Грција ќе набави 40 авиони Ф-35 од САД и ќе добие бесплатен пакет воена опрема - Канал 5

Грција ќе набави 40 авиони Ф-35 од САД и ќе добие бесплатен пакет воена опрема

Шест чекори за проширување на одбранбената и безбедносната соработка меѓу Грција и САД, опишува американскиот државен секретар Ентони Блинкен во писмото испратено до грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис

Грција ќе набави 40 авиони Ф-35 од САД и ќе добие бесплатен пакет воена опрема

Шест чекори за проширување на одбранбената и безбедносната соработка меѓу Грција и САД, опишува американскиот државен секретар Ентони Блинкен во писмото испратено до грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во кое информира дека Грција ќе набави до 40 американски воени авиони Ф-35 и бесплатно ќе добие пакет воена опрема, јави дописничката на МИА од Атина.

Блинкен пишува дека Конгресот е информиран за намерата од САД во Грција да бидат испратени два транспортера Ц-130, десет мотори за авиони П-3 и 60 оклопни борбени возила Бредли, а дополнително ќе биде известен за најмногу 40 нови авиони Ф-35 преку воена продажба во странство, како и за отстапување на три бродови и разни камиони и приколки, како вишок одбранбен материјал.

Американскиот државен секретар во писмото истакнува дека одбранбената трговија со НАТО сојузниците е „фундаментална компонента на нашите напори за зајакнување на европската безбедност“, но и за зајакнување на колективните одбранбени способности на Алијансата.

- За таа цел, се обидовме да соработуваме тесно со Грција за да ги унапредиме нашите заеднички интереси и меѓународниот мир и безбедност, кои се од витално значење за продолжување на меѓународниот поредок заснован на правила. Овој силен билатерален однос е доказ за силните врски меѓу нашите нации и јас сум охрабрен од напредокот што го постигнавме заедно во рамките на Договорот за меѓусебна одбранбена соработка меѓу САД и Грција за одржување силни, способни и интероперативни војски, пишува Блинкен.

На крајот од писмото истакнува дека „Грција направи значителен напредок во модернизацијата на своите одбранбени капацитети“ и изразува надеж за развивање посилни стратешки односи меѓу вооружените сили на двете земји.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по добиеното писмо од државниот секретар на САД истакна дека „денеска е важен ден за националната одбрана и за грчката дипломатија“, бидејќи „стратешката длабочина на грчко-американските односи е истакната и запечатена“.

Објасни дека пакетот воена опрема земјата ги обезбедила по барањето што во мај 2022 година, лично го упатил до американскиот претседател Бајден.

Соопшти дека земјата ќе набави 40 воени авиони од најновата генерација Ф-35 и заедно со бесплатниот пакет воена опрема истакна дека Грција „решително ги зајакнува сите три гранки на вооружените сили, како и грчката крајбрежна служба“.

Посочи дека земјата е двојно заштитена, а грчките даночни обврзници не се оптоварени, „бидејќи пакетот ќе биде достапен бесплатно, од американските резерви“.

- Тоа е резултат на методичен, тивок и долг напор, кој ја комбинираше сојузничката конзистентност на Грција на меѓународните фронтови со промовирањето на нејзините национални интереси. Резултат кој во исто време ги консолидира динамичните и независни грчко-американски стратешки односи. Денешната разврска ја оправдува активната дипломатија на кредибилитет што ја следевме секаде во последните години: од војната во Украина, проширувањето на НАТО и енергетската безбедност на Европа, до тензиите во Источниот Медитеран и драмата на Блискиот Исток, истакна Мицотакис.

Тој додаде дека Грција сега игра активна улога во западниот свет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран поставува седум услови за САД: „Во интерес на Вашингтон е да ги прифати овие услови“

Иран му достави на САД седум услови за почеток на какви било преговори, соопшти Мохсен Резаеи, секретар на иранскиот Врховен совет за национална безбедност. 

Иран поставува седум услови за САД: „Во интерес на Вашингтон е да ги прифати овие услови“

Целосната листа на услови сè уште не е објавена.

„Техеран му пренесе на Вашингтон седум услови за почеток на какви било преговори. Пораката на Техеран е јасна и недвосмислена: доколку Вашингтон сака да излезе од ќорсокакот што самиот го создаде и да избегне уште подлабоко да заглави во него, нема друг избор освен да ги прифати правата и условите на Иран“, напиша Резаеи на платформата „Икс“ (X).

Неколку часа претходно, во интервју за „Ал Џезира“, Резаеи ги откри трите барања што Иран ги поставува за завршување на војната: прекин на војната на сите фронтови, одмрзнување на иранските средства и укинување на американската поморска блокада.

„Нашите услови се: прекин на војната на сите фронтови, одмрзнување на нашите средства и прекин на поморската блокада“, рече Резаеи. Тој не ги откри преостанатите четири услови.

Според него, Катар, како посредник, веќе ги пренел барањата на Иран до Вашингтон, а Техеран сега го очекува одговорот на актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

„Остануваме во контакт со посредникот Катар, кој ги пренесе нашите услови до Вашингтон со цел да се стави крај на војната. Го очекуваме одговорот на претседателот Трамп“, изјави Резаеи.

Истовремено, еден ирански функционер предупреди дека Техеран е подготвен да го продолжи конфликтот доколку преговорите пропаднат.

„Во интерес на Вашингтон е да ги прифати овие услови. Заканите на Трамп нема да донесат никаков резултат. Подготвени сме за одлучувачка војна“, изјави Резаеи за Ал Џезира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Функциите на ЗНАМ се менливи, касата останува - отчетот е филм а предавството е факт

ЗНАМ излезе од кино со реченицата: функциите доаѓаат и си одат, Македонија останува.

СДСМ: Функциите на ЗНАМ се менливи, касата останува - отчетот е филм а предавството е факт

Отчетот бил обврска, не завршница. Пет пратеници што „знаат зошто се во Собранието“.

Минчев зборуваше за реформи, плати, инфраструктура и зголемување на пензиите.

Тоа „зголемување“ е само кражба од пензионерите. Самите си го ставија во брошурата како резултат.

Ова не е настан за љубов кон татковината туку отчет за шефот Мицкоски.

ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски. Да ја урне СДСМ одвнатре.

Прво ја предадоа партијата. Потоа гласачите. Влегоа во власта. Станаа сателити на ВМРО-ОКГ.

Глас. Столче. Тендер. Пошта. Плац за Лидл. Фирма во Бугарија, па стана Максо и „странски инвеститор“.

Две години кражба. Две години народот го држат како заложник. Сега брошура и 14 градови да објаснат колку ја сакаат Македонија.

Нека објаснат колку чини столчето. Нека објаснат зошто патриотите имаат бугарски пасоши.

Има и втора смена. ЗНАМ 2.0. Платформата на Мицкоски за „реформи“ во СДСМ.

1,6 милиони евра од буџет. На грбот на народот. Буџет за СДСМ да свири по негова плејлиста.

За Гета дадоа 5,53 милиони евра. За делење на опозицијата - 1,6 милиони евра. Поевтино. Иста каса. Иста банда.

Првата верзија влезе во влада. Втората требаше да биде во СДСМ. Не успеа.

Затоа сега повторно се собираат „за иднината на Мицкоски“. Отчетот не е завршница туку проба.

Следниот чин нека го прават во Бела палата. Филмот го знаеме.

Предавството имаше еден датум. Сега има два.

ЗНАМ не е движење туку привзезок. Функциите се менливи. Провизијата останува. Македонија не им е љубов туку терен за кражба.

Граѓаните нема да одат на панел да им честитаат што ги продале. Одат на следни избори да ја вратат државата. Бандата да одговара. Пред суд. Не пред платно.

20.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Масовен напад со дронови врз Москва. Има загинати и повредени, погодена рафинерија

Најмалку две лица загинале, а шестмина се повредени во напад со беспилотни летала извршен во текот на ноќта во пошироката област на Москва, кој руските власти го опишаа како „масовен“. 

Видео: Масовен напад со дронови врз Москва. Има загинати и повредени, погодена  рафинерија

Гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов, соопшти дека биле соборени 249 беспилотни летала и дека избувнале пожари во неколку станбени згради и во еден магацин.

Во самата Москва била оштетена рафинерија за нафта, а два аеродрома вовеле ограничувања во сообраќајот, пренесува Би-би-си.

Денеска , Воробјов прецизираше на Телеграм дека 44-годишна жена загинала откако дрон удрил во трикатна зграда, при што биле повредени уште пет лица, меѓу кои и две деца.

Тој исто така потврди дека постар маж починал во погодената приватна куќа во областа Орехово-Зујево. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, извести дека дрон удрил во зграда во близина на градскиот булевар и потврди дека е оштетена рафинеријата за нафта.

Претходно, Собјанин соопшти дека 152 дрона биле соборени на пат кон Москва.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер