Грчките медиуми за убиството на 14-годишната Вања - Канал 5

Грчките медиуми за убиството на 14-годишната Вања

Јавноста е во шок по убиството на 14-годишното девојче, кое пред една недела беше киднапирано пред нејзиниот дом во Скопје.

Грчките медиуми за убиството на 14-годишната Вања

Јавноста е во шок по убиството на 14-годишното девојче, кое пред една недела беше киднапирано пред нејзиниот дом во Скопје, а вчера беше пронајдена мртва на локација надвор од Скопје, во киднапирањето на 14-годишната наводно е вмешан и нејзиниот татко, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, на почетокот од текстот за убиството на Вања, текст кој го презедоа онлајн медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

„Скопје: Мртва 14-годишната која беше киднапирана-се истражува вмешаност на нејзиниот татко“; „Шок од суровото убиство на 14-годишната Вања, која беше киднапирана во Скопје“; „Македонија: Пронајдена мртва 14-годишната, која беше киднапирана во Скопје“; „Скопје: пронајдена мртва 14-годишната – се бара нејзиниот убиец“; „Пронајдена мртва 14-годишна киднапирана во Скопје – се чини дека е вмешан нејзиниот татко“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, кои ја пренесуваат веста од АНА-МПА.

Грчката новинска агенција, ги пренесува изјавите на министерот за внатрешни работи на Македонија Оливер Спасовски и ставот дека мотивот за киднапирањето била лична корист, со цел киднаперите да извлечат пари од мајката на 14-годишната, но и дека наводно, добиените информации за девојчето биле од нејзиниот таткото.

-За случајот уапсени се три лица, додека убиецот првично побегнал во Србија, а оттаму во Бугарија и се трага по него. Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска негира вмешаност во киднапирањето на неговата ќерка. Според министерот за внатрешни работи на Македонија, „мозокот“ на киднапирањето ја убил 14-годишната со пиштол, во страв дека би можел да биде уапсен од полицијата која имаше започнато истрага за киднапирањето, пишува АНА-МПА.

Во опширниот текст додава дека полицијата го знае идентитетот на убиецот, дека станува збор за контроверзен бизнисмен, познат на полицијата од минатото, а е и основач на мала вонпарламентарна националистичка партија.

Како што минатата седмица објави МИА, грчката невладина организација „Насмевката на детето“, чија главна цел е заштита на децата и нивните права, на официјалниот Фејсбук профил објави пост за исчезнатата Вања, што иако не беше официјален амбер алерт, сепак беа споделени сите податоци и информации за девојчето, како и нејзината фотографија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во Македонија

Наместо електроди во мозокот да им се вградуваат во Турција, пациентите со Паркинсонова болест наскоро би можеле ваквите операции да ги прават и во Македонија.

Државата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во Македонија

Државата планира да ја воведе длабоката мозочна стимулација, современа неврохируршка метода за контрола на нарушувањата во движењето, но и нови биолошки терапии за пациенти со Алцхајмерова болест. Методата на мозочна стимулација во светот се применува со децении, но кај нас допрва ќе се обучуваат тимови за нејзино спроведување.

Обуката на македонските лекари ќе ја спроведуваат експерти од Клиниката за неврологија во Љубљана. Оттаму сметаат дека воспоставувањето на методата во Македонија нема да биде тежок процес, а за дел од пациентите таа може да значи значително подобар квалитет на живот.

Според проценките, во Македонија има околу 24.000 лица со Алцхајмерова болест и други форми на деменција, додека бројот на пациенти со Паркинсонова болест, според министерот за здравство, е околу 5.000. Очекувањата се двете новини во лекувањето да станат достапни во земјава во текот на 2027 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа

Уште 102 страници и апликации кои нелегално приредувале онлјан игри на среќа ќе бидат блокирани за домашните корисници на интернет, информираат од Министерството за дигитална трансформација.

Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа

Оттаму за Канал 5 велат дека со ова, бројката на блокирани страници од овој тип е 462, а целта е да се спречат измами и нелегално испумпување на пари од граѓаните. Од ресорното министерство велат дека овие страници најчесто ги создаваат лица кои се сопственици сервери надвор од државата и поради тоа велат дека е клучна нивната превентивна реакција.

- На тие игри не се знае каде завршуваат нивните податоци, каде завршуваат нивните пари, не се знае ниту дали самата игра е фер за граѓанинот и не постојат механизми за нивна заштита во случај на измама, затоа што ваквите игри најчесто се регистрираат, односно се воспоставуваат во држави каде оваа дејност не е регистрирана, односно каде што нема да подлежат на одговорност. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација

На овие нелегални страници најчесто се организираат игри како покер томболи и други игри на среќа, но граѓаните кога ќе кликнат на нив, сепак добиваат известување дека се дел од нелегална мрежа на игри на среќа, за која согласно новиот закон се предвидени и казни и за нив како учесници, објаснуваат од министерството. Сепак, иако новата законска регулатива е во сила уште од летово, казни во пракса за индивидуалци кои биле дел од вакви игри на среќа засега нема.

– И самото учество на граѓаните во ваквите игри на среќа е забрането со новиот закон за игри на среќа – се предвидуваат глоби од 1000 до 2000 евра. Има ли санкциониран граѓанин досега? Досега според нашите информации нема санкциониран граѓанин. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација

Согласно законските измени, единствен приредувач на игри на среќа во државата во онлајн просторот е државна лотарија. Токму лотарија пак доставува список на нелегални страници кои приредуваат игри на среќа, а се лесно достапни за граѓаните. Потоа лотарија му го проследува тој список на Министерството за дигитална трансформација, од каде се издава налог за блокирање на страници, а Агенцијата за електронски медиуми има рок од пет дена го оневозможи пристапот до спорните страници на нашите граѓани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица потврдени со морбили, едно бебе завршило во инфективна

Бебе под една година завршило на клиниката за инфективни болести, заради добивање на ситни сипаници или морбили. Бебето е во стабилна состојба и е пуштено на домашно лекување. 

Четворица потврдени со морбили, едно бебе завршило во инфективна

Освен овој пациент уште кај тројца е потврдено дека имаат морбили, странски државнијан, уште едно дете помало од година и 40 годишен маж, сите се невакцинирани, потврди министерот за здравство Клековски.

„Инстиутот за јавно здравје ги прави анктите, дали има поврзаност помеѓу случаите со морбили. Засега нема епидемија од морбили, но мора да се внимава и да се применуваат сите препораки и да се вакцинираат децата“, вели Сашо Клековски министер за здравство.

Во моментот опфатот до МРП вакцината е под 70%, она што е важно да се вакцинираат сите деца, оние возрасни кои се вакцинирани со една доза. Вирусот е брзо пренослив и оние кои имаат симптоми на црвенило на кожа, зголемена температура да се јават на доктор и да не се мешаат на места каде има луѓе.

„Вакцинирајте се, мора да има заштита. На пример децата под една година не се според календарот за вакцинација, а се заразени. И може да имаат компликации“, вели Сашо Клековски министер за здравство.

Од 2018 година во Македонија имаше прогласено епидемија на морбили. 1900 луѓе се заразија со сипаниците, а почина четворица заради компликации. Од ИЈЗ апелираат на редовна вакцинација бидејќи станува збор за сипаници кои даваат сериозни последици по здравјето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер