3Демонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)
БалканГрчките медиуми за нашето членство во НАТО– „Македонија и официјално стана член на НАТО", е насловот, но и коментарот што преовладува во онлајн изданијата на грчките медиуми во однос на нашето членство во северно – атлантската алијанса.Под насловите „С. Македонија и официјално 30-ти член на НАТО"; „Скопје и официјално член на НАТО"; „МНР: Ѝ честитаме на С. Македонија за членството во НАТО како 30-ти член на Алијансата"; „Официјално: С. Македонија стана 30-от член на НАТО", медиумите во Грција, односно нивните електронски изданија во главно ја преземаат веста објавена од грчката новинска агенција АНА-МПА, а ги пренесуваат и ставовите и честитките изразени преку „Твитер", како на Генералниот секретар на НАТО, така и на амбасадорката на САД во Скопје, но и од македонското МНР и грчкото МНР, како и соопштението од американскиот државен секретар, јави дописничката на МИА од Атина. -С. Македонија и официјално е 30-та членка на НАТО, а членството го поздравија Генералниот секретар на Алијансата и државниот секретар на САД, пишува АНА-МПА. -С. Македонија е 30-та држава што станува член на северно –атлантската алијанса. Околу членството на соседната земја, постираше амнасадорката на САД во Скопје, Кејт Бернс, а Министерот за надворешни работи Никола Димитров, го карактеризираше историски за неговата земја конкретниот момент, пишува онлајн изданието на грчкиот весник „Прото тема" и ги пренесува Твитовите на Бернс и Димитров. Грчката новинска агенција АНА-МПА на крајот од текстот потсетува дека завчера „земјите членки на ЕУ се согласија за почеток на пристапни преговори со Македонија и Албанија, процес што се очекува да трае повеќе години, додека да се заврши". Грчките медиуми, паралелно го пренесуваат и ставот на Министерството за надворешни работи на Грција изразено преко „Твитер" профилот, односно честитката упатена до Македонија за членството во НАТО. -Ѝ честитаме на Република С. Македонија за нејзиното членство во НАТО како 30-ти член на Алијансата. Добредојде за нашите соседи во НАТО семејството и очекуваме конструктивна соработка во рамките на Алијансата, напишаа од грчкото МНР на „Твитер", како што веќе објави МИА. Портпаролот на СИРИЗА, Алексис Харицис и одговорната за меѓународни и европски прашања во политичкиот секретаријат на партијата Рања Свигу, преку социјалните мрежи ја коментираа честитката на „Твитер" од грчкото МНР до нашата земја, потсетувајќи на позициите на Нова демократија додека беше опозиција, јави дописничката на МИА од Атина. Харицис, преку неговиот официјален „Твитер" профил напиша „подобро касно отколку никогаш". -Ѝ посакуваме добредојде на владата на Нова демократија на фронтот на логиката и патриотскиот интерес одреден со Договорот од Преспа. Позитивно е, па макар и сега, што признава дека ја измами цела Грција кога поттикнуваше омраза и национална поделба за внатрешно – партиски интерес, напиша Харицис. Свигу, преку нејзиниот официјален „Твитер" профил го коментираше ставот на Нова демократија во 2019 кога грчкиот Парламент го ратификуваше протоколот за наше членство во НАТО, и ставот на Нова демократија сега. -Дефиниција за салто: Февруари 2019: Господинот Мицотакис гласа против протоколот за членство на Македонија во НАТО. Март 2020: Господинот Мицотакис ѝ честита на Македонија за членство во НАТО, напиша Свигу и паралелно објави фотографии, од вчерашниот твит на грчкото МНР, но и од ставот на Мицотакис од 2019, исто така изразен преку „Твитер". Според она што го објави одговорната за меѓународни и европски прашања во политичкиот секретаријат на партијата, Кирјакос Мицотакис, на 8 февруари 2019 година, тогаш како лидер на опозицијата напишал дека тие гласаат против протоколот, „бидејќи е последен чин на еден национално штетен договор". /МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МетеоУтре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 10 Попова Шапка, 14 Крушево, 16 Лазарополе, 18 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, Берово, Маврови Анови, 19 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Виница, 20 Битола, Велес, Штип, 21 Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица, 22 Демир Капија, 23 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини имаше појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладнево ќе се задржи променливо облачно, а до крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканРама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)Албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од самитот во Црна Гора каде намерно не се гледа премиерот на Косово, Албин Курти!Рама на својот официјален Фејсбук профил објави две фотографии од Самитот на лидерите од Берлинскиот процес што се одржа во Милочер кај Будва, пренесе Телеграф. Официјалната фотографија од самитот, кој го отворија црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и германскиот канцелар Фридрих Мерц, ги прикажува лидерите од регионот како стојат еден до друг. Курти може да се види и како стои во првиот ред недалеку од Рама, но албанскиот премиер објави уште една фотографија, зголемена, но Курти веќе го нема. Фотографијата е отсечена токму таму каде што се наоѓал. Албанските медиуми, меѓу кои и Бота Сот, наведуваат дека тоа не е случајно и дека се знае дека односите меѓу Рама и Курти се лоши со години, а таквиот гест на албанскиот премиер, како што велат, е едноставно продолжение на нивните несогласувања. Голема бура, сепак, се крена и во коментарите под фотографиите, каде едни го критикуваа Рама за спорната фотографија, а други го оправдаа неговиот потег.Тагови: Еди Рама Албин Курти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДемонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз полицајците за време на протестот во Тирана.Во таа прилика, еден полицаец се запали, а неговите колеги веднаш истрчаа да му помогнат и да го изгаснат пожарот, објавува Топ ченел. Исто така, за време на фрлањето молотови коктели, јакната на еден млад човек се запали, но тој успеа самиот да го изгасне пожарот. View this post on Instagram A post shared by Vizion Plus (@vizionplustv) Инцидентот се случи додека протестите сè уште траеја во атмосфера на тензии и конфликти, со фрлање пиротехнички средства и употреба на солзавец. Тагови: Молотови коктели Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter