Грција ја отвора туристичката сеозна на 15-ти јуни, тестови за Ковид-19 не се задолжителни - Канал 5

Грција ја отвора туристичката сеозна на 15-ти јуни, тестови за Ковид-19 не се задолжителни

На 15-ти јуни почнува туристичката сезона во Грција, објави во видео порака грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис презентирајќи го владиниот план за економијата, поддршката на работните места и туризмот.

Грција ја отвора туристичката сеозна на 15-ти јуни, тестови за Ковид-19 не се задолжителни

Вели за туристите во Грција нема да биде задолжителен тест за Ковид-19, ќе се тестира само по случаен избори.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку седум лица загинаа во руски ракетен напад врз Украина – меѓу нив и деца

Најмалку седум лица, меѓу кои две деца, загинаа за време на масовен руски ракетен и беспилотен напад врз Украина извршен во текот на ноќта.

Најмалку седум лица загинаа во руски ракетен напад врз Украина – меѓу нив и деца

Според изјавите на официјални лица, шест од загинатите се во регионот на Криви Рог, а еден во Киев. Меѓу загинатите во централниот украински град Криви Рог се и две девојчиња на возраст од пет и 12 години..

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди еден смртен случај и пожари на повеќе области во главниот град.

Експлозии се слушнале и во Лавов, каде што се пријавени оштетувања на станбени згради. Како одговор на нападите во Украина, соседна Полска мобилизира борбени авиони како превентивна мерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД извршија нови воздушни напади врз цели во Иран

САД синоќа извршија нови воздушни напади врз цели во Иран, соопшти американската војска, откако претседателот Доналд Трамп најави одмазда поради, како што рече, иранските напади врз американски војници на Блискиот Исток.

САД извршија нови воздушни напади врз цели во Иран

Сепак, и покрај заканите и предупредувањата на Трамп, тој не ја исклучи можноста за продолжување на дипломатски разговори меѓу двете страни

Од друга страна пак, заменик-министерот за надворешни работи на Иран изјави дека Техеран повеќе од две недели нема побарано обновување на преговорите со САД.

Воената ескалација дополнително се усложни со првите јавно потврдени заеднички американско-саудиски напади, кои уследија по нападите со дронови врз Саудиска Арабија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Граѓаните се труеле со години, а СДС и Филипче молчеле иако добиле анализи од приближно 400 испитувања за загадена вода

Граѓаните се труеле со години, а СДС и Филипче како министер молчеле иако добиле анализи од приближно 400 испитувања за загадена вода.

Манасиевски: Граѓаните се труеле со години, а СДС и Филипче молчеле иако добиле анализи од приближно 400 испитувања за загадена вода

За 400 испитувања не било постапено, ниту пак биле известени граѓаните да не ја пијат водата.

Венко Филипче денеска се обидува да држи лекции за заштита на здравјето на граѓаните, а токму во неговиот мандат како министер за здравство и истоимената институција Министерство за здравство располагале со информации за стотици случаи на неисправна вода, за кои граѓаните и јавноста не биле информирани.

Денес, истиот човек кој не им кажал на граѓаните што пијат тогаш, денес се обидува да се претстави како заштитник на јавното здравје.

Еве неколку примери:

На ден 12.08.2021 година, Чешма во здравствен дом во М.Каменица не била исправна;

Понатаму, 27.07.2021 година, чешма пред училиште Гумалево, Зелениково, не била исправна, повторувам чешма пред училиште во Зелениково;

Денеска слушаме од СДС говорат за Дебарца па еве тука има документ кој вели на 29.06.2021 година, била земена мостра од вода за пиење од локален водоводен систем и утврдено е дека водата била небезбедна. Односно има отсуство на резидуален хлор. Ете зошто не го решиле проблемот досега.

Одиме понатаму,

Требеништа, Дебарца, истото место за кое што денеска говореа.

Земање на мостра 11.05.2021 година, од место вода за пиење

има отсуство на резидуален хлор и микробиолошка контаминација. Присуство на бактеријата Ешерихија Коли.Зошто Филипче како министер и Социјалдемократскиот сојуз тогаш молчеле и не го решиле овој проблем?

Во Кочани одморалиште Пониква на 06.07.2021. Сето ова додека Филипче е министер за здравство и до него биле праќани овие извештаи, пишува Министерство за здравство, се вели дека водата не одговара на законски стручни прописи во однос на бактериолошка анализа, затоа што водата за пиење во одмаралиштето Пониква не одговарала на законските и стручните прописи во однос на испитаните параметри и има зголемен број на бактерии и присуство на бактеријата Ешерихија Коли.

Повторно прашуваме зошто тука Венко Филипче како министер и Социјалдемократскиот сојуз не реагирале. Поставуваме едно многу едноставно прашање. Ако тогаш Филипче молчел, а имал институционална одговорност, со каков кредибилитет денес тој говори за здравјето на граѓаните?

Има пријави до МВР и тие се поднесени. Очекуваме и Јавното обвинителство да го истражи овој скандалозен случај и да се утврди дали со прикривањето на овие информации биле загрозени здравјето и животите на граѓаните. Никој не смее да биде над законот без разлика на функцијата што ја извршувал.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер