3СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите
3Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
БалканГрчко семество живее во катакомби без контакт со светот- ги удриле шокираните полицајци (ВИДЕО)Грчката полиција останала запрепастена откако шестчлено семејство било пронајдено како живее во колиба од кал и катакомби во планинска област во близина на Трикала.Семејството било пронајдено откако група ловци биле нападнати во близина, застрелани од човек од катакомбите откако се приближиле до неговиот имот,објави Прототема. Нападот се случил минатиот викенд, а кога полицијата излегла на местото на настанот останала запрепастена од она што го пронашле. Според грчките медиуми, во понеделникот полицијата извршила претрес во куќа направена од кал и катакомби под куќата, во која живеат маж, жена и нивните четири деца. Под куќата од кал полицијата пронашла тунел, долг околу 30 метри, кој водел до чудно светилиште. Истовремено, во куќата било пронајдено импровизирано оружје како лакови и стрели, четири ножеви, но и воздушен пиштол, повеќе од 100 куршуми за ловечка пушка и друга муниција. Скривалиштето на „пештерските луѓе“ е откриено откако минатата сабота ловец повикал полиција и рекол дека непознат маж пукал во него и неговите пријатели. Кога ловџиите се приближиле до реонот каде се наоѓала семејната куќа, мажот (45) излегол и отворил оган, а пред тоа, се претпоставува, го запалил автомобилот на ловецот кој бил оставен во близина. „Минатата сабота отидовме на лов, како и секој викенд. Ми кажаа дека таму живеат луди луѓе, дека не се многу чисти, дека живеат во шума. Тогаш забележав дека некој ми ја запалил колата. Се упативме кон нив и јас го видов и викав да го прашам што прави и потоа почнаа да пукаат“, рекол ловецот. Кога полицијата пристигнала по пријавата, на вратата од куќата од кал се појавил 45-годишен маж со сопругата, синот и ќерката. Почнале да ги туркаат полицајците, а ќерката која има 22 години се фатила за стап и почнала да го удира полицаецот по глава. Потоа им го грабнале оружјето и почнале да бегаат од колибата пукајќи во воздух. Мажот и жената кои биле пронајдени како живеат во таа куќа се нарекуваат брат и сестра, а велат дека се стари христијани и Римјани, но не и Грци. „Ние сме заедница на стари христијани, по примерот на старите верници во Русија или Амишите во Америка. Го отфрламе технолошкиот напредок и живееме традиционално, како првите христијани“, рече главата на семејството. „Мојата сопруга ја нарекувам сестра Севастиани и син ми брат Николас. Сите ние сме човечки браќа“, додаде 45-годишникот. Според него, низ Грција има четири такви заедници. На прашањето за нападот врз ловџиите, тој рече дека ловецот дошол на 20 метри од неговата куќа во саботата вечерта. „Ја фати свињата и сакаше да ја убие“, рекол човекот. Запрашан за лаковите и стрелите кои се пронајдени во неговата куќа, тој рече дека тоа не е оружје, туку артефакти. „Во античка Грција лаковите се сметале за срамни, старите Грци имале копја. За време на Римјаните, бидејќи ние сме Римјани, значи не сме Грци, лакот дошол во Византија. Значи, имаме лак, што нѐ разликува од грчките. Тоа е артефакт, го правиме на традиционален начин и не го третираме како оружје, тоа е знак на нашата култура“, додаде 45-годишникот. @billpanoutsakopoulos Ζουν με τόξα και βέλη σε λαγούμι 30 μέτρων - Γονείς και 4 παιδιά #κορινθος #σπηλια #sad #bill_panou ♬ Nuclear Bomb Fantasy - Antonio Tuahouns Неговата сопруга рече дека вака живеат четири години и објасни за што служат подземните катакомби до кои води тунел долг 30 метри. „Тоа е наше место да се молиме“, рекла жената. На прашањето зошто го ископале тунелот, жената одговорила дека немаат пари и не можат да го однесат материјалот за да изградат нешто. "Како да бидеме верници, каде да се причестиме, да се крстиме, да се венчаме? Ова е нашиот живот. Овде сме околу четири години. Сами се грижиме за вода и леб, одгледуваме пченица", рекла жената , пренесува Прототема. Тие, исто така, наводно рекле дека не ги образувале децата затоа што не го поддржуваат грчкиот образовен систем, пишува Прототема.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ФудбалОдложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ги одложи сите натпревари од Купот на кралот закажани за среда, 28 октомври, по сериозната железничка несреќа во Толедо, во која, според шпанските медиуми, загинаа најмалку 68 лица, а 80 се повредени.Трагедијата се случи кога два брзи возови се судрија помеѓу градовите Лос Хевенес и Урда, а несреќата ја потресе Шпанија. Шпанската фудбалска федерација објави дека целиот распоред на куп натпреварите закажани за среда ќе биде одложен. Меѓу клубовите што требаше да излезат на теренот се Леванте, Алавес, Валенсија, Селта Виго и Бетис, тимови што се натпреваруваат во највисокото ниво на шпанскиот фудбал. Сè уште не е познато кога ќе се играат одложените натпревари, додека сè уште нема официјална одлука за судбината на 14-те натпревари од Купот на кралот закажани за четврток. Според оригиналниот распоред, Севиља, Атлетик Билбао и Хетафе исто така требаше да играат во ова натпреварување во четврток. Одлуката за одложување на натпреварите беше донесена во сенка на трагедијата што одзеде голем број животи и остави бројни повредени.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
Црна хроникаКазнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран возач кој управувал возило по велосипедска патека во Скопје.По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот. По преземените мерки, возачот е идентификуван како Н.К.(46) од Скопје, кој денеска (28.10.2026) е повикан на службен разговор и е соодветно санкциониран за сторениот сообраќаен прекршок, односно управување возило по несоодветна сообраќајна површина. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзбор на нов шеф на ОЈО ГОКК – во трка пет кандидати, кој ќе го наследи Абази?За неполн час треба да биде познато кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителите галсаа денеска, а резултатите треба да бидат сумирани и објавени на јавна седница. Пред Обвинителството е Михајло Видимлиски, Михајло кој од канидадтите има најголеми шанси да го наследи Абази? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter