БалканГрција ѝ ги предава посмртните останки на цар Самоил на БугаријаГрција ќе и ги предаде посмртните останки на цар Самоил на Бугарија. По повеќе од десет години преговори меѓу двете земји договорот предвидува речипрочна размена .Грција ќе и ги предаде посмртните останки на цар Самоил на Бугарија. По повеќе од десет години преговори меѓу двете земји договорот предвидува речипрочна размена – Бугарија за возврат ќе предаде вредни византиски ракописи и црковни реликвии кои потекнуваат од грчки манастири. Официјалното предавање ќе се изврши на 3 октомври во Музејот на византиската култура во Солун од каде по церемонијата ќе бидат пренесени во Софија каде во црквата Света Софија треба да бидат положени во посебен саркофаг. Бугарскиот премиер Румен Радев денеска соопшти дека договорот е постигнат по интензивни преговори и го оцени како историски. -По интензивни преговори, Бугарија и Грција постигнаа историски договор за враќање на посмртните останки на бугарскиот цар Самоил во неговата татковина. Веќе шест децении не престануваат напорите на бугарската држава да ги врати посмртните останки на еден од нејзините најголеми владетели. Нам ни припадна историската чест тоа да го постигнеме. изјави – Румен Радев – Премиер на Р. Бугарија. Прашањето за тоа како се дефинира неговото историско наследство со години е тема и на македонско-бугарската историска комисија. Комисијата во 2019 година се усогласи и за заедничко одбележување на Цар Самоил од страна на Македонија и Бугарија. Во официјалните препораки на комисијата Самоил е опишан како владетел на голема средновековна држава, која поголемиот дел од современата историска наука ја смета за бугарско царство со центар на територијата на денешна Македонија. Во документот се наведува и дека Цар Самоил и неговата судбина се симбол на заедничката историја што ја споделуваат двете современи држави. Претседателот на македонскиот тим во заедничката историска комисија со Бугарија, професорот Ванчо Ѓорѓиев, во телефонски разговор за Канал 5, беше воздржан и не сакаше да го коментира најавеното предавање на посмртните останки на цар Самоил ниту пак го коментираше денешното именување на Самоил како „бугарски цар“ од страна на бугарскиот премиер Радев. Недостапен за коментар беше и поранешниот копретседател на комисијата Драги Ѓеоргиев. Историчарот Михајло Миноски пак предупредува дека секој прифатен компромис или формулација за „заеднички личности“ оди директно на штета на македонскиот идентитет, историскиот континуитет и државните интереси. -Науката не донесува решение, науката само докажува и толкува врз основа на факти и документи. Сето друго што се работи преку комисијата, значи се работи за барање на компромис кој може да биде на штета на македонскиот идентите, историско минато и историски континуитет. Бугарскиот дел од комисијата ќе продолжи упорно и доследно во целиот следен период во кој ќе работи комисијата да ја наметне својата теза.изјави - Проф. д-р Михајло Миноски – историчар. Македонско – бугарската историска комисија во меѓувреме продолжува со работа. Последната средба се одржа минатата недела, но повторно без суштински напредок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамПорше претстави нов суперавтомобил- ќе има мотор со внатрешно согорување (ФОТО)Porsche претстави нов суперавтомобил кој ќе биде позициониран над култниот модел 911. Дизајнерското студио Mission S открива како би можел да изгледа идниот модел, а новинарите на порталот Auto Bild имаа можност да го погледнат во живо. Со новиот модел со централно лоциран мотор, Porsche има намера директно да им конкурира на Ferrari, Lamborghini и McLaren и дополнително да ја зголеми профитабилноста на брендот. Поминаа помалку од осум месеци од првата идеја до готовиот прототип, откри шефот за дизајн на Порше, Тобијас Зулман. Тој се пресели од Мекларен во Порше во февруари 2026 година и веднаш доби задача да дизајнира нов суперавтомобил. Дизајнерско влијание од иконите на Порше Зулман објасни дека главниот предизвик е да се избегне дизајн кој ќе личи на „зголемен 911“. Наместо тоа, Mission S е инспириран од иконите на Porsche како што се 911 GT1 и 959. Тоа е очигледно во издолжениот преден дел, кој потсетува на легендарниот GT1, и специфичниот дизајн на задниот дел, кој делува како дополнителен елемент поставен над каросеријата. Автомобилот има активно задно крило, отворени лакови на тркалата и светла со посебни индикатори за насока. Двобојните бандажи се референца на класичниот дизајн „dial-pad“ од Porsche 928. Mission S користи тркала од 21 инчи напред и 22-инчни тркала на задниот дел. Мотор со внатрешно согорување Белиот довод за воздух на покривот и вентилаторот одзади, што е референца за легендарниот модел 917, навестуваат дека се работи за мотор со внатрешно согорување. Додека Porsche допрва треба да објави информации за погонската група, извршниот директор Мајкл Лајтерс потврди дека сериската верзија ќе има или мотор со внатрешно согорување или хибриден погон. Целосно електричен суперавтомобил моментално е надвор од картите поради слабата побарувачка, како што укажуваат истакнатите издувни цевки на задниот дел од студијата. Отворено прашање е дали погонот ќе биде турбо мотор со шест цилиндри или шпекулираниот боксер со осум цилиндри. Бројките за моќност се непознати, но проценките се околу 850 КС и повеќе. Кокпит: комбинација на класици и технологија Пред премиерата во Њујорк, на новинарите им беше ставен детален поглед на ентериерот, кој не користи делови преземени од сериски модели. Кокпитот комбинира класични елементи со модерна технологија. Петте тркалезни инструменти се задржани, но модернизирани, а аналогниот бројач на вртежи оди до 8000 и се крева во режимот „Track“. Лево од воланот има и класичен клуч за палење. Внатрешноста е светла благодарение на влошките на стаклениот покрив, а на седиштата се издвојуваат детали како германски знамиња со натпис „Made in Germany“. На долниот дел од воланот има копче „On your own“, како предупредување за возачот кога ќе ги исклучи сите системи за асистенција. Планови за цена и производство Деталите за менувачот не се објавени, но се шпекулира за можност за вградување на рачен менувач. Непозната е и цената, која се претпоставува дека е меѓу 400.000 и 600.000 евра. Пониска сума се чини помалку веројатна бидејќи 992.2 Turbo S има цена од 271.000 евра нагоре. Производството веројатно нема да биде строго ограничено. „Mission S претставува платформа за суперавтомобили со среден мотор, позиционирана над 911. Тоа не е еднократен хиперавтомобил, туку трајна и разновидна понуда за нашите клиенти“, објасни Лејтерс. Оваа стратегија може да значи крај за проектот Mission X, оставајќи ја иднината на новиот хиперавтомобил на Porsche неизвесна. Датумот на пристигнување на пазарот се уште не е познат, но се претпоставува дека сериската верзија нема да биде достапна пред крајот на 2028 година. Тагови: мотор Порше Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПадна мал авион во Грција непосредно пред слетувањето- нема преживеани Двајцата пилоти загинаа во пад на едномоторен авион во областа Контариотис во регионот Пиерија во Грција. Околностите на падот се уште се нејасни, а истражителите ја истражуваат можноста за техничка неисправност и човечка грешка. Според досегашните информации, пилотот се обидувал да слета на пистата на летачкиот клуб Контариотис кога авионот одеднаш изгубил висина и се урнал. Според извештаите на членовите на летачкиот клуб, кои разговарале со еден од пилотите само неколку секунди пред падот, немало индикации дека авионот имал технички проблеми. Според грчката телевизија ANT1, летот бил рутински и не биле пријавени никакви дефекти до падот. Авионот претходно извршил ниско прелетување, а потоа повторно добил висина за да направи свртување и да се усогласи со пистата. Авионот бил во последните фази од своето приближување пред слетувањето кога се случила несреќата. Полицијата досега завршила дел од истрагата, додека ги чека наодите на Комитетот за истрага на воздушни несреќи, кои треба да помогнат во утврдувањето на точната причина за падот. Сè уште не е познато што предизвикало авионот да изгуби висина и да се сруши.Тагови: авион грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКристијано Роналдо е суспендиран и доби неверојатна парична казна, што сам си ја одредил Кристијано Роналдо е суспендиран од Португалската фудбалска федерација на 30 дена и казнет со „астрономска сума“ од 255 евра.Причината, секако, е неговото заминување од кампот на репрезентацијата пред натпреварот против Данска. За да биде работата уште побизарна, самиот Роналдо ја предложи казната што федерацијата (секако) ја усвои. Ова е навистина бизарен исход од целата ситуација што става крај на случајот и проблемот Роналдо и Жесус. Значи, еден од најголемите играчи на сите времиња повторно ќе игра за португалската репрезентација. Роналдо демонстративно го напушти кампот на репрезентацијата, наводно поради несогласувања со тренерот Жесус. Тој не сакаше да се врати додека тренерот не се извини, што не го стори, но сепак одлучи да ја отслужи казната и покрај извинувањето и да се врати во репрезентацијата со која го освои Европското првенство и Лигата на нации.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter