Грција нема да испрати во Украина Ф-16 или противракетни системи - Канал 5

Грција нема да испрати во Украина Ф-16 или противракетни системи

- Сакам да бидам јасен, Грција не отстапи Ф-16 во иницијативата Ф-16. Постојат други земји што го направија овој избор. Но, нашата цел е да ѝ овозможиме на Украина да се брани на најефикасен начин, рече Мицотакис.

Грција нема да испрати во Украина Ф-16 или противракетни системи

Можноста Грција да испрати во Украина Ф-16 или противракетни системи Патриот или системи С-300, целосно ја отфрли грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на прес конференцијата во Вашингтон по завршувањето на НАТО Самитот, јави дописничката на МИА од Атина.

- Сакам да бидам јасен, Грција не отстапи Ф-16 во иницијативата Ф-16. Постојат други земји што го направија овој избор. Но, нашата цел е да ѝ овозможиме на Украина да се брани на најефикасен начин, рече Мицотакис.

Додаде дека важно е да постои одржлив и праведен мир, „овој мир не може да се постигне во услови на капитулација на Украина, а за Украина да не капитулира, треба сите да продолжиме да ја поддржуваме“.

-Имам повторено дека Грција нема да ѝ отстапи на Украина ниту системи Патриот ниту системи С-300. Отстапивме други типови на противвоздушни системи, со помал дострел, секогаш, да го повторам ова, во согласност со Генералштабот на националната одбрана, за да ја поддржиме Украина во оваа многу тешка битка што ја води, рече Мицотакис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Пејачка го покажа бујното деколте

Популарната пејачка Лидија Бачиќ Лили, позната по својата енергија и активната комуникација со обожавателите, повторно го привлече вниманието со својата најнова објава на Инстаграм.

Фото: Пејачка го покажа бујното деколте

По серијата летни концерти долж крајбрежјето, пејачката сподели неколку фотографии со кратка и едноставна порака, откривајќи интересен моден избор.

Облечена во црн горен дел од бикини од тантела и тексас-здолниште со висок струк, пејачката позираше потпрена на една голема карпа, прикажувајќи опуштена летна комбинација.

Нејзината објава, проследена само со краткиот поздрав „Здраво“, предизвика лавина реакции, а фановите, како и обично, ја опсипаа со комплименти и емотикони во форма на оган и срце.

Атрактивната пејачка и претходно објави фотки во бикини кои со воодушевување беа прифатени од нејзините фанови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За излез од Македонија на Богородица и Дојран се чека три часа

Повеќе од 17000 лица ја напуштиле македонија во последните 24 часа преку ГП Богородица и ГП Дојран кон Грција.

За излез од Македонија на Богородица и Дојран се чека три часа

Во истиот период во земјава влегле околу 16000 птници, покажуваат податоците на министерството за внатрешни работи.

Преку Богородица во Македонија влегле 5864 македонски државјани а изглегле 5948, од странски државјани влегле 10249, а излегле 11648.

На Дојран се евиндентирани 399 влегувања и 1104 излегувања на македонски државјани , странци 1295 влегле, 1174 излегле.

Поради големената фреквенција на двата гранички премини се создадени долги колони возила, најголем метеж беше забележан на Дојран, каде колоната возила се протегаше низ целиот Стар Дојран.

Од МВР велат дека се ангажирани сите расположливи човечки и технички ресусри за побрз проток на патниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се запали автобус на „Дурмо Турс“ на автопатот Тетово Гостивар

Автобус на компанијата „Дурмо Турс“ денеска се запали на автопатот Тетово Гостивар, предизвикувајќи вознемиреност кај патниците и останатите учесници во сообраќајот. 

Се запали автобус на „Дурмо Турс“ на автопатот Тетово Гостивар

На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа како автобусот е зафатен од пламен, додека густ чад се издига над коловозот.

Според првичните информации, возачот навреме го запрел автобусот, по што сите патници безбедно биле евакуирани. Засега нема информации за повредени лица, а на местото на настанот интервенирале противпожарни екипи кои го локализирале пожарот. Надлежните институции вршат увид за да се утврдат причините за избувнувањето на огнот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер