Грчкиот Парламент денеска ќе гласа за законот за приватни факултети, студентите на протест - Канал 5

Грчкиот Парламент денеска ќе гласа за законот за приватни факултети, студентите на протест

Грчкиот Парламент денеска ќе гласа за законот за приватни факултети, студентите ќе одржат протест во Атина

Грчкиот Парламент денеска ќе гласа за законот за приватни факултети, студентите на протест

Пратениците во грчкиот Парламент денеска ќе гласаат за предлог-законот на Министерството за образование за „Зајакнување на државниот универзитет – рамка за работа на непрофитни оддели на странски универзитети“, а студентите закажаа нов протест за уште еднаш да го изразат нивното незадоволство од одлуката на Владата за отворање приватни факултети, јави дописничката на МИА од Атина.

Расправата во грчкиот Парламент започна во средата и се очекува гласањето да биде вечерва, а според најавите веројатно ќе добие зелено светло само од пратениците на владејачката Нова демократија.

На почетокот на февруари министерот за образование на Грција Кирјакос Пиеракакис претставувајќи го предлог-законот соопшти дека недржавните и непрофитни универзитети од септември 2025 година ќе почнат со работа, а приемот на студентите ќе се врши исклучиво преку државните испити.

Освен државните испити што важат за упис на факултет, како што објасни министерот за образование на Грција, студентите ќе треба да ги исполнат и критериумите поставени од странскиот универзитет.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во декември соопшти дека создаваат рамка за конечно во Грција да функционираат непрофитни, недржавни високообразовни институции, истакнувајќи дека станува збор за историска реформа во образованието, по што од почетокот на јануари, секој четврток студентите и учениците одржуваат протести против отворањето приватни факултети и порачуваат дека високото образование мора да остане државно и бесплатно.

Студентите и учениците и за денеска закажаа протест, а се очекува на собирот во центарот на Атина да пристигнат од цела Грција.

Паралелно добија поддршка и од синдикатите кои напладне ќе одржат традиционален осмомартовски протест.

Според истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Opinion Poll“ за телевизијата „Action 24“ во периодот од 4 до 5 март 2024 година, над пет од десет анкетирани, односно 54,1 отсто се „за“ отворање приватни факултети во Грција, наспроти 41,3 проценти кои се против.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Со новиот ДУП за Барутана, сите жители на Центар ќе плаќаат за апетитите на неколкумина

Теренот на Водно каде се предвидува изградба на населба со хациенди бара сложени и извонредно скапи градежни зафати.

ЗНАМ: Со новиот ДУП за Барутана, сите жители на Центар ќе плаќаат за апетитите на неколкумина

Доколку се прифати предлог ДУП-от за Барутана, Општина Центар ќе биде обврзана да го уреди градежното земјиште, да се направат две нови улици и да ја изгради неопходната водоводна и канализациона инфраструктура.

​Парите кои би се собрале од комуналиите за градење нема да бидат доволни да се спроведат наведените градежни зафати, или народски кажано: „Ќар до колена, зијан до гуша“.

​Оваков пристап не само што не е домаќински за општинската каса, туку сите центaрци ќе треба да ја плаќаат преку буџетот на општината за да се задоволат апетитите на неколкумина.

​Ова е една од причините зошто советниците на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија во Општина Центар се противат на предлог ДУП-от за Барутана.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хашката пресуда ги вжешти реакциите – партиите во Македонија со различни ставови

По случајот Младиќ, и вчершаната пресудата во Хаг ја бранува политичката сцена во Македонија. 

Хашката пресуда ги вжешти реакциите – партиите во Македонија со различни ставови

По реакциите на политичарите и партиите од албанскиот блок кои казните за четворицата лидери на ОВК речиси едногласно ги оценија за неправедни, се огласи и опозициската СДСМ со порака дека одлуката на судот треба сите да ја почитуваат и да не се поттикнуваат тензии. Од партијата на Филипче упатија критики до претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој вчера на социјалните мрежи напиша дека ниту една пресуда не може да негира дека четворицата обвинети му припаѓаат на славно поглавје во историјата на Косово. Од СДСМ неговата реакција ја оценија како несоодветна и спротивна на европските вредности, зашто се работело за човек што извршува државна функција.

-Во оваа насока реакциите на претседателот на Собранието, Африм Гаши се крајно несоодветни, тој извршува државна функција, претседател на Собранието и е претставник на држава што сака да биде дел од ЕУ. Не може двојни аршини. Ова не е пресуда против албанскиот народ. Не е пресуда против правото на Косово на слобода. Судот суди поединци. Кој денеска ја претвора пресудата во етничка лекција, прави иста грешка како оној што злосторството го крие зад некое знаме. – Велат од СДСМ.

Од Гаши засега нема одговор на критиките на опозицијата во однос на ставот на пресудата во Хаг, која вчера за неправедна ја оценија и лидерот на Дуи, Ахмети и владеачката Вреди, и покрај пораките на Стејт Департментон и на Европската Унија дека судската одлука треба да се почитува.

Дел од аналитичарите очекуваат политичкиот набој да спласне, токму по пораките од меѓународната заедница, иако сметаат дека реториката, во која гледаат популизам, повторно ќе се разгори пред претстојните избори во Србија за еден месец.

-Тоа е истата линија на национал популизам, од двете страни на оградата, која се обидува од едни контроверзни историски личности да создаде некаков повик за етничка или национална мобилизација, тоа е дел од истата приказна, меѓутоа на крајот, сето тоа е релативно привремено. Во 21 век луѓето се позаинтересирани за квалитетот на живот и квалитетот на услугите за едни релативно попрактични теми, а се помалку за романтична историја. Не е голема тајна дека сите албански политички партии го сметаат Хашим Тачи за, условно речено, херој, и покрај тоа што меѓународната заедница, при судот во Хаг го осудија како воен злосторник, тоа е дел на нивната политичка идеологија, па и делумен популизам. Петар Арсовски – Аналитичар.

Специјализираниот суд во Хаг вчера ги осуди на вкупно 81 година затвор, поранешните лидери на ОВК, Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели И Реџеп Селими, по што избија и инциденти во Хаг и во Приштина, а избија и нереди пред седиштето на ЕУЛЕКС, каде се кршеа прозорци со камења, а предизвикан беше пожар од фрлени запаливи средства

Две лица беа приведени, а еден од нив доби 48-часовен притвор. Косовската полиција распореди дополнителни сили пред меѓународните и државните институции, а специјалните единици и денеска остануваат на клучните сообраќајници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кандскиот премиер Карни ја поздрави идејата неговата земја да стане придружна членка на ЕУ

Канада и Европа се посилни заедно и Канада го поздравува овој „Сојуз за иднината„ -  громогласен аплауз за канадскиот премиер Марк Карни во Европскиот парламент.

Кандскиот премиер Карни ја поздрави идејата неговата земја да стане придружна членка на ЕУ

Канада и Европа се посилни заедно и Канада го поздравува овој „Сојуз за иднината„ - громогласен аплауз за канадскиот премиер Марк Карни во Европскиот парламент, откако вчера шефицата на Европската Комисија - Урсула Фон дер Лајен, ја покани неговата земја да стане првата официјална придружна членка - што практично претставува нов концепт без правен преседан во актите на ЕУ. Соработка во суштински области како критични метали, одбрана, технологија и енергетика, но не и нов светски ривалски блок со цел да доминира – прецизираше премиерот Карни.

-Се отвора вратата за Канада да стане прва придружна членка на Европската Унија. Канада ја поздравува оваа амбиција. Сојузот за иднината е единствен, позитивен пристап што заеднички ќе го дефинираме, надоврзувајќи се на нашите заеднички сили и вредности,- - Марк Карни, премиер на Канада.

Додека деталите на придружното членство ќе се разработуваат на октомврискиот Самит ЕУ – Канада по што ќе следи и гласање во канадскиот парламент, според првичната реакција на американскиот претседател Доналд Трамп, САД не гледаат благонаклонето кон овој нов сојуз. Трамп се закани дека ќе ја прекине трговијата со ЕУ.

-Мислам дека тоа е смешно. Сметам дека Канада е ужасен трговски партнер. Ако го направат тоа, и ако сметам дека станува збор за непријателски чин, ќе воведам многу сериозни царини или ќе прекинам да тргувам со Европа во многу работи,- -Доналд Трамп, претседател на САД.

Поканата за придружно членство доаѓа во момент кога Канада бара начин да се дистанцира од САД поради турбулентните односи и трговската војна со претседателот Доналд Трамп, кој неодамна освен закани со високи царини, изрази желба Канада да стане 51та држава на САД. Но, дека новиот концепт за придружно членство не завршува само со Канада, навести претседателката на Европскиот парламент – Роберта Мецола, најавувајќи можност примерот со Отава да го следат и Австралија и Нов Зеланд.

-Постојат различни форми – земји што сакаат да ѝ се приклучат на ЕУ или земји што се дел од Европската економска зона, а во овој случај станува збор за земји со кои сакаме да ги продлабочиме односите. Тука спаѓа Канада, а не се сомневам дека ќе бидат вклучени и други земји,- - Роберта Метсола, претседателка на Европски парламент .

Во однос на заканите од Трамп кон Европската Унија, Мецола изјави дека целта на Брисел не е да се спротивстави некому, туку да развива подлабока соработка базирана на правила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер