Грчките медиуми преплавени со Договорот од Преспа

Договорот од Преспа е централната тема на насловните страници на речиси сите денешни, неделни изданија на грчките весници, а дел од нив, го пренесуваат и целиот текст од договорот.

МИА пренесува дел од насловните страници на медиумите:

„Авги", весникот што важи за гласило на СИРИЗА има интервју со грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој вели дека договорот е историски чекор за двете земји, а ратификацијата е патриотска должност.

Весникот „Реал њуз" има интервју со вицепремиерот Бујар Османи, под наслов „Грција е главниот гарант за нашите евроатлантски амбиции".

Весниците „Етнос" и „То Вима", под насловите „Тајните на Преспа" и „Во стапицата на Преспа" ги анализират последните случувања на грчката политичка сцена во пресрет на ратификацијата на Договорот.

Десничарско ориентираниот, опозициски весник „Прото тема", пренесува резултати од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата за рејтинг „Марк", според кое 66 отсто велат „не" за Договорот од Преспа, а 67.4 отсто од испитаниците бараат избори најдоцна до мај.

Како што најавија од грчката Влада, за граѓаните да бидат објективно информирани, спроведоа кампања и Договорот од Преспа го доставија до весниците за да го објават во целост, а во дел од денешните изданија на весниците излезе целиот текст од договорот, јави дописничката на МИА од Атина. /МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер