Грчки медиуми за неможноста лидерите на ЕУ да донесат одлука за Македонија и Албанија - Канал 5

Грчки медиуми за неможноста лидерите на ЕУ да донесат одлука за Македонија и Албанија

На непроменетиот став на Франција во однос на европската перспектива на Македонија и Албанија го ставаат грчките медиуми акцентот во текстовите за Самитот на ЕУ и недонесената конкретна одлука за проширувањето.

Грчки медиуми за неможноста лидерите на ЕУ да донесат одлука за Македонија и Албанија

Грчката државна телевизија ЕРТ во пладневното издание на вестите објави дека за проширувањето на Европската Унија и европската перспектива на Македонија и Албанија утрово одново се дискутира на вториот ден од Самитот на ЕУ, jави дописничката на МИА од Атина.

Голем дел од грчките медиуми го презедоа текстот од новинската агенција АНА-МПА под наслов „ЕУ: Не постоеше договор за почеток на пристапни преговори со Македонија и Албанија", во детално се пренесени изјавите од прес – конференцијата во Брисел.

Франција беше една од трите земји што го спречија почетокот на пристапни преговори и раздвојување на двете кандидатури, објави АНА-МПА и повикувајќи се на француски дипломатски извор пишува дека разговорите за проширувањето на ЕУ биле долги и тешки.

-Никаков текст за ова прашање не беше усвоен, бидејќи не постои договор за да почнат пристапните преговори, рекол францускиот дипломатски извор за АНА-МПА.

„Самит на ЕУ: Три земји го блокираа почетокот на пристапни преговори со Македонија и Албанија"; „Француско вето за интеграција на С. Македонија и Албанија во ЕУ"; „Блокада од Франција за почеток на пристапни преговори со Македонија и Албанија"; „Стоп од Макрон за Скопје и Тирана во ЕУ"; „Мицотакис и Ципрас поддржуваат интеграција на Македонија и Албанија во ЕУ"; „ЕУ без договор за преговори со С.Македонија и Албанија", се дел од насловите во онлајн изданијата на медиумите во Грција.

-Владини извори објаснуваат дека синоќешната разврска не значи дека прашањето е одложено. Од една страна прашањето може денес повторно да биде ставено на дискусија за време на вториот ден од Самитот на ЕУ, а од друга страна, предвидено е лидерите на ЕУ конечно да дадат зелено светло на еден од следните самити, ако денес нема некаква разврска, пишува „Нафтемборики".

-И покрај многучасовниот состанок на првиот ден од Самитот во Брисел, не излезе бел чад за почеток на пристапните преговори со Македонија и Албанија, пишува информативниот портал „Њузит".

-Франција, поддржана од уште две земји, ги блокираа пристапните преговори за Македонија и Албанија, ширејќи разочараност и во двете балкански земји, пишува „ Ефимерида тон синдактон"

-„Vive la France" ќе извикаат оние кои се скептично за интеграцијата на Албанија и Скопје во Европската Унија, бидејќи по маратонската дискусија на 28-те европски лидери што заврши кусо пред 3 часот, ја официјализираа неможноста за постигнувањето договор, пишува „Прото тема"./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на редовниот годишен состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната

Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI

Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative)

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на редовниот годишен состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative).

На состанокот ќе присуствуваат и високи воени претставници на НАТО и ЕУ, меѓу кои заменик-командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, командантот на мултинационалните копнени сили, командантот на КФОР и командантот на ЕУФОР.

Во фокусот на дискусиите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици во регионот, воената соработка во рамките на DECI и НАТО, како и можностите за продлабочување на одбранбената соработка и заедничките обуки.

За време на работните сесии, генералот Лафчиски ќе има свои излагања во кои ќе ја потврди посветеноста на нашата држава кон колективната безбедност и улогата на Армијата во рамките на оваа иницијатива, како сигурен партнер во зачувувањето на мирот и стабилноста на Балканот.

На крајот од конференцијата ќе се утврди динамиката за следните заеднички проекти, а началниците на генералштабовите ќе потпишат заедничка изјава за соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва на сцената на Македонската филхармонија два оркестра, два града

 „Профундис“ од Скопје и „Камерата“ од Нови Сад вечерва за првпат заедно на сцената на Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ

Вечерва на сцената на Македонската филхармонија два оркестра, два града

СКОПЈЕ, 19.11.2026: Вечерва, во 20:00 часот, во Големата сала на Македонската филхармонија, Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот „Камерата“ од Нови Сад ќе настапат како еден голем музички состав, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ.

Музичарите од двата града ја споделуваат сцената во изведба во која оркестарот е вистинскиот главен актер. Наместо два ансамбли што настапуваат еден покрај друг, публиката ќе слушне една музичка целина, изградена од искуствата, изведувачките сензибилитети и уметничката енергија на двата оркестри.

„За мене, посебната вредност на овој концерт е во тоа што на сцената нема да имаме два оркестри кои само настапуваат еден покрај друг, туку два ансамбли кои преку заедничката работа создаваат една музичка целина. Соработката со Камерата ни овозможува да го прошириме музичкиот простор, да ја почувствуваме силата на поголемиот ансамбл и да создадеме изведба во која оркестарот е вистинскиот главен актер. Верувам дека публиката ќе ја препознае енергијата, посветеноста и музичката комуникација што стојат зад овој проект“, вели маестра Ѓурѓица Дашиќ, основач и диригент на „Профундис“.

Вечерната програма обединува четири дела од различни епохи и стилови. Публиката ќе ја доживее возвишената и полифонична звучност на „Фантазија на тема од Томас Талис“ од Ралф Вон Вилијамс, ритмичката динамика и современиот израз на „Последен круг“ од Освалдо Голијов и „Свита за гудачки оркестар“ од македонскиот композитор Стојан Стојков, а вечерта ќе ја заокружи темпераментната и виртуозна „Свита Кармен“ од Жорж Бизе, во оркестарска обработка на Родион Шчедрин.

Од суптилноста на музичките линии до ритмичката енергија и драматичните контрасти, секое дело носи поинаков предизвик и ја покажува ширината на изразните можности на заедничкиот ансамбл.

Со ваквите проекти, „Профундис“ продолжува да ја развива својата уметничка мисија, да воспоставува меѓународни соработки и да ја збогатува концертната сцена со внимателно осмислени музички продукции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евра

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, предложи нов заем од 45 милијарди евра за Украина за 2027 година, обезбеден преку заедничко задолжување на ЕУ со гаранција од европскиот буџет.

ЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евра

Од пакетот, 25 милијарди евра би биле наменети за воени потреби, а 20 милијарди за буџетска поддршка. Средствата треба да покријат приближно две третини од очекуваниот финансиски недостиг на Киев од 70 милијарди евра следната година.

Според предлогот, Украина би го враќала заемот откако Русија ќе плати воени репарации. За одобрување е потребна едногласна поддршка од сите 27 членки, а противењето на Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија може да го забави договорот пред европскиот самит следната недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер