Во секавична акција е уапсен маж, кој се обидел да продава ураниум-238, што се користи за нуклеарна бомба (ВИДЕО)
2Во секавична акција е уапсен маж, кој се обидел да продава ураниум-238, што се користи за нуклеарна бомба (ВИДЕО)
БалканГрчките земјоделци ги интензивираат активностите – дополнителни блокади низ целата земјаНа копнените гранични премини како кон земјава, така и кон Букарија и Турција паркирани се стотици трактори кои повремено ги затвораат границите, секој ден во различен период и го блокираат сообраќајот на возила и камиони.Земјоделците од цела Грција, кои веќе една седмица нивните трактори ги имаат паркирано на различни локации во земјата, од денеска ги интензивираат нивните активности со дополнителни блокади, што во моментов се над 20, на граничните премини, на главните автопати, на патарини и слично, јави дописничката на МИА од Атина. На копнените гранични премини како кон земјава, така и кон Букарија и Турција паркирани се стотици трактори кои повремено ги затвораат границите, секој ден во различен период и го блокираат сообраќајот на возила и камиони. Блокадата на Евзони поставена од земјоделците од областа Пеонија и градот Јаница со учество на над 300 трактори активна е од минатиот понеделник, а граничниот премин периодично се затвора на неколку часа по 12 часот по локално време и во попладневните часови по 18 часот. Се очекува оваа пракса да продолжи и денеска, иако одлуките, земјоделците ги носат на дневна база, по состаноци на надлежните комисии. Главната блокада е во централна Грција, кај Никеа, во близина на Лариса на автопатот Солун - Атина, каде што сообраќајот се одвива по споредни патишта, но за денеска закажана е блокада и на споредните премини во периодот помеѓу 17 и 19 часот, со цел земјоделците да извршат дополнителен притисок и да ги истакнат нивните барања. Во среда, земјоделците од областа Тесалија, од три различни блока, се очекува заедно да се упатат кон градот Волос и да го блокираат пристаништето. Во централна Грција блокади има и на автопатот Е65 што ги поврзува градовите Ламиа, Кардица и Трикала со автопатот Егнатија. Токму на овој автопат во северна Грција од западниот до источниот дел има низа блокови, а земјоделците веќе се проширија и на Пелопонез и на островот Крит. Во Солун активни се неколку блокади, на патот кон аеродромот и кон Халкидики, но и на патарините на излез од градот, на автопатот кон Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера, уште еднаш ги повика земјоделците на дијалог, повтори дека вратата на Министерството за земјоделство е и секогаш ќе биде отворена за дискусија и уште еднаш посочи дека „радикалните форми на протест, како што се блокадите, може да изразуваат притисок, но на крајот го отежнуваат секојдневието на сите“. Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции е трошокот на производството. Засега нема информации до кога ќе траат. На повеќе локации каде што се блокадите, земјоделците поставија и новогодишни елки, што во Грција се толкува како порака дека нема да отстапат и доколку е потребно, празниците ќе ги поминат на улица. Тагови: Грчките земјоделци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
ЕвропаРазговараа Ердоган и Путин: Важно е да се обезбеди сигурна пловидба по Црното Море Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека напорите за обезбедување безбедна пловидба во Црното Море се важни, соопшти турското претседателство.Ердоган ја повтори понудата на Турција да помогне во посредувањето и олеснувањето на директните разговори меѓу Русија и Украина, објави Ројтерс. Турција, членка на НАТО која одржува добри односи и со Москва и со Киев од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, постојано ги повикува двете страни да ги запрат нападите во Црното Море, соопшти агенцијата. Анкара соопшти дека чека одговор на предлогот што им го доставила на Русија и Украина, а чија цел е запирање на нападите и обезбедување безбеден транспорт на жито од регионот.Тагови: Владимир Путин Ердоган Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамЕУ подготвува ограничувања за кинеските хибридни возила Европската Унија подготвува заштитни мерки за ограничување на увозот на кинески хибридни возила на европскиот пазар со цел да го намали трговскиот дефицит со Кина и да ја заштити својата автомобилска индустрија.Европската комисија, која се занимава со трговски прашања во име на Европската Унија, би можела да воведе ограничувања по наглото зголемување на продажбата на хибридни возила, произведени во Кина во Европа, дознава Блумберг од анонимни извори запознаени со ситуацијата. Заштитните мерки ѝ дозволуваат на ЕУ да го ограничи увозот на производи од одреден сектор доколку има нагло зголемување на увозот. Комисијата би можела да го направи ова преку тарифни квоти, кои наметнуваат дополнителни даноци за увоз над одреден обем. Предложеното ограничување би било временски ограничено, забележаа изворите. Комисијата планира да ги користи хибридите како тест, кој, доколку биде успешен, би можел да се примени и во други сектори во кои Европската Унија има трговски дисбаланс. Веста предизвика раст на акциите на европските производители на автомобили. Акциите на Фолксваген денес пораснаа за 4,6 проценти, на Рено за 6,1 процент, а на Мерцедес-Бенц за 2 проценти. Комесарот за трговија на ЕУ, Марош Шефчовиќ, ќе отпатува во Пекинг подоцна оваа недела, а негов клучен соговорник ќе биде кинескиот министер за трговија, Ванг Вентао. Плановите на Европската Унија би можеле да се променат во зависност од исходот од тие разговори, велат извори.Тагови: хибридни возила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо секавична акција е уапсен маж, кој се обидел да продава ураниум-238, што се користи за нуклеарна бомба (ВИДЕО)Грузиската служба за државна безбедност објави дека уапсила маж кој планирал да продаде ураниум-238 на странски државјанин за 700.000 долари.Грузиски државјанин е осомничен за неовластено ракување со нуклеарен материјал и му се заканува казна затвор до 10 години, се вели во соопштението на грузиската служба за државна безбедност, која објави и видео на кое припадници на обезбедувањето извлекуваат човек од бел автомобил, го соборуваат на земја и му ставаат лисици, пренесува Ројтерс. Видеото покажува и како припадниците на службата проверуваат два мали контејнери во багажникот на автомобилот со рачен детектор за радијација. Во еден од нив, се чини, имаше светла пудра. Georgia’s State Security Service releases footage showing officers detaining a man accused of attempting to illegally sell uranium worth $700,000. https://t.co/mZJt2k7WtT — Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) October 7, 2026 Ураниум-238 е најзастапениот изотоп на ураниум и иако е радиоактивен, не може сам да се користи за правење нуклеарна бомба. Безбедноста на нуклеарниот материјал беше еден од најголемите предизвици по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, чиј дел беше и Грузија, наведува агенцијата. Во изминатите децении во таа земја се забележани неколку сериозни случаи на нелегална трговија со нуклеарни материјали. Во февруари, грузиските власти уапсија две лица кои се обидоа да купат ураниум во вредност од три милиони долари, како и залихи на радиоактивни изотопи кои беа пронајдени како дел од програмата за нуклеарно тестирање.Тагови: ураниум нуклеарна бомба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08