Грчките опозициски партии се очекува да достават барање за гласање недоверба на Владата - Канал 5

Грчките опозициски партии се очекува да достават барање за гласање недоверба на Владата

Грчките опозициски партии се очекува да достават барање за гласање недоверба на Владата поради железничката несреќа.

Грчките опозициски партии се очекува да достават барање за гласање недоверба на Владата

На иницијатива на ПАСОК и со поддршка на уште три опозициски партии, во текот на денешниот ден се очекува до Парламентот да биде доставен предлог за гласање недоверба на грчката Влада, поради железничката несреќа кај Темпи пред две години, додека пак за вечерва закажани се нови протест во повеќе градови низ Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако Националната управа за истрага на авионски и железнички несреќи и безбедност на транспортот во четвртокот го објави експертскиот извештај за несреќата, лидерот на ПАСОК Никос Андруалкис најави дека ќе достави барање за гласање недоверба на грчката Влада и ги повика „сите демократски опозициски партии да ја поддржат иницијативата“.

Со оглед на тоа што за доставување предлог за гласање недоверба на Владата потребни се потписи од една шестина од вкупниот број пратеници во Парламентот, односно најмалку 50 потписи, а ПАСОК има 32 пратенички места, во изминатите денови постоела комуникација со опозициските СИРИЗА, Нова левица и Курс на слободата за заедно да го потпишат барањето.

Од друга страна, на расправата за гласање недоверба на Владата не се очекува да биде изгласан предлогот на опозицијата, бидејќи потребен е минимум 151 глас од вкупно 300 пратеници, а пратеничката група на владејачката Нова демократија има мнозинство од 156 места.

Доцна синоќа со широко мнозинство и 277 гласа „за“, грчкиот Парламент даде зелено светло за формирање предистражна комисија за евентуална кривична одговорност на Христос Триандопулос, кој во периодот кога се случи железничката несреќа кај Темпи беше министер брз ресор.

Од опозициската ПАСОК минатиот месец доставија предлог до Парламентот за предистражната комисија, бидејќи според нив постојат докази дека четири дена по железничката несреќа, било интервенирано на просторот каде што се случи несреќата и станува збор за нелегални интервенции за кои треба да се истражи евентуална кривична одговорност на тогашниот министер без ресор.

Непосредно пред вчерашното гласање, како што објави МИА, Триандопулос си поднесе оставка од актуелната функција заменик-министер за цивилна заштита и климатски промени на Грција.

Оставка вчера си поднесе и генералниот секретар во истото министерство Василис Папагеоргиу, кој се соочува со обвинение за евентуално интервенирање на местото на несреќата.

Барањето за формирање предистражна комисија за Триандопулос го поддржаа и пратениците од владејачката Нова демократија, а министерот без ресор Макис Воридис говорејќи за грчката телевизија ЕРТ утрово посочи дека „не постојат индикации дека Триандопулос е виновен“.

По масовните демонстрации во петокот на над 380 локации во земјата и странство, железничката несреќа кај Темпи од 2023 година, во која загинаа 57 лица и понатаму е главна тема во Грција, а за денеска, паралелно со доставувањето на барање за гласање недоверба на Владата се најавени нови протести во Солун, Атина и други грчки градови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два танкера се погодении во Ормутскиот теснец- Иранците тврдат дека се движеле по недозволена рута

Два супертанкери беа онеспособени од силни експлозии откако ги игнорираа предупредувањата да не користат „неовластена рута“ во Ормутскиот теснец, објави морнарицата на Иранската револуционерна гарда.

Два танкера се погодении во Ормутскиот теснец- Иранците тврдат дека се движеле по недозволена рута

Два танкера „експлодираа откако удриа во поморски мини“, објавија подоцна иранските државни медиуми, прикажувајќи наводни видеа од инцидентите.

Чести напади

Не е познато под чии знамиња пловеле бродовите.

Во текот на претходните месеци од конфликтот меѓу САД и Израел со Иран, кој започна во февруари, морнарицата на Иранската револуционерна гарда објави дека директно ги нападнала танкерите. Неодамна, објави дека бродовите се запалиле откако удриле во поморски мини додека користеле „неовластена рута“, како што ја нарекуваат, во јужниот дел од тој стратешки важен воден пат.

Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO) неколку пати објави дека танкери во теснецот биле погодени од непознати ракети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: За пет часа санкционирани 221 прекршок на пешаци и возачи во однос на пешаците

Во текот на вчерашниот ден (11.11.2026 година), во периодот од 08:00 до 13:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава.

МВР: За пет часа санкционирани 221 прекршок на пешаци и возачи во однос на пешаците

Во текот на вчерашниот ден (11.11.2026 година), во периодот од 08:00 до 13:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава, насочена кон откривање и санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, како и прекршоци на возачите во однос на пешаците.

При контролата биле констатирани и санкционирани 221 прекршок, од кои 147 за небезбедно преминување на пешаци на коловозот надвор од обележан пешачки премин, додека 25 возачи биле санкционирани поради непропуштање пешаци на обележан пешачки премин.

Дополнително, за време на контролата биле санкционирани и 179 возачи за други видови сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.

Апелираме до пешаците да го преминуваат коловозот исклучиво на обележан пешачки премин, а до возачите да ја приспособат брзината на движење и да им овозможат непречено и безбедно преминување на пешаците.

Безбедноста на пешаците е заедничка одговорност. Само со доследно почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници можеме да придонесеме за побезбедни патишта и намалување на бројот на сообраќајни незгоди, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 14 загинати во верижен судар во Емиратите- телата ги идентификуваат со помош на ДНК (ВИДЕО)

Четиринаесет лица загинаа, а десетици се повредени во тешка сообраќајна несреќа во Фуџаира, Обединети Арапски Емирати. 

Најмалку 14 загинати во верижен судар во Емиратите- телата ги идентификуваат со помош на ДНК (ВИДЕО)

Министерството за внатрешни работи објави дека несреќата е предизвикана од возач на камион кој ја изгубил контролата врз возилото и удрил во неколку возила, јавува Би-Би-Си.

Во несреќата учествувале 23 возила, вклучувајќи пет камиони. Сударот се случил на влезот во источниот емират кратко пред полноќ, во време кога сообраќајот се движел бавно. Во официјалниот извештај се наведува дека силата на ударот „го запалила камионот, а пожарот се проширил на неколку други возила, што резултирало со голем број жртви“. Службениците појаснија дека камионот прво се судрил со едно возило, по што се превртел и удрил во другите автомобили што стоеле во колоната.

Идентификација на жртвите и третман на повредените

Полицијата во Фуџаира објави дека триесет лица се повредени и однесени во болница. Полицијата додаде дека се користат ДНК тестови за идентификација на телата на загинатите. Меѓу загинатите има граѓани на Емиратите, а индискиот конзулат во ОАЕ потврди дека загинале и нивни граѓани.

Конзулатот соопшти дека е во контакт со семејствата на жртвите и дека соработува со локалните власти за давање помош. Службите за итни случаи, вклучувајќи полиција, болничари и екипи за цивилна заштита, веднаш пристигнаа на местото на настанот. Тие го изгаснаа пожарот, ги пренесоа повредените во болници и го обезбедија подрачјето, каде што сè уште се наоѓаат специјализирани екипи.

Министерството за внатрешни работи и полицијата изразија сочувство до семејствата на загинатите и им посакаа брзо закрепнување на повредените. Половина од повредените беа пуштени од болница по лекувањето, додека другите беа задржани на понатамошно лекување. Властите објавија дека меѓу загинатите има државјани на Емиратите, Оман, Индија, Бразил, Пакистан, Јордан и Египет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер