Грција од мај дозволува влез на вакцинирани туристи - Канал 5

Грција од мај дозволува влез на вакцинирани туристи

Лицата кои биле вакцинирани, имаат антитела или имаат негативен тест на коронавирус, ќе можат да заминат на одмор во Грција, најави денеска министерот за туризам Хари Теохарис.

Грција од мај дозволува  влез на вакцинирани туристи

Туризмот и носи најголем приход на Грција, па земјата побарала воспоставување на сертификат за вакцинација на ниво на ЕУ за да се дозволат патувањата.

Индустријата сочинува петтина од грчката економија и вработува еден од пет работници, но од минатата година е погодена од пандемијата на коронавирус.

Грција има намера да ја отвори летната сезона до средината на мај, објави Теохарис додека се обрати на саемот за туризам ИТБ во Берлин од музејот Акропол во Атина.

„Грција е подготвена и има сеопфатен протокол за летото 2021 година“, рече Теохарис.

"Туристите ќе бидат добредојдени ако се вакцинирани, имаат антитела или негативен наод пред патувањето. Сите туристи сепак ,ќе бидат подложени на случајно тестирање", додаде тој.

Грчкиот министер за туризам рече дека приоритет по вакцинирањето на најранливите ќе бидат луѓето вработени во угостителската индустрија и дека ќе биде потребно почесто тестирање на вработените.

Грција затвори неколку делови од земјата за да го спречи ширењето на коронавирусот, откако наглото зголемување на инфекциите изврши притисок врз здравствениот систем, но сепак се држи подобро од поголемиот дел од Европа.

Речиси 7.000 жртви на ковиди-19 се потврдени во земјата од почетокот на пандемијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тргнува градскиот воз Зелениково – Скопје

Од денеска почна да сообраќа градскиот воз меѓу Зелениково и железничката станица Скопје.

Тргнува градскиот воз Зелениково – Скопје

Линијата ќе има по осум поаѓања дневно во двата правца, а патувањето, зависно од терминот, ќе трае приближно од 24 до 28 минути.

Првиот воз од Зелениково тргна во 6:20 часот, а предвидени се поаѓања во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. На патот кон централната железничка станица возот ќе минува преку Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче. Во обратниот правец, првиот воз од железничката станица Скопје појде во 5:32 часот. Потоа следуваат термините во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнува новата учебна година

Со три илјади првачиња помалку од лани и многу предизвици, денеска стартува новата учебна година.

Почнува новата учебна година

Министерката Јаневска информира дека над 238 илјади ученици ја почнуваат учебната година и дека се обезбедени учебници за сите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Денес сончево и топло

Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во наредните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност која ќе биде поизразена во среда и четврток кога процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Во петок и за време на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер