Грчките весници со анализи во пресрет на изборите кај нас

На изборите, први што се одржуваат по Договорот од Преспа ќе се избере влада која ќе управува со последиците врз економијата и општеството од кризата со короанвирусот , но и преговорите со Брисел за европскиот тек на земјата.

На темите што преовладуваат во изборната кампања, на улогата на албанскиот фактор во постизборните калкулации за формирање влада, но и на Договорот од Преспа, го ставаат акцентот грчките весници „Катимерини"и „Ефимерида тон синдактон" во текстовите посветени на изборите кај нас, додека пак „То вима" го пренесува ставот на професорот од солунскиот Универзитет „Македониа" и шеф на програмата за Југоисточна Европа во „ЕЛИАМЕП", Јанис Армаколас, јави дописничката на МИА од Атина.

-На изборите, први што се одржуваат по Договорот од Преспа, по Договорот за пријателство и соработка со Бугарија, по членството на С. Македонија во НАТО и по позитивната одлука на ЕУ за почеток на преговори со Европската унија, ќе се избере влада која ќе управува со последиците врз економијата и општеството од кризата со короанвирусот , но и преговорите со Брисел за европскиот тек на земјата, пишува новинарот од „Ефимерида тон синдактон" во викенд изданието на весникот .

-Следната среда граѓаните на Северна Македонија во период на влошување на епидемиолошката слика на земјата, ќе излезат на гласање за да изберат ново Собрание кое ќе ја одбере Владата, пишува новинарот од „Катимерини" на почетокот од текстот посветен на изборите кај нас.

Искусните новинари во нивните анализи коментираат дека постои индиферентност од општеството за претстојните избори.

„Катимерини" пишува дека и коронавирусот ќе има „свој придонес" во изборниот резултат, со оглед на зголемениот број заразени и додава дека „рамнодушноста на општеството и стравот од Ковид-19 создаваат услови за голема неизлезност во среда".

Додека пак викенд изданието на „Ефимерида тон синдактон" пишува дека „е непознато како ќе реагираат гласачите, кои изгледаат веројатно рамнодушни кон овие избори".

Грчките весници, во анализите го споменуваат и Договорот од Преспа, односно дали и колку изборите би влијаеле врз решението со Грција.

-Ќе зависи ли судбината на Договорот од Преспа од изборите во среда? Динамичен негов пресврт не се регистрира во општеството и гласачкото тело, ниту опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ – која во Собранието има изјавено дека ќе го поништи, не го споменува толку често, пишува „Катимерини".

-Иако Договорот од Преспа не доминираше во предизборната кампања, изборот на ВМРО-ДПМНЕ би влијаел врз темпото на спроведувањето на договорот, кој сепак е поврзан со процесот на интегрирањето на земјата во ЕУ, перспектива, која ниту една партијата во соседната земја не сака да ја загрози или стави во прашање, пишува „Ефимерида тон синдактон", пренесе МИА.

Професорот од солунскиот Универзитет „Македониа" и шеф на програмата за Југоисточна Европа во „ЕЛИАМЕП", Јанис Армаколас, во неговата колумна за „То Вима" пишува дека „СДСМ на Зоран Заев силно го поддржа спроведувањето на Договорот од Преспа, додека пак националистичката ВМРО-ДПМНЕ, која не го користи новото име на земјата, се изјасни дека – очигледно на некој магичен начин- нема да го поништи договорот, а истовремено нема да биде обврзана од новото име и останатите одредби".

Армаколас додава дека за Грција ќе биде особено интересен периодот по изборите „или поради тешкотиите за формирање влада, а или особено доколку победи ВМРО-ДПМНЕ".

-Грција инсистира на спроведување, без отстапки на Договорот од Преспа. Влада на ВМРО-ДПМНЕ би ја отежнала оваа намера. Особено во врска со целокупната употреба на новото име Северна Македонија, кое со сите свои сили го промовира Зоран Заев, но ВМРО –ДПМНЕ го негира, пишува професорот и додава дека е јасно дека „и за Грција и за европската политика поволна е силна влада на Заев".

Искусните новинари од „Катимерини" и „Ефимерида тон синдактон", како и професорот Армаколас ги споменуваат и резултатите од објавените истражувања на јавното мислење, а ги анализираат и позициите на партиите во однос на можните постизборни соработки и коалиции.

Професорот коментира дека веројатно е двете партии повторно да бидат блиску, „на границата на 50 пратенички места", а „Ефимерида тон синдактон", пишува дека според анкетите „и двете коалиции ќе бидат победници".

-Дури и да победи ВМРО-ДПМНЕ на изборите во среда, не значи дека ќе формира влада. Дали ќе биде прва партија или по бројот на гласови ќе биде прва партијата на Заев, албанскиот фактор е оној кој ќе одлучи кој ќе го преземе раководството во земјата, пишува „Катимерини", објави МИА.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер