ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците
1ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците
3ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година
БалканГрчкиот Парламент го ратификуваше договорот со Србија за заеднички полициски патроли на туристичките места Договорот меѓу Србија и Грција за заеднички полициски патроли на туристичките места во двете земји, потпишан пред нешто повеќе од три години меѓу двете министерства надлежни за полицијата, минатата седмица беше ратификуван од грчкиот Парламент. Договорот меѓу Србија и Грција за заеднички полициски патроли на туристичките места во двете земји, потпишан пред нешто повеќе од три години меѓу двете министерства надлежни за полицијата, минатата седмица беше ратификуван од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Договорот што е меѓу Министерството за заштита на граѓаните на Грција и Министерството за внатрешни работи на Србија, предвидува секоја од страните да испрати до двајца полицајци за период од најмногу 30 дена. Во заедничките полициски патроли полицајците ќе бидат во униформи, но без оружје, ќе бидат надлежни за одржување на јавниот ред, а во земјата во која патролираат ќе преземаат случаи што се однесуваат на државјани од нивната матична земја. Согласно договорот, локациите за заеднички патроли ќе ги одредува земјата домаќин, согласно туристичката активност. Во пракса, со договорот, грчки полицајци ќе се испраќаат во Србија и заедно со нивни српски колеги ќе патролираат во места каде што има туристи од Грција, а српски полицајци, заедно со колеги од Грција ќе патролираат на грчки турстички места популарни кај туристите од Србија. Договорот, што е на неодредено време, ќе стапи во сила 30 дена од датумот кога страните меѓусебно ќе се информираат дека завршиле со домашните процедури. На почетокот на октомври 2022 години, како што тогаш објави МИА, тогашниот министер за заштита на граѓаните на Грција Такис Теодорикакос и тогашниот министер за внатрешни работи на Србија Александар Вулин, во грчкиот град Александруполи во присуство на грчки и српски високи полициски службеници го потпишаа договорот за заеднички патроли во туристичките места на двете земји. Теодорикакос рече дека особено ги интересира „чувството на безбедност на грчките граѓани кога се во Србија и на српските граѓани кога ја посетуваат Грција“. -Заедничките патроли ќе бидат во туристичките дестинации и на Грција и на Србија, со цел да се консолидира и да се зајакне токму ова чувство на безбедност кај граѓаните на двете земји, кога ќе ја посетуваат едната и другата земја, објасни тогаш Теодорикакос. Тагови: грција Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПерпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00
МакедонијаЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратеницитеДодека со разни панаѓури и концерти си прославија 35 години од осамостојувањето на Македонија, Законот за укинување на двојното државјанство на пратениците сѐ уште седи заглавен некаде во собраниските лавиринти.Колку што е важно да се докажува патриотизмот и љубовта кон државата преку концерти и разни настани платени со народни пари, кои патем очигледно никој не знае точно колку чинат, исто толку е и важна лојалноста на пратениците, па и на другите функционери кон нашата држава. Додека устите им се полни со патриотизам и за тоа кој колку ја сака државата, самите предлагачи на Законот за укинување на двојните државјанства, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, сѐ уште молчат и го избегнуваат донесувањето на оваа регулатива. Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, со јавно објавен заверен нотарски акт побара и останатите колеги-пратеници да докажат дека и тие како неа, поседуваат само македонско државјанство. До денеска, освен Зајкова, сите други пратеници сметаат дека нема потреба од јавно докажување на лојалноста, верноста и љубовта кон државата, истата од која секој месец земаат плата и користат разни бенефиции. Во таа насока, ЛДП повторно бара од пратениците час поскоро да ги донесат измените со кои ќе се ограничи правото за поседување на две државјанства на пратениците, но и на министрите, директорите, јавните обвинители, судиите и другите функционери. Нема потреба од половични решенија, „ќе важи за овој мандат, ќе важи за другиот мандат“, „ќе важи за едните, ама нема да важи за другите“. Воедно, предлагачите на законот исто така да побараат сите актуелни носители на функција да ги достават на увид нивните досиеја и сите што поседуваат двојно државјанство, да се откажат од второто или во истиот момент да си поднесат оставка. Сѐ останато е купување на време и замајување на јавноста, но и отвара сериозни сомнежи за тоа дали извршителите на државните функции вистински ги штитат интересите на Македонија, или пак на некоја друга држава. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмериканските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еденАмериканските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еден, како одговор на тоа што Техеран двапати гаѓаше американски воен брод, соопшти Централната команда на САД.Четири ирански танкери за нафта во Оманскиот залив поврзани со корпусот на Иранската револуционерна гарда беа цел на нападот, како и уште еден во близина на островот Харг, голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, додаде централната команда на САД. Техеран одговори со лансирање ракети врз американската база во Јордан - од кои повеќето беа соборени - и соопшти дека нападнале два американски брода и осум танкери за нафта во Ормутскиот теснец. Пресметките меѓу двете земји ескалираа изминатата недела, по повеќе од шест месеци откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари. Цените на нафтата пораснаа на азиската берза. Референтната сурова нафта „Брент“ поскапе за 1,5% , додека нафтата што се тргува на берзата во САД е повисока за 1,3%.Тагови: ирански танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСе смирува нилската треска, нема нови примени на Инфективната клиникаНема нови приеми на пациенти на Клиниката за инфективни болести, со нилска треска.Од клиниката за Канал 5 потврдија дека е пуштен пациент од клиниката кои се лекувал повеќе од една недела и е во добра здравствена состојба. Засега на клиниката има седум пациенти со нилска треска, двајца се во тешка состојба и се во одделот за интензивно лекување. Осум пациенти починаа поради компликации од нилската треска и имале и други заболувања, сите се на возраст над 60 години. Од Град Скопје највија дека денска ќе се прскаат водните површини против ларави од комарци.Тагови: западно нилска треска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПерпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00