Грција незаконски им ги намалила пензиите на 2,5 милиони пензионери - Канал 5

Грција незаконски им ги намалила пензиите на 2,5 милиони пензионери

Грција можеби ќе мора да им врати милијарди евра на пензионерите поради незаконски намалените пензии за време на финансиската криза, се вели во резимето на судската одлука.

Грција незаконски им ги намалила пензиите на 2,5 милиони пензионери

За надминување на должничката криза, Грција доби три меѓународни финансиски пакети од 2010 до 2015 година што вклучуваше обврска за намалување на владините трошоци.

Во последниве години, владата постојано ги намалува државните пензии за да го направи пензискиот систем одржлив, објаснува Ројтерс.

Илјадници пензионери, чиишто пензии се намалени до 50 проценти, поднеле тужби, а највисокиот управен суд досудил дека некои намалувања во 2015 и 2016 година не биле во согласност со законот. Резимето на пресудата објавено денес не содржи детали.

Така, Државниот совет не прецизира во резимето дали одлуката важи само за пензионерите кои поднеле тужба или за сите 2,5 милиони пензионери чии пензии се намалени.

Трошоците за враќање на незаконски намалените пензии би можеле да достигнат и до три милијарди евра, вели експертот за работни односи, Костас Бурлос.

„Ние прво треба да ги видиме сите детали за одлуката, тогаш ќе одлучиме каква ќе биде нашата стратегија“, изјави неименуван владин претставник за Ројтерс.

Грчката економија ќе опадне оваа година поради пандемијата на „ковид-19“ од 7,5 на 10,5 проценти. За 10-годишната криза, економијата е намалена за една четвртина, потсетува Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гвардиола одмора во Дубаи и гледа кошарка

Еден од најтрофејните тренери во светскиот фудбал, екс предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по напорните сезони на клупата на граѓаните е на заслужен одмор. 

Гвардиола одмора во Дубаи и гледа кошарка

Пеп во моментов одмора во Дубаи каде ја следи и кошаркарската Евролига.

Шест месеци по заминувањето од Манчестер Сити – со кој освои 20 трофеи – тој денеска беше забележан во Дубаи, на натпреварот од Евролигата меѓу домашниот клуб Дубаи и Анадолу Ефес.

Пред почетокот на натпреварот во „Кока-Кола Арена“, генералниот менаџер на клубот од Дубаи, Дејан Камењашевиќ, му врачи на Гвардиола клупски дрес на самиот терен со неоговото презиме и бројот четири – истиот број што прославениот тренер го носеше како фудбалер на Барселона во текот на 1990-тите години.

На овој меч Пеп се сретна и со свoјот пријател и сонародник од Каталонија, стратегот на домаќините Чави Пасквал, тренерот кој со Барселона ја освои Евролигата во 2010 година – токму во периодот кога фудбалскиот тим на Гвардиола доминираше во Европа.

Страста на Гвардиола кон врвната кошарка не е ништо ново. Ова е веќе негов втор натпревар во Евролигата во последниот месец, откако кон средината на октомври во Барселона го следеше дуелот Барселона и Олимпијакос, кој отиде во продолжение.

Тој, исто така, беше на трибините во „Палау Блауграна“ во 2022 година на натпреварот против АСВЕЛ, а во 2015 година, како тренер на Баерн, го гледаше натпреварот меѓу минхенскиот клуб и Химки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мексиканската претседателка му порача на Си дека сака поголема соработка со Кина

Мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум, во разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави дека Мексико сака да ја зајакне соработката со Кина. 

Мексиканската претседателка му порача на Си дека сака поголема соработка со Кина

Како области од посебен интерес таа ги издвои технологијата, земјоделството, управувањето со водните ресурси, здравството и туризмот, пренесува Ројтерс.

Средбата се одржа во Шенжен – центар за технологија и производство во јужна Кина – во пресрет на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).

Кинески предлози за соработка

Кинеските државни медиуми објавија дека Си Џинпинг повикал на искрени односи и продлабочување на меѓусебната политичка доверба. Тој нагласи дека двете земји треба да промовираат пријателска соработка и да го зајакнат стратешкото усогласување.

Си додаде дека соработката треба да се продлабочи и во областите на инфраструктурата, технологијата, чистата енергија, културата и туризмот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.

Борците во рингот,браќата Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилничкото однесување во елитен хотел во Абу даби. 

Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.

Грузискиот УФЦ-борец и шампион, Мераб Двалишвили, бил физички нападнат од браќата Нурмагомедов, Усман и Умар.

Тој тврди дека напаѓачите го изненадиле од зад грб додека тој и еден негов пријател извршувале медиумски обврски пред меч. Како што подоцна беше објавено, едно од лицата било осудено на шест месеци затвор поради тепачка во хотелско лоби во Абу Даби, во која учествувале непоразениот ПФЛ-шампион Усман Нурмагомедов и ММА-борецот Мераб Двалишвили.

Властите во Абу Даби потврдија дека казната за осумтемина обвинети е променета – тие нема да издржуваат затворска казна, туку ќе треба да платат парична казна од 150.000 дирхами, односно 41.000 долари.

Според информациите објавени во ММА медиумите и од извори блиски до случувањата, дошло до помирување меѓу грузиските и руските борци, бидејќи Мераб Двалишвили и неговиот пријател Саба Лазишвили не побарале кривично гонење на семејството Нурмагомедов.

Целиот случај се одрази врз спортските планови на Умар Нурмагомедов, кој требаше да се бори против живата легенда на УФЦ, Јураја Фејбер.

Неговиот настап беше откажан, а на негово место настапи Лазишвили. Браќата Нурмагомедов сега се на слобода, а останува да се види какви ќе бидат понатамошните последици од овој инцидент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер