Деветмина од заразените патници се пакистански државјани, кои доаѓаале од градот Гујрат, кои имале грчка дозвола за престој, двајца биле грчки државјани кои доаѓале од Австралија и едно лице бил јапонски државјанин и член на грчко-јапонско семејство, се вели во соопштението на Генералниот секретаријат за цивилната заштита.
Сите патници на летот од Доха до Меѓународниот аеродром во Атина биле тестирани и ставени во карантин во хотели сè додека не ги добијат резултатите, во согласност со тековните здравствени протоколи.
Инфицираните ќе останат во хотелите две недели, додека оние што тестирале негативно, ќе треба да останат седум дена, бидејќи се сметаат за ризични, соопштија надлежните.
Здравствените службеници ќе ги повторат тестовите на патниците кои биле тестирани негативно по една недела.