Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа - Канал 5

Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа

Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа, се сомнева дали истото важи и за Грција.

Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа

Под наслов „С.Македонија-Гордана Сиљановска: Се однесуваме многу одговорно кон Договорот од Преспа, се сомневам дали истото важи и за Грција“, грчката новинска агенција АНА-МПА ги пренесува ставовите на претседателката изнесени во вчерашното интервју, текст преземен од голем дел од онлајн изданијата на медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

АНА-МПА пишува дека „претседателката на С.Македонија, Гордана Сиљановска, тврдеше дека нејзината земја во голема мера ги исполнила своите обврски кои произлегуваат од Договорот од Преспа, додека изрази сомневање дали истото може да се каже и за Грција“.

-Барам разбирање. Го имаме Договорот од Преспа. Се смени Уставот на нашата земја, ги сменивме нашите документи и за надвор и за внатре, дури и шахтите ги сменивме. Но, кога постојат две страни во Договорот, треба и другата страна да покаже кооперативност. Јажето има два краја и обично двајца го влечат. Мислам дека многу одговорно се однесувавме кон Преспанскиот договор, ги исполнивме нашите обврски дури и пред да истечат роковите, но не сум сигурна дека истото го стори и Грција. Таму ќе слушнете да велат „Скопјани“, „Скопја“, ќе видите табли со „ФИРОМ“, но не и со С. Македонија. Да не зборуваме за меморандумите за соработка и особено за меморандумот за процесот на пристапување на нашата земја во Европската унија, ја пренесува грчката новинска агенција, изјавата на претседателката за време на интервјуто.

Дополнително, пренесен е и ставот во однос на заклетвата и употребата на името Македонија и нејзиното објаснување дека врз основа на член 7 став 3 од Договорот од Преспа има право да го користи терминот „Македонија“, а целосно е цитирана и позицијата дека „името е најголемиот идентитетски знак и тоа излезе од мене“.

-На прашањето дали во следните пет години (колку што трае нејзиниот мандат како претседателка на државата) ќе остане на својот став и нема да го изговара уставното име на државата, а тоа е С.Македонија, Гордана Сиљановска одговори: Сите знаете дека сум претседателка на оваа држава која според нејзиниот Устав се нарекува така. Зошто треба да го повторувам тоа? Зарем нашите грчки колеги постојано велат Хеленска република или Елада? Не. (…) Ги почитувам договорите. Не е точно дека ги прекршуваме. Некој друг ги прекршува, пишува грчката новинска агенција на крајот од текстот.

Веста објавена доцна синоќа, во целост беше преземена од онлајн медиумите во Грција, кои ја објавија под насловите: „Директна провокација“ од Сиљановска: Покажуваме одговорност кон Договорот од Преспа, се сомневам за Грција“; „Македонија: Го почитуваме Договорот од Преспа, вели Сиљановска, Грција го прекршува“; „Гордана Сиљановска: Се однесуваме одговорно кон Договорот од Преспа, се сомневам дали истото важи и за Грција“; „Сиљановска: Ние сме одговорни кон Договорот од Преспа, но се сомневам во Грција“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Од 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени.

Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале

Убиено е  26 годишно момче во Чаир , потврдија од Министертвото за внатрешни работи. 

Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале

Настанот се случил синоќа околу 23 часот и 30 минути во СВР Скопје во близина на раскрсница помеѓу улиците „Прохор Пчински“ и ,,Војдан Чернодрински“ во Скопје. Пред излог на фирма стоеле 5 лица на возраст од 24 до 36 годишна возраст сите од Скопје, кога до нив застанал мотоцикл на кој имало две лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што се дале во бегство. Еден од проектилите го погодил 26 годишниот А.М. кој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ден на жалост во Непал, потрагата по преживеаните продолжува

Непал денес одбележува ден на жалост во спомен на загинатите во поплавите од 26 август, при што владините канцеларии ги спуштаат знамињата, а членовите на семејствата ги завршуваат ритуалите за жалост.

Ден на жалост во Непал, потрагата по преживеаните продолжува

Денес е 13-тиот ден од поплавите во кои загинаа повеќе од 1.300 луѓе во Непал и Тибет, а околу 5.000 се водат како исчезнати, вклучувајќи странци, според агенцијата за управување со катастрофи на Непал, објавува Асошиејтед Прес.

Во Непал, каде што Хиндусите го сочинуваат мнозинството од населението, периодите на жалост траат 13 дена, во кои блиските членови на семејството остануваат дома, а роднините ги посетуваат за да им оддадат почит.

На последниот, или 13-ти, се одржуваат ритуали за молитва за душите на починатите.

Неколку лица чии членови на семејствата сè уште се водат како исчезнати одржаа симболични погреби со ритуали за жалост.

Владата претходно го прогласи понеделникот за ден на официјална жалост и сите канцеларии ќе ги спуштат знамињата на половина копје.

Во Катманду, членови на семејствата се собраа во близина на канцелариите на премиерот и клучните министерства за да побараат од владата да го забрза спасувањето на стотици луѓе кои работеле во хидроелектраните и биле однесени од реката Ботекоси или закопани под урнатините.

Потрагата сè уште е во тек

Потрагата по стотици луѓе кои сè уште се водат како исчезнати продолжува.

Спасувачите извлекоа еден Кинез од електраната во саботата, а двајца непалски работници беа спасени од електраната во петокот.

Спасувачките напори се повеќе се фокусираат на 12 хидроелектрани, каде што околу 900 работници се водат како исчезнати, а се верува дека околу 500 се заробени во различни тунели, соопштија властите.

Специјализирани спасувачки тимови од Индија, Кина, Јужна Кореја и САД пребаруваат низ урнатините, оштетените згради и тунелите, надевајќи се дека ќе пронајдат преживеани.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер