Грција го поставила случајот со Белерис предуслов за ЕУ интеграцијата на Албанија - Канал 5

Грција го поставила случајот со Белерис предуслов за ЕУ интеграцијата на Албанија

Со писмена изјава до КОРЕПЕР Грција го поставила случајот со Белерис предуслов за ЕУ интеграцијата на Албанија.

Грција го поставила случајот со Белерис предуслов за ЕУ интеграцијата на Албанија

Преку писмена изјава доставена на седницата на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР), Грција бара Албанија да преземе конкретни мерки за Фреди Белерис да положи свечена заклетва како градоначалник, а во спротивно „нема да може да се согласи за следните фази од процесот на пристапување“, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации во писмената изјава пишува дека Грција бара и заклетва на Белерис како градоначалник на Химара и да се почитува неговото право на правично судење и презумпцијата на невиност.

Весникот „Катимерини“ коментира дека „Атина го заострува својот став во однос на предусловите за интеграција на Албанија во Европската унија и случајот со Белерис“ и дека во писмото е наведено дека отсега Грција, ќе смета дека интеграцијата на Албанија во ЕУ е поврзана со ставот на Тирана во конкретниот случај, „што грчката страна го смета како доказ за прекршување на условите што треба да ги исполни една држава кандидат за членство“.

„Катимерини“ пишува дека Атина била под силен притисок и од Германија и од шпанското претседателство да го промени својот став, но добро упатени извори, објасниле дека „Грција нема намера да отстапи, бидејќи тврди дека седуммесечната забрана за Белерис да положи заклетва како градоначалник на Химара е директно кршење на владеењето на правото, како што е опишано во европските договори и европското законодавство“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали руски „Иљушин“ влегол во воздушниот простор на Финска?

 Финската гранична служба денес соопшти дека во четвртокот руски извидувачки авион „Иљушин-20“ наводно го нарушил воздушниот простор.

Дали  руски „Иљушин“ влегол во воздушниот простор на Финска?

Како што беше соопштено, постои сомневање дека руски извидувачки авион го нарушил финскиот воздушен простор јужно од Уто, во Финскиот Залив, пренесува Yle.

Според финската гранична служба, наводното нарушување на финскиот воздушен простор траело околу три минути.

Во својата најдлабока точка, авионот навлегол околу 4,7 наутички милји во финска територија, во Финскиот Залив.

Граничната служба покрена прелиминарна истрага за случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српски фудбалер фатен со 1,5 тони кокаин и оружје, дрогата му припаѓала на „Балканскиот картел“

Српски фудбалер фатен со 1,5 тони кокаин и оружје: дрогата му припаѓала на „Балканскиот картел“, а тој не бил единствениот уапсен.

Српски фудбалер фатен со 1,5 тони кокаин и оружје, дрогата му припаѓала на „Балканскиот картел“

Поранешниот српски фудбалер Урош Милошевиќ, е уапсен во Португалија со 1,5 тони кокаин и оружје, во врска со „Балканскиот картел“.

Поранешниот српски фудбалер, идентификуван како Урош Милошевиќ, е уапсен на автопат во Португалија додека превезувал повеќе од тон и пол кокаин и две воени оружја, објави локалниот портал „А Бола“.

Дрогата, чија вредност се проценува на повеќе од 70 милиони евра, му припаѓала на „Балканскиот картел“, според пишувањата на локалниот медиум „Жорнал де Нотисијас“.

Акцијата на португалската полиција, која резултираше со пресретнување на комбето минатата среда, откри дека 31-годишниот поранешен фудбалер, покрај големото количество наркотици, превезувал и наполнето воено оружје подготвено за употреба. Апсењето уследи по други акции насочени против истата криминална организација.

Една недела претходно, во заедничка операција на португалската и шпанската полиција, во Шпанија беа уапсени уште двајца членови на картелот, при што беа запленети 3,7 тони дрога.

„Организацијата, чија база е на југот на Шпанија, дејствува низ цела Европа и ја користела португалската крајбрежна област како место за истовар на големи количества кокаин“, беше појаснето.

Истиот извор наведува дека Милошевиќ имал скромна фудбалска кариера во Србија, настапувајќи за помалку познати клубови како Чукарички, ИМ Раковица, Телеоптик и Синѓелиќ Белград.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукровски оствари средба со поглаварот на ИВЗ

Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски денес оствари средба со поглаварот на Исламската верска заедница, Шакир Фетаху

Лукровски оствари средба со поглаварот на ИВЗ

На средбата беше разговарано за предизвиците со кои се соочува општеството, значењето на меѓусебната почит и почитувањето на различностите, како и за важната улога што ја имаат верските заедници во градењето соживот, разбирање и доверба меѓу граѓаните.

Соговорниците ја истакнаа важноста на верувањето и духовните вредности за народот, како и потребата од продолжување на меѓусебната соработка во интерес на сите граѓани.

Во знак на благодарност и почит за досегашниот ангажман и придонес, на градоначалникот Сотир Лукровски му беше врачена благодарница.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер