Грција е заинтересирана за купување воени авиони од Португалија - Канал 5

Грција е заинтересирана за купување воени авиони од Португалија

Грчкиот министер за одбрана, Никос Дендиас, во понеделник изјави дека Грција е заинтересирана за купување на воени авиони „Ембраер Ц-390“ од бразилско и делумно од португалско производство.

Грција е заинтересирана за купување воени авиони од Португалија

„Имавме можност да разговараме за многу прашања, а едно од нив е купувањето на авионите Ц-390“, рече Дендиас, кој е во дводневна посета на Португалија, објави Ројтерс.

Тој не прецизираше за колку авиони станува збор, ниту која цена е подготвена да плати Грција.

Грчките воздухопловни сили моментално поседуваат авиони Ц-130 и Ц-27 и планираат да издвојат околу 28 милијарди долари до 2036 година за модернизација на вооружените сили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Руска ракета паднала во Полска? Одекнала експлозија, кратер од 10 метри

Во полскиот округ Билгорај, во близина на градот Лублин, жителите слушнале силен тресок во текот на ноќта, а по пристигнувањето на местото на настанот пронашле кратер и расфрлани делови од неидентификуван објект, соопшти денеска полицијата од Лублин

Видео: Руска ракета паднала во Полска? Одекнала експлозија, кратер од 10 метри

Кратер со дијаметар од десет метри е пронајден на поле во Тарнава Колонија, која се наоѓа околу 50 километри јужно од Лублин, а на местото на настанот пристигнале полицијата, пожарникарите и воен хеликоптер, јавува Вјадемошќи.

„Утрово добивме дојава од регионалниот центар за итни повици дека се слушнала силна експлозија во округот Билгорај помеѓу градовите Тарнава Колонија и Бискупица. Дежурниот полицаец испратил полициски патроли на местото на настанот.

По 5 часа, полицајците откриле кратер и расфрлани делови од неидентификуван предмет на поле помеѓу Тарнава Колонија и Токари, приближно на два километри од зградите“, се вели во полициското соопштение.

Во соопштението се наведува дека за инцидентот биле известени воената полиција, Агенцијата за внатрешна безбедност, Службата за воена контраразузнавачка дејност и Окружното обвинителство во Лублин, како и дека на местото на настанот биле испратени полициски службеници за борба против тероризмот.

Во Лублин, кој се наоѓа на околу 80 километри од границата со Украина, сирените се огласија и во текот на ноќта, непосредно пред 4 часот наутро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието последна седница за пратенички прашања

Во Собранието денеска ќе се одржи 113. пленарна седница, последна за пратенички прашања пред заминувањето на пратениците на годишен одмор.

Во Собранието последна седница за пратенички прашања

Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први им поставуваат пратениците од опозициските партии.

Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути

Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути

На ГП „Богородица“, поради зголемена фреквенција на возила, за излез од државата се чека околу 20 минути. Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер