиерот на Албанија утрово се огласи преку видео на социјалните мрежи, во кое го повтори повикот за дијалог со демонстрантите. 🇦🇱 Albânia: protestos pedem mudança radical na política. A Praça Skanderbeg, em Tirana, registra o sexto dia consecutivo de protestos contra o governo de Edi Rama. #Albânia #Tirana #Protestos #EdiRama #Política #Democracia #Europa #FronteiraLivre https://t.co/AkzZlwnp6M — Fronteira Livre (@fronteira_livre) October 22, 2026 Во видеото објавено утрово на Фејсбук – за разлика од претходниот ден, кога поканите ги стави на столици – денес тој ги постави на бетонски клупи. Видеото е проследено со коментарот „Добро утро“. Според локалните медиуми, денес се очекува уште еден напнат ден во Тирана, бидејќи студенти и граѓани најавија нов собир пред албанскиот парламент.Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДипломатијата без конкретен напредок кон мир во УкраинаПо разговорите во Осло и Санкт Петербург, останува неизвесно дали војната во Украина е поблиску до крај.Средбите меѓу Зеленски, американскиот пратеник Стив Виткоф и европските претставници беа оценети како конструктивни. Во Осло беше разгледана можноста за трилатерална средба меѓу Трамп, Путин и Зеленски. Сепак, Москва засега не покажува подготвеност за средба на највисоко ниво. Кремљ најави можност за продолжување на разговорите во Абу Даби следниот месец. Но, тие би се одржале на техничко, а не на лидерско ниво. Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, оцени дека разговорите во Осло не донеле многу корисни предлози. Американскиот пратеник Виткоф порача дека останува уште значајна работа за постигнување договор.во меѓувреме, Украина се соочува со сериозен притисок врз воздушната одбрана.Претстојната зима дополнително ја зголемува загриженоста за состојбата во земјата.Се разгледува и можноста за средба на Трамп, Путин и Си Џинпинг во Кина. Засега нема конкретни показатели дека договорот за завршување на војната е на дофат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38