Грчките медиуми за вчерашната средба Муцунски – Герапетритис во Њујорк - Канал 5

Грчките медиуми за вчерашната средба Муцунски – Герапетритис во Њујорк

Како „важен чекор напред во зајакнувањето на регионалната соработка и значајно подобрување на дипломатските односи меѓу двете земји“, ја карактеризираше министерот за надворешни работи на С. Македонија, Тимчо Муцунски.

Грчките медиуми за вчерашната средба Муцунски – Герапетритис во Њујорк

„С.Македонија: Важен чекор напред за зајакнување на регионалната соработка, средбата Герапетритис- Муцунски“; „Герапетритис до Скопје: Почитување на Договорот од Преспа и правилата за добрососедство“; „С. Македонија: „Важен чекор напред“ за зајакнување на соработката, средбата со Герапетритис“; „Нова порака за почитување на Договорот од Преспа“; „Порака на Герапетритис до МНР на С. Македонија за Преспа: Европската перспектива бара посветеност на меѓународните договори“, се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната средба на министрите за надворешни работи на С. Македонија и Грција Тимчо Муцунски и Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина.

Медиумите во Грција, технички, без дополнителни коментари или анализи, ги пренесуваат ставовите на шефовите на двете дипломатии веднаш по средбата, но и по нивното заедничко учеството на неформалниот состанок со министрите за надворешни работи од групата „Пријатели на Западен Балкан“ на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

-Како „важен чекор напред во зајакнувањето на регионалната соработка и значајно подобрување на дипломатските односи меѓу двете земји“, ја карактеризираше министерот за надворешни работи на С. Македонија, Тимчо Муцунски, средбата што ја имаше во Њујорк со министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, пишува државната агенција АНА-МПА на почетокот на текстот, пренесувајќи го соопштението од македонското МНР, вест што ја презедоа и останатите медиуми во Грција.

Во продолжение пренесен е и делот дека за време на „конструктивната средба посебно внимание било посветено на можностите за развој на трговијата, инфраструктурата и инвестициите во енергијата, како основни области, каде постојат реални можности за проширување на соработката“, но и ставот од Министерството за надворешни работи на С.Македонија дека „почитувањето на меѓународното јавно право е од неопходно за обезбедување на иднина заснована на заеднички просперитет и одржлив мир“.

Од друга страна, во онлајн изданијата на медиумите во Грција, акцентот е ставен на ставовите на Герапетритис особено за Договорот од Преспа, изразени по средбата со Муцунски, преку неговата изјава за активностите во текот на вчерашниот ден во Њујорк, а пренесени се и информациите од грчките дипломатски извори за разговорите на двајцата министри.

- Герапетритис, исто така испрати порака за почитување на договорите, истакнувајќи дека „европската перспектива оди преку почитување на меѓународното право, за Европа да остане столб на стабилноста на меѓународната сцена. За да остане активна меѓународната стратешка безбедност, не треба да има селективна примена на меѓународните договори“, пишува информативниот портал „Ин“, пренесувајќи ја изјавата на Герапетритис.

Како што вчера објави МИА, грчки дипломатски извори брифираа дека прашањата за билатералната, прекуграничната и регионалната соработка, европската перспектива на нашата земја, како и потребата да се почитуваат меѓународното право и меѓународните договори, како што е Договорот од Преспа, биле темите за кои разговарале министрите за надворешни работи на двете земји на нивната прва средба.

Во изјава за новинарите што се во Њујорк, Герапетритис уште еднаш ја повтори и нагласи грчката поддршка за ЕУ перспективата на Западен Балкан, меѓу кои и на нашата земја и рече дека како на неформалниот состанок со министрите од регионот, така и на средбата со Муцунски имал можност да ја истакне „потребата оваа европска перспектива да останете цврсто активна, се разбира, со апсолутно почитување на европското законодавство и меѓународното право, особено меѓународните договори“.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вчерашната прва билатерална средба со неговиот грчки колега ја оцени како одлична, позитивна и конструктивна, а како што јави известувачката на МИА од Њујорк, шефот на дипломатијата изјави дека „во духот на добрата верба и во духот на почитувањето на обврските кои произлегуваат од меѓународното јавно право заеднички ќе работиме сите да ги реализираме обврските коишто ги имаме“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата

Десетици китови се пронајдени на плажа на Северниот остров во Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да вратат неколку преживеани во водата, соопшти Министерството за заштита на природата.

Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата

Во соопштението се наведува дека најмалку 20 китови се насукале долж брегот кај Нгави, во близина на Кејп Палисер – најјужната точка на Северниот остров.

Досега, два кита се успешно вратени во морето. Како што пренесе „Радио Нов Зеланд“, локалните жители изјавиле дека во текот на ноќта на брегот се насукале околу 50 китови.

Повеќето угинаа од здобиените повреди, а волонтерите се обидуваат да ги одржат во живот останатите и да им помогнат да се хидрираат, користејќи кофи со вода и крпи.

Насукувањето на китови е честа појава долж бреговите на Нов Зеланд и Австралија. Големи популации на китови-пилоти живеат во длабоките океани околу овие островски земји, но сè уште не е познато зошто поединци од овие видови завршуваат насукани на брегот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кендрик Нан испиша историја против Реал Мадрид

Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан имаше неверојатна четврта четвртина и постави нов рекорд.

Кендрик Нан испиша историја против Реал Мадрид

Американскиот бек одигра спектакуларно второ полувреме против Реал во Мадрид и собори импресивен рекорд, кој до синоќа го држеше играчот на Црвена ѕвезда, Џаред Батлер.

Нан постигна 23 поени во четвртата четвртина и, заедно со Матијас Лесор, беше најзаслужен за спектакуларната победа на Панатинаикос над Реал во евролигашкото дерби.

Играчот на Панатинаикос го надмина претходниот рекорд од 22 поени, поставен од Џаред Батлер против Асвел на 23 декември 2025 година.

Неговиот учинок претставува и втор најдобар поентерски резултат во една четвртина во Евролигата во тој период, при што му недостасуваа само три поени за да го израмни рекордот на Карсен Едвардс од 26 поени во една четвртина, остварен во регуларниот дел од сезоната 2024/25.

Нан исто така го израмни својот личен рекорд по број на погодени шутеви за два поена на еден натпревар во Евролигата без ниту едно промашување, реализирајќи совршени 8 од 8 обиди од внатрешноста на линијата за три поени.

На крајот, тој го заврши натпреварот со 33 поени, а за неговата неверојатна партија по натпреварот зборуваше и Жељко Обрадовиќ.

„Не е лесно по неговата повреда, сите мораме да имаме трпение со него. Мораме да бидеме свесни за квалитетот што го поседува тимот. Одигравме одлично во напад, но мораме да го подобриме и сегментот во одбраната.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возила

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против лицето М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила.

Финансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возила

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против лицето М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривичнo делo “Проневера во службата “од член 354 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Според прибраните докази постојат основи на сомнение дека пријавениот во својство на одговорно лице-управител, во периодот од 01.01.2022 до 31.12.2025, искористувајќи го овластувањето на друштвото за вршење технички прегледи на моторни возила, противправно присвоил парични средства наплатени од физички и правни лица при регистрација на моторни возила, наменети за повеќе субјекти по основ на јавни давачки. На овој начин, на правниот субјект му прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 41.518.042 денари, на штета на општините, Министерството за животна средина, Службата за помош и информирање, Црвениот крст на Република Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Дополнително, со цел прикривање на трагите на кривичното дело, во текот на 2022 и 2024 година, пријавениот извршил противправен отпис на јавни давачки во вкупен износ од 17.090.623 денари, при што во сметководствената евиденција го намалил долгот кон наведените субјекти и прикажал помал износ на обврски по основ на јавни давачки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер