Русики дрон удри во украински воз кратко откако Борис Џонсон, Карл Билд и високи европски претставници ја напуштија станицата
2Русики дрон удри во украински воз кратко откако Борис Џонсон, Карл Билд и високи европски претставници ја напуштија станицата
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
2Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
3 Осаменоста го менува мозокот и ја зголемува желбата за алкохол? Научници открија изненадувачки механизам
БалканГрција денеска без вести и информативни емисии поради 24-часовен штрајк на новинаритеВо пет часот утрово, новинарите во Грција во сите медиуми, организирани од нивните здруженија и федерации започнаа 24-часовен штрајк, со што учествуваат во утрешниот штрајк на Синдикатот на вработените во приватниот сектор.Во пет часот утрово, новинарите во Грција во сите медиуми, организирани од нивните здруженија и федерации започнаа 24-часовен штрајк, со што учествуваат во утрешниот штрајк на Синдикатот на вработените во приватниот сектор, а Грција денеска ќе биде без вести и информативни емисии, јави дописничката на МИА од Атина. Штрајкот се однесува на сите новинари, техничари и административни службеници во сите медиуми (печатени, радио, телевизија и онлајн) во јавниот и приватниот сектор, како и во државната телевизија ЕРТ, државната агенција АНА-МПА, во Генералниот секретаријат за медиуми, во прес канцелариите, како и на сајтовите. Од федерациите, меѓу другото, бараат: колективни договори и во јавниот и во приватниот сектор, мерки за справување со поскапувањата што ги намалуваат платите; суштински и ефективни мерки за справување со невработеноста; национални и европски мерки за поддршка на заштитата на приходите и работните места во приватниот сектор; веродостојни информации и плурализам. -Изразуваме протест поради континуираниот и постојано зголемен притисок врз новинарството и новинарите, а на крајот и врз веродостојното и слободно информирање, што е камен-темелник на демократското функционирање, соопштија од федерациите. Во изминатите години пракса во Грција е, при генерални штрајкови, новинарите да учествуваат, но ден претходно со цел да можат да ги покријат протестите на денот на штрајковите, па така и овој пат го закажаа за денеска. Синдикатот на вработените во приватниот сектор за утре закажа 24-часовен штрајк. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00
ТенисЗверев на тронот во Њујорк за втора Грен слем крунаГерманскиот тенисер Саша Зверев го освои Ју-Ес Опен, триумфирајќи во финалето над Бен Шелтон – 6:3, 7:6 (2), 5:7, 6:2.Со победата во Њујорк, Зверев ја освои втората Грен слем титула во кариерата, по онаа освоена во Париз оваа година. Ова беше негово второ финале во Њујорк во кариерата. Пред шест години загуби од Доминик Тим, иако водеше со 2-0 во сетови. На патот до трофејот, Зверев ги победи и Лоренцо Сонего и Квентин Алис – и двајцата по пет сета – како и Алехандро Табило, Лучано Дардери, Ботик ван де Зандшулп и Карен Хачанов со максимален резултат. Најдобриот резултат во кариерата на Шелтон на Грен слем турнирите ќе му донесе највисок пласман во кариерата – четвртото место – почнувајќи од понеделник. HE DIDN'T REALIZE HE'D WON 🏆 Alexander Zverev exorcises his 2020 demons and defeats Shelton 6-3, 7-6, 5-7, 6-2 to win his first US Open title! https://t.co/f0Cnl2xvgI — US Open Tennis (@usopen) September 13, 2026 „Сè до оваа година не освоив ниту една титула, а сега освоив две во истата година. Мислам дека Бог виде колку напорно работевме и низ каква болка поминавме. 2026 година е резултат на сите претходни години. Ви благодарам на сите; немаше да бидам овде без вас. Сакам да ѝ се заблагодарам и на уште една личност која никогаш не ги гледа моите натпревари – тоа е најважната личност во мојот живот. Кога на четиригодишен син ќе му дијагностицираат дијабетес, потребна е силна мајка за да излезе од таа ординација и да каже: ’Мојот син ќе биде она што сака да биде; ако сака да биде тенисер, ќе биде тенисер‘. Среќен сум поради она што го правиме. Мајка ми е најважната и најсилната личност што ја познавам; потребна е навистина силна личност за да се направи она што го направи таа“, рече емотивниот Зверев во шампионскиот говор.Тагови: Зверев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во КочаниДенеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со вкрстено испрашување од одбраната на тимот градежни вештаци, кои го изработиле градежното вештачење на обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРусики дрон удри во украински воз кратко откако Борис Џонсон, Карл Билд и високи европски претставници ја напуштија станицатаРуски дрон удрил воз во близина на украинско-полската граница, кратко откако поранешниот британски премиер Борис Џонсон и поранешниот премиер на Шведска Карл Билд и високи европски безбедносни претставници поминале низ неа.Нема информации за жртви по ударот кај Јаходин, во кој беше погодена локомотивата на возот. Сите патници се евакуирани, соопштија украинските власти. Билд,Џонсон и други европски советници за национална безбедност, вклучувајќи го и британскиот советник Џонатан Пауел, поминале по истата линија во друг воз на враќање од конференција во Киев. Русија соопшти дека погодила „железничка инфраструктура“ во западна украина, но украинската државна железничка компанија соопшти дека „сосема е можно целта на овој дрон да бил дипломатскиот воз“. Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, кој во времето на нападот се наоѓал во друг воз на станицата Јаходин, рече дека инцидентот бил „застрашувачки“. Возот „ја напуштил станицата порано од очекуваното поради промената на возниот ред... Поради постојаните закани за руски напади“.исто така, се наведува дека наредба за евакуација на патниците во погодениот воз била дадена „само 15 минути“ пред нападот од страна на руски дрон со млазен погон.украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха рече дека „варварските напади“ на украинско-полската граница во Јаходин се еднакви на „терористичко тропање директно на вратите на ЕУ и НАТО“„Тагови: дрон русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter